Не веруваш во насилство ама деца од 2-3 год ги нарекуваш хоштаплери и силеџии. Не оди ова заедно. Не правете од комарец магарец. Ти кажи во градинка распрашај се, но да знаеш дека може обратно да испадне. И мојава се жалеше цела недела на детенце , со име го кажуваше со се, дека ја влечело за рака , дека неа ја болело, дека плачела и ајде реков да прашам, испадна две три девојчиња детево сакало да ги држи за рака и да ги бацува. И реков ако несакаш да те бакне речи му бегај несакам, цел викенд и зборувавме, во понеделникот му рекла несакам и го избркала, па после тој плачеше цела недела демек мојава не го сакала, не му дозволувала да ја бакне. Деца се, треба да се воспитуваат правилно, да не се пропагира насилство, да им покажеме каков треба да е светот, но секоја приказна има две страни.
Јас на родителите на насилното дете од клас вака им предложи да го решиме проблемот, да почнат да го носат по родендени, ако треба и да ги дружиме без потреба попладне. Не излегоа во пресрет нажалост.
Па да силеџии се штом малтретираат други деца без разлика дали се 3 години,13 или 30. Никој не е должен да го трпи туѓото невоспитание или недостаток од домашно внимание. Да дознаам дека мојата малтретира или тепа други деца нема да ми е баш сеедно и ладнокрвно да го препишам на детска игра или размазеност. Побогу не раснам пештерец дома кој утре ќе нема допир со цивилизација. Ќе си сноси последици ако смета дека со кубење и мавање ќе добие нешто во животот. Од друга страна нема да дозволам некој нејзе да и го ремети раатот додека е таму. Играчка може да и земат, да ја турнат несакајки додека играат ми е сосема разбирливо, ја на рамен пат се сопињам, ама на невоспитани деца нема да им биде прегледано кроз прсти без разлика дали се одговорност на учителките или на тие дома што ги воспитуваат ако воопшто некој ги воспитува.
Јас на моево викам не смееш да тепаш ама смееш да се браниш. Ако некој и направи нешто, иди кажи на учителката, ако пак ти направи, направи и ти. До сега не било тоа тепање, обично е земање играчки, буткање, закачање, најлошото што го кажа беше дека ја шутнала под маса. Со оглед каква беше интровертна од бебе, ни најмала намера немам да биде жртва таму. Не смее на никој да му се качува на глава, превоспитана е, со свои уши сум ја слушала како вика на други деца "те молам може сега ова да ми го дадеш малце мене?" дури и кога не знае дека ја слушам, ама нема зашто да трпи ако друг некој ја нема истата култура. Сега последниов месец 3 пати се пожали од едно девојче, маж ми вика ајде реагирај кај учителките, јас му викам немам намера се додека не е тоа баш тепање, подобро ќерка ми ќе си ја учам како да се справи отколку да чекам учителките да ја бранат. Ако може да игнорира, супер, ако не ќе се брани. Само прва да не почнува.
Пред да напаѓаш и навредуваш 3 годишни деца,дознај ја причината зашто доаѓа до тоа и дали доаѓа до нешто такво. Ако имало нешто сериозно учителката ќе те известела сигурно. Мојот е 5 години и неколку дена плачеше дека не сака да оди во градинка дека другарчињата му се смееле дека зборел како мало бебе. Јас што требаше да ги вреѓам децата кога тие не се виновни што родителите не ги воспитуваат дома дека сите деца не се исти. Побарав посебен разговор со воспитувачката и повеќе не се повтори.
Ама зошто ја нападнавте? Па не знаеме може стварно некој и го малтретира детето! Не знам, многу некако двојни аршини, за некои членки одма со поддршка и со бодрење, со Иди до крај! муабет, а на мајкава и се сипавте. Зошто па да дозволи некој да и го тепа детето. Кај нас во градинка едно такво багабонтче точно на 3г скрши рака на друго дете и тоа да знаете на каков насилен начин ќе се запрепастите.
И моето така каснато беше друг го туркал и ми се пожали и советот беше бутни го и ти да не му текне нареден пат да те закача. И сега таа што го гризеше ја бутнал и сега е на дистанца од него некогаш и и играат, но го нема гризнато сега други деца гриза она. Детето што го туркаше и го закачаше веќе не го закача зошто го начекал му седнал на грб и го удрил 2 пати во глава, не е крива негователката зошто баш мм во тој момент заѕвонел и она излегла и баш го видела мојов што прави и му кажала на мм и он и рекол на негователката дека тоа дете го закачало и толку. И сега веќе не го закачаат и сепак секое сабајле пред градинка му зборам ако некој те закача враќај најсилно што можеш а ако те скара некоја учителка ќе кажеш мама така ми кажа да правам, па нека дојде да се објасни со мене која сака може тогаш и таа натепана од моја страна да биде и ќе ја прашам дали е океј да биде тепана зошто на моето дете не му е океј тоа. Во случајов мажот ти убаво ја воспитува.
Епа тоа е од родители што не се замараат за децата и кај нас има во група доста такви и затоа детето ќе си враќа. Највеќе ме иритираат родители кога ќе отидат негде и толку не им се замараат можат и да демолираат се.
Секогаш е до родителите, никогаш не е до децата, јасно е тоа. Кај нас единственото дете бандит што би се рекло родителите го имаа оставено на улица да се воспитува, епа и ќе тепа и ќе пали (во школо имаше понесено ќибрит да пали) и ќе крши и ќе прави глупости, тоа не научило да биде воспитано.
И после во 1 одделение ќе има едно или две деца кои ќе им фрлаат ранци, ќе кршат шишиња и ќе им шкртаат тетратки на сите останати и сите ќе креваат раце зошто во школо не смее ни да го избрка од час, ни од школо, ни да му напраи нешто. Јас на син ми му викам еднаш ако те удри кажи на учитечката. Ако се повтори врати му и нема да му текне. Истото и го кажав и на учителката. И така направи и сега раат е. Ко што е цел 2 глави поголем од другите да го дувне булито ќе летне. Учителката ми кажа дека имаат ептен проблем дека родителите не соработуваат. Ама славеше роденден детето и само едно дете од група му отиде на роденден, па да видите како престана да тепа. Отфрли го булито на страна и ќе му дојде памет. Инаку буткање, гризење, туркање се дел од нормалниот развој на 2 години и треба да се работи за да се надминат. Го поминав тоа кога имаше малиот 2г. На 4години не е нормална фаза.
Третата ревакцина на 18м за ДТПР на малиот е пропуштена сега ми е ептен страв ради појавата на голема кашлица. Дали некој консултирал доктор каква е заштитата со 2 дози. Ми е шубе да го носам во вирусиве, вакцинирате сега деца? Он е цело време со растечен нос, здрав 100% не бил веќе 2г како тргна во градинка...
Мене ми го вратија од пункт МРП кога требаше да прими, па седевме дома уште 10 дена па после го носев пак. Побараа брис излезе моксарела, може има разлика од растечен до растечен нос не викам не.
На пункт ми кажаа тогаш МРП зошто сме оделе да ја примаме дали ја барале во градинка Така што тие не ми се многу од верување и за дтпр може ќе ми кажат не мора ревакцина сега
И на моето му беше пропуштена заради тоа што ја касневме мрп. Потоа си ја дупна главата и моравме итно да му ја ставиме а му беше растечен носот. Ни крвна слика не направивме. Така да мој совет ти е , додека ти е здраво детето однеси го за вакцина. Инаку бебето го носам редовно,сега следнава недела треба да прими трета вакцина.
Се му е во рок ставено со оваа ја утнавме работата и педијатарот пред неколку месеци ми рече уживај можеш до 6г и си спиев на тоа уво и сега паника... па паника. Никој стручен не ти кажува што како да правиш Тенкс ќе го решиме некако
И ние ја утнавме т.е. јас ја заборавив. Мош после 3 месеци ми текна оти фатија одмори. И течеше носот пошто во градинка кога е цело време и тече, им го кажав тоа и ја вакцинираа.
До кога од прилика им се споени групите ради одмори? И дали ги носите сега во градинка, се плашам ради големата кашлица.
Кај нас веќе од средината на минатата недела ги вратија да е секој во своја група. Инаку го носам во градинка редовно.