Нивна грешка е што требале да те известат кога си ја земала дека ја сецнале и да ти дадат добра причина за тоа.
Го запишав девојчето во градинка.Соработува со наставничката ,не е повлечена,при заеднички активности.Сеуште се адаптира. Туку мака ми е ...она многу сака деца ,да си играат.И сите ја одбегнувале.Ја закачале.Пред тоа ја прашав наставничката ,вели супер е ,се е ок.Инаку една недела оди. Било ли вака со вашите,па да ги прифатат отпосле?Многу е срце, споделува ,не е себична, не ги закача ..
Од 2-3 години во нашата група кога беа си имаа децата од јасли група оформена од 16 деца и памтам дека имаше ново дете дојдено и му се имале аипано на него да го тепаат како бандити некои. Тоа е нормално она не одела, не знае како да се однесува со нив, а они веќе подолго време се таму и се по опуштени. Само треба да и збориш ако некој ја закача да каже на учителката, ако некој ја бутне и нека врати со иста мера, а не да седи и да ја малтретира некој. И мојот на 3годони почна поинтезивно да оди арно ама има некое дете што го закачаше и го гризаа му реков турни ги и нема веќе да те закачаат и сега веќе никој не го закача ниту гриза.
Дали има некоја мајка чие дете иде или идело во јасли во 13 ноември, објектот кај Песталоци? Планирам син ми да тргне таму па чисто сакам да слушнам искуства за градинката.
Ме интересира колку траела најдолгата адаптација што сте ја слушнале или пак вас лично ви се случило? Ова не е нормално од септември оди и уште не е со спиење. Не знам кој е повеќе крив дали ќерка ми дали негувателките... ми изгледа дека и двете страни, 50:50...
Sto e pricinata sto ne spie ... Nemoze dokolku vie sakate deteto da me spie... Ako ve znaat deka ste doma i imate plan b sekako ke vikaat ne e spremno. Zatoa ve prashav sto e pricinata.
Можеби глупо прашање ама сакав утре синко да го запишеме во градинка и сега гледам дека треба однапред да се јавиш да закажеш термин за во државна? Не може на лице место? Првпат упишувам дете и немам никој со мали деца близок запишани во државна, ве молам за инфо...
Не верувам дека за пуштање пријава треба термин. Први им бараш пријава,пополнуваш и ја враќаш. Откако ќе ти се јават дека е примено детето,тогаш носиш потребна документација и можеби ќе треба термин за да потпишеш договор. Тоа зависи од градинката
Многу е од септември до сега да не спие. Мене негувателките ми кажаа дека не постои дете што се нема навикнато во градинка, така да.. Дома си? Знаат дали има кој да ја чува? Може и да го искористуваат тоа ако знаат. Терм Термин за пријава и кај нас немало. Онлајн се поднесуваат пријави, па после за документација ѕвонеа откако ја примија.. @Cloverrrr шо бидна, оти ги сецнале шишките на ќерче?
За апликација не ти треба термин, можеби можеш и онлајн зависи од градинка. Ама за да тргне во градинка се и сешто можно е да ти треба дури и врски.
Не е крива ќерка ти, туку ти што ќутиш. Оди денес речи дека ќе ја земеш во 4. Од септември до сега требале да се снајдат.
Ако почнала сега, потешко ќе се вклопи дека веќе се формирани 'друштва'. Син ми е во група од 4 до 5 и децата што одат од почеток се дружат, новите деца потешко ги прифаќаат. Иако кај нив не ги закачаат новите деца, не си играат толку заедно. Не е во ред, ама не можеш да го натераш да со игра со некого ако не сака.
Да не ве цитирам сите посебно. Јас излегов од работа пошто немаше кој да ми ја чува. И почна во градинка на 13м. Моментално не работам. Реков да се адаптира па да почнам со работа, пошто нема кој да ја зема додека трае адаптацијата. Ја оставив неколку дена со спиење, и не спиела, не можеле да ја заспијат. После се разболе и така. И психологот ме викна као наводно многу плачела ќе и требало повеќе време да се навикне. Па дури и се осетив како да ми го води муабетот дека и фали нешто, дали слушала наредби дали си го знаела името и сл. Не знам дали и таа е поврзана со нив, или ова така се погоди ама баш кога ја оставив со спиење беше... За плачка и дома е таква, многу сака по нејзино се да биде. И во градинка така им правела ако некое дете и земело играчка плачела вриштела. Нив ова им било чудно зошто толку детево да плаче. Јас знам дека е мслку поише терсене ја гледам. И за спиење само со мене заспива. Ама викам зарем тие до сега не можеа да најдат начин па нели тоа им е работа... а ваму ми набиваат вина дека аверзија ќе створела кон градинката сум ја брзала адаптацијата секое дете различна адаптација, имало некои цела година биле на адаптација и слично...
Малку ти преувеличуваат во градинкава. Реално има доста деца што се плачковци. Кај син ми повеќето плачат секое сабајле, вклучувајќи го и него. Иде веќе година и пол во градинка, уште си плаче. И он дома не заспива со никој друг освен со мама, ама во градинка си најдоа начин да го заспиваат. Додека беа помали ги тапкаа по газе, по грпче, ги нишкаат, сега поголеми ги залажуваат со други работи. За играчки исто има многу деца кои си плачат. Некои и си носат свои играчки, па не ги даваат, па секој ден е борба, ама научени се учителките, тоа им е работа. Секое дете си е посебен карактер, они треба да се справат со нив. Најлесно им е да кажат дека им треба повеќе време. Колку помалку деца толку помалце замарање за нив. Биди упорна, кажи од следна недела нема кој да ја чува и држи си до своето.
Јас мислам дека те мафтаат зошто си кажала дека си дома. Во нашата градинка еден куп деца тргнаа во септември што плачеа и до сега се адаптирани. Имаше едно девојче исто многу плачеше и и викаа на мајката не може да се адаптира да ангажирате баби за чување и она им рече да имав баби немаше да ја праќам и да видиш како ја адаптираа одма. Мислам дека им одговара после 12 помалку деца да им остануваат и да не се замараат. Мој предлог да им речеш од следен месец почнувам на работа и нема да има кој да ја зима и да видиш како ќе се снајдат одма
Не знам кои се тие по една година на адаптација, освен ако родителите сами не сакале така да биде. Полошо е кога премногу време се адаптира, се учи на тој ред и кога се навикнува дека ја земате пред спиење, уште потешко е да ја оставиш подолго. Правилото генерално е штом се навикне на една фаза, се преминува на наредната. Ако може да седи 1 саат без плачки, следниот ден ја оставаш 2ч. Еве и 2-3 месеца да треба додека стигне до целодневно седење (што е многу според мене), една година е апсурдно.
Деца цела година на адаптација не можат да бидат, значи кај нив е проблемот ако дете им оди на адаптација толку време. Ај излажи си дека почнуваш од февруари на работа и дека мора да останува со спиење. Ова е веќе многу. И психологот ко да не видел деца до сега. Наместо да ти набиваат вина, еве дај и на ќерче играчка од дома некоја шо си ја сака. По-поврзани со дома се осеќале така, шо не ти го каже тоа психологот? Ќерка ми е исто ужасен карактер, негувателката во јасли диазепами ми викаше дека ќе пие од нејзе ама мора да си најдат начин