Децата и градинките

Дискусија во 'Дете' започната од coca, 23 декември 2009.

  1. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.324
    Допаѓања:
    33.660
    Пол:
    Женски
    @Erika.greeneyes само до негователките е, не ја барај "вината" во детето.
    Син ми беше запишан во една градинка, каде негователките беа слични на твоите. Вкупно 17 дечиња беа во група, ама им беа премногу, па бараа начин да се ослободат од колку може повеќе. Ме убедуваа дека за добро и без стрес да се адаптира детето, минимум 1 месец треба да оди по 2ч, на почетокот 15 мин или во превод влези-излези. :D
    Јас сама почнав да зголемувам, стигнав 3 недели до дремката и кога им кажав дека од следната недела планирам да го оставам со спиење, едната ме праша каква мајка сум била, без милост ќе сум го оставела детето после 3 недели да седи по цел ден в градинка. Мајка-немајка реков, ќе ја прашаме раководителката како треба да се одвива адаптацијата за јас да бидам примерна мајка. Си го подвитка опашот, настапи другата. За разлика од твоиве, таа ме убедуваше да барам врски за да го преместеле во поголема група (точно 2г имаше, а одеше во јасли 2 од 18-24м) оти бил понапреден од другите, ќе затупел тука. И на секое земање муабетот беше за гревота, ова дете сака работа, штета шо јас не можам да му обрнам доволно внимание. Еден ден ми пукна филмот и и реков дека бев кај раководителот и дека ми кажа дека не може да се премести детето во поголема група по моја иницијатива (не бев) туку дека треба препорака. Напишете ја препораката, јас ќе им ја доставам. Ааа, не можам јас да пишувам препораки, не одлучувам јас. Нормално :)
    Секое одење детето ми беше в ходник само и плачеше. Како да не плачи ко е само? И кој е виновен шо е надвор од занимавалната? Сигурно јас не го пуштив таму.
    Да скратам, престанав да го носам таму, го запишавме во друга градинка. Одеше 2 недели со песна, ама моравме да го повлечиме дека јас се породив предвреме и дома имавме прематурче. Паузираше 3 и пол месеци, од прв ден кога се врати е како да не паузирал воопшто. После 10 дена сами кажаа дека е супер и ако сакаме можиме да го оставаме со спиење. Од прв ден кога го оставивме си спие, со песна оди, со песна се враќа.
    И ден денес кога се спомни градинка, кажува дека не сака да оди во старата градинка кај тетките х и х оти се лоши, ги сака сегашните тетки х и х оти се добри.

    Изговорите на вашите им се мизерни. Сама си играла |( секако дека сама ќе си игра, до 3 години не знаат да играат заеднички игри. Освен ако другите во групата не се некои посебно напредни деца, па играат не лути се човече на 13 месеци :wasntme:
    А на психологот би му рекла дека сакам да соработува тој со детето. Штом согледува некаков проблем, нека работи со него. Впрочем, тоа и му е обврската.
    Кажи им дека почнуваш на работа следен месец, тоа е што е, тие денови шо се за да ја адаптираат. Ако не им спие, нека ја анимираат додека ја земите од градинка, нивни проблем.
     
    На sani99, Erika.greeneyes, Waverly Raven и 6 други им се допаѓа ова.
  2. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    5.145
    Допаѓања:
    10.534
    Пол:
    Женски
    Да психологот.

    Прво ја смараа учителките, па психологот и се јави абе мал е уште, многу плаче, ќе се разболи од плачење.
     
    На Erika.greeneyes му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.503
    Мојот само во раце спиеше и од 1 година почнав да го носам во градинка зошто ми скисна веќе од неспиење. И замисли јас го носев он среќен задоволен излага дури запрепастена бев и ми кажаа остави го за спиење ако има нешто ќе те бараме верувај дека ме имаа побарано со температура кога беше само и тоа сам во креветче си заспивал. Мене ако ме прашуваш јас од 3 години би пуштила дете кога веќе се разбираат. Еве го сега мојот се ми раскажува кај била учителката дали дошла, дента дали се мешале со други деца и дали имало други учителки која е добра која е лоша се ги издава :) . Имаат во групата и дете што константно им плаче и им рекоа на родителите да соработуваат и што да прават они си тераат по нивно. Верувај не сите деца се за во градинка ти кажа ти Дениз дете би се адаптирало после одреден пеиод ете нека е и месец ама 4-5месеци да е исто не би било до негователките зошто они 25 деца ги вовеле во ред, а исти биле како него.

    И на син ми учителката ако ме види мене и мажот ми обавезно ни вика му тече носот малце повеќе, а дома сув барут му е. А кога одат баба и дедо да го земат ништо не кажуваат затоа и не го земаме со мажот ми зошто ќе треба да се скарам знаат дека има кој да го чува и за растечен нос ќе ми го вратат.
     
    На Erika.greeneyes му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Cloverrrr

    Cloverrrr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2019
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    2.622
    Пол:
    Женски
    А мојава ја направиле малтене како Џим Кери во глупавиот и поглупавиот :D
     
    На Pacient srna, Erika.greeneyes и LiquidLuna им се допаѓа ова.
  5. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    6.376
    Допаѓања:
    31.604
    Пол:
    Женски
    Хахахахахах не бе :rofl::rofl::rofl:

    Моето е ниедна вера. Не е крстена :rofl::rofl:

    @Cloverrrr дај слика у порака жити мене :rofl::rofl::rofl:
     
    На AniSk, Cloverrrr и Erika.greeneyes им се допаѓа ова.
  6. An4e24

    An4e24 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    568
    Допаѓања:
    1.589
    Пол:
    Женски
    Mojata vo jasli odese bez nikakov problem, koga trgna vo prva mala isto kako sto pisuvas, samo placenje. I jas zboruvav, zboruvav, dozboruvav i koga eden den se smena totalno, vesela, si igrala so decinjata, voopsto ne placela. Taka da zboruvajte i, i ne se otkazuvajte, probajte nekako i so nagrada, ili zboruvaj i mama ke bide tazna ako places. Ke se sredi i so tvoeto samo si treba vreme i upornost.
     
    На Erika.greeneyes му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.549
    Допаѓања:
    8.557
    Пол:
    Женски
    Да ама мојата има 17 месеци не разбира до толку да и кажам со награда и слично.
     
  8. Cherry79

    Cherry79 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 март 2021
    Пораки:
    1.216
    Допаѓања:
    1.735
    Пол:
    Женски
    Разбира верувај, дента можеби нема , ама по 3 дена ке разбере. Мора да бидеш упорна и да зборуваш, не прекинувај со зборување. На таа возраст нас ни беше награда бисквитче.
     
    На Erika.greeneyes му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Cloverrrr

    Cloverrrr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2019
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    2.622
    Пол:
    Женски
    Немаш поракаа неможам ти пуштам :D
     
  10. zemzela91

    zemzela91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2020
    Пораки:
    332
    Допаѓања:
    273
    Пол:
    Женски
    Малку ќе бидам оф топик, ама може да ми предложите што им спремате на деца од 3 и пол години за ручек во градинка? Градинката кај што ќе оди функционираат со сопствено јадење од дома. Ви благодарам :)
     
  11. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.855
    Допаѓања:
    109.958
    Пол:
    Женски
    Тоа само мајките од странство може да ти кажат, оди во темата Мајки германки мислам беше
     
    На zemzela91 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Sil_Pe

    Sil_Pe Активен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2023
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    24
    Пол:
    Женски
    Мајки дали знаете работно време на градинката Калинка во стар аеродром и бамби позади тобако 2? до кога најкасно може да се земат децата?
     
  13. azelea

    azelea Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    3.636
    Допаѓања:
    15.784
    До 18 часот се сите клонови на Срничка,до тогаш има дежурни,само обично кај нас барем до кај 17:15 се земени сите,јас најкасно барем тогаш сум ја земала
     
  14. Mari-Li

    Mari-Li Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2011
    Пораки:
    1.338
    Допаѓања:
    2.920
    ја шишале во градинка?????
    Леле cloverrrr си свртела на смешка, алал да ти е на позитивноста.
     
    На Cloverrrr му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Cloverrrr

    Cloverrrr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2019
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    2.622
    Пол:
    Женски
    :nod::wasntme:
     
  16. Irina123

    Irina123 Нов член

    Се зачлени на:
    28 мај 2023
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Здраво , се мислам во која градинка да го запишам детето. Кога ќе тргне би имал година и шест месеци. Дали може доколку имате искуство со некоја од овие градинки да ми кажете од која сте задоволни за вашето дете ?

    Градинка Срничка
    Објект Калинка
    Објект Црвенкапа
    Објект Изворче
     
  17. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.546
    Допаѓања:
    7.333
    Пол:
    Женски
    Ми текна, како оди префрлањето од една во друга група? Мислам од помала кон поголема.

    Кај нас во јасли се до две години. Кога ќе наполни детето две, во било кое време се префрла во поголема група или само септември/јануари се во пракса оформувањата на групи?
    Далеку сме ние од тој момент, само информативно прашувам.

    И друго прашање, дали на воспитувачките се купуваат подароци за 8ми Март?
     
  18. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.503
    Ние им имавме земено за 8ми март знам дека група тогаш оформувавме и со симболична сума дававме.

    А за префрлање во нашата е од септември цела група се префрла само што воведуваат плус уште деца ако во јасли биле 15 сега 30 се.
     
    На Miss_S му/ѝ се допаѓа ова.
  19. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    1.232
    Допаѓања:
    7.795
    Пол:
    Женски
    Знам дека е поминато доста време од дискусијата, но би сакала да споделам неколку реченици на оваа тема, па може и ќе ти помогне нешто.
    Дали можеби си размислила да ја одбиеш ќерка ти од цицање?
    Кај нас во градинка, уште веднаш ме прашаа дали дојам. Според нив, тие деца потешко се адаптираат на заспивањето во градинка.
    Велиш без тебе не спие и заспива со цицање. Без разлика колку се обучени, замена за мама и нејзината града нема.
    Не знам како стоиш и се чувствуваш на таа тема, но можеби таа опција ти е најдобра.
    Што се однесува до адаптација, кај нас, детето ми се адаптираше уште првиот ден. Со спиење. Но, јас, знаејќи дека ќе оди во градинка, таа рутина на доење за заспивање ја прекинав. Сега и заспивањето со секој и секаде е многу полесно.
    Сепак, останува на тебе да размислиш и да донесеш одлука.
     
  20. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.397
    Допаѓања:
    18.643
    Како го заспиваше детето?