Секогаш е најтежок првиот ден кога правиш промена и заменуваш навика. Ќе има плачење и протестирање. Почнав со гушкање и нишкање, па дојдовме до легнување заедно и лежење во кревет, па последно тапкање и пеење. Не заспива се уште самостојно, но веќе и маж ми може да успива, а во градинка со мала помош со тапкање исто заспива. Следна мисија ми е таа, заспивање самостојно. Само кога веќе си решена на нешто, не смееш да попуштиш, одиш до крај и ќе има успех. Сепак до една годинка млекото е најбитна исхрана, после веќе може да внесува млечни производи.
Мајки син ми правеше пауза од градинка месец ипол. Сакам сега повторно да го пуштам да оди ама сакам да земам некои витамини за имунитет нешто. Дали може да ми препорачате кои да ги земам, капки, сируп или било што? Моментално само д3 му давам и диастоп пробиотик а во цедено сокче неколку пати неделно му ставам маџун.
Јас почнав Дефендил и витамин Ц. Неполн месец давам и не сум видела сеуште некој ефект. Се надевам бар до кај Март/Април некој ред ќе фати, а и помалку ќе настинува.
А зошто правеше пауза, беше болен? Јас па ништо не давам, толку се осеќам неубаво кога ве читам што се давате. Му доаѓа како неодговорна да сум. Ама не сака ништо да пие ќе треба секое давање да биде на сила со шприц. Ќе гледам да ги набавам вигантол капките барем тие немале вкус па да внесува д3. Инаку другиве како на пример пливит ги осеќа. гледам во каша некако да и ги подметнам ама после таа лажица веќе уста не отвара да јаде.
Моево настинува многу често од кога е во градинка. Витамин Д и омега давам од раѓање, не сме прекинати. Дополнително вклучив витамин Ц пред да тргне во градинка. После роденденот и Дефендил. Искрено не гледам некоја разлика ама ќе и го дадам скроз како што е дозата да пие.
Константно болен беше, една недела во градинка 2 дома, па еднаш до инфузија стасавме, вториот пат алергија од атб појави па пак инфузија поради алергијата и едноставно сакав малку да здивне.. А и ние секој пат со него се разболувавме па цело време и боледување користев. (До сега можеби 4,5 пати ни бил препишан атб пошо реално од септември не знам колку пати беше настинат и му дадов само еднаш и појави алергија). Има кој да ми го чува па затоа искористив малку да се потсмират вирусиве па сега здравје пак планирам да го пуштам. Инаку од многу мајки сум слушала дека џабе даваат суплементи, витамини и слично, пак се разболуваат нема зошто да се чувствуваш така неубаво. Д3 и диастоп кога давам е војна ама му најдовме тактика со маж ми прво му го давам шишето со водичка и кога ќе отвори уста да пие одма му подметнувам лажичето со капките
Прв ден во градинка, како смо се надали добро смо се провели. Влезе без плачки, таму си поплакал, што од солидарност, што од ново што му е, здраво право дете нормално е да плаче. Сега пак ќе ме убие радозналост што прават таму ама тоа е. Утре пак пола саат да пробаме. И заспал на мајка ми, седејќи на кревет, од туга што го дадовме во непознато на цели 25мин.
Јас од дефендилот можда сега видов дури рез ама трето шише и е и толку кажа матичниот пауза. Мрсоли и поткашлување има нон стоп не викам не ама антб од ноември нема пиено, што е напредок по мене мислам. Ќе видеме како ќе е, а може не е ни до него кој ќе ни каже
Здраво мајки, ако може совет бидејќи немам искуство, во октомври би требало да се вратам на работа (ќерче ќе има годинка и еден месец) па да ве прашам кога е најдобро да ја пуштам во градинка(со оглед на тоа дека потребен е период на адаптација) ? Дали од септември, октомври или па порано? на ексклузивно доење сме засега, за некоја недела надежно почнуваме со воведување храна.
Мајки, во менито на нашата градинка за појадок даваат: фрутолино, чоколино. Чоколино му имам дадено но не прифати. Фрутолино е баш фрутолино на подравка-лино? Морам пред да почне да пробам дома да му го дадам вкусот.
Втор ден, иста песна. Ко за беља сама неговата негователка, а овој љуби га мајка у раце сака, вика ја остави го он плаче, земи го прекинува. Утре ќе и кажам да го носи со одење, не во раце, за да не и седи у раце цело време.
Од мое искуство, пуштија порано барем еден месец пред да почнеш ти на работа, да има доволно време да се навикне на градинката, да не и дојдат многу промени наеднаш. Кај нас јас почнав на работа, а бебето во градинка истиот период и адаптацијата многу тешко одеше, ама немав друга опција, мораше така да биде.
Негувателката во јасли за ќерка ми викаше полесно ми е да ја држам отколку да ја слушам како вришти. А и реков остај ја, не е само она во градинкава вика ко ќе ја уклучи сирената.. не е за оставање