и јас некако сум највеќе за таа опција затоа што не би имала никаква помош тој период а и не би имала опција да излегувам од работа ако има потреба..
Утре планирам да ја запишам малата во градинка, освен лична карта дали треба да се носат други документи или другото се носи кога ќе го примат детето? Потврда дека сме вработени?
Провери си на веб страната на градинката. Кај нас се пополнуваше пријава онлајн, па кога ќе тргне детето се носи лична карта, потврда од работа за двајцата родители, вакцинален картон, и потпишани 2 примероци договор.
Мајки здраво, Дали некоја има искуство со Бекерова циста кај дете и за колку време ќе се повлече. Каков совет сте добиле дали да се движи нормално или да мирува? Јас го приметив во април минатата година и уште не му е повлечена, дури и му порасна. А почна да се жали на болка во ногата кога оди
Треба да пријавиме бактерија ако има малото во градинка? Ние секако нема да идеме додека прима антибиотик, и после со чист брис ама многу ми е страв да не му се врати после пак
Не, ако пријавиш може само да ве малтретираат за контролни брисеви нонстоп. Нема правило дека треба да се пријави. Чисто да знаеш, најчесто пак фаќаат бактерии за брзо.
Убаво би било да пријавиш ако е пиогенис за да проверат останатите, другите бактерии секако се вртат нонстоп.
Има ли градинка во Скопје што нема телевизори во занимална? Дали приватните градинки имаат телевизор? Дали телевизорот би бил фактор за да смените градинка? Многу сум разочарана од образовниот систем и од воспитувачки и од се, а тек сме на почеток...
Denes imavme roditelska prv pat vlegov vo zanimalna ne vidov tv. Od tehnika samo radio imaa...prijatno se iznenadiv
Не е проблемот да имаат тв, него како се користи. Не би менувала градинка само заради тоа, ама еве на ќерката групата на 5год им пуштале телетабиси. Никаква смисла нема тоа, и да гледаат цртани, има 300 други што би биле подобар избор, ама и онака нешто многу не се замараат па не ме чуди ни изборот на цртан. Со оглед дека имаше потешка адаптација, релативно е повлечена и има мал круг на другарчиња, не би менувала градинка иако не сум нешто задоволна од образовниот аспект. Битно си ги сака учителките, убаво си поминува, ќе тераме вака уште една година.
Има и такви градинки каде што нема телевизор во занимална. Во Кочо Рацин на пример немаат, имаат во ходникот само. Не би требало да смениш градинка поради телевизор, но поради начинот на кој го користат можеби треба. Ако цел ден зјапаат во телевизор тогаш е проблем, но не да смените туку да реагирате како родители да престанат да им пуштаат.
Повеќе би рекла дека треба групно да се пожалат дека не се користи соодветно или пак да биде отстранет.
Како би знаела дали гледаат и што? Децата се година и пол, премногу се мали. Учителките викаат дека се е тоа корисно и дека учеле со телевизор. Како може да биде корисен телевизор за дете под две години не разбирам никако.
А тие мислат дека нафта пиете вие или што? Самите се свесни дека гледање тв ќе ги отупе. Наместо да пуштат надвор да играат, внатре да им биде интересно.
И во Ѓорче нема телевизор мислам. Евентуално ако има во сала. Во јасли па ич па нема. Корист на годинаипол од тв нема, само штета, зборам за цртани. Песнички да, и јас пуштам, он си игра тие во позадина баботат на македонски, евентуално српски пиличи, ако видам дека се загледа гасам. И турски серии со мајка ми, никако да се одвикнеме од тие турски серии по цел ден ама тоа е.
По салите мислам дека имаат каде што прават приредби. Ама кај нас е ЈНА твто не е ни упален на страна зафрлен може и нефункционален.