Јас купувам секогаш. Им купив и за нова година и сега исто планирам за 8ми март. Знаеме сите дека тоа им е работа и земаат плата, ама јас сум им преблагодарна што убаво ми се грижат за детето и нема да се осиромашам ако потрошам еве 1000ка рецимо, макс. А нив и те како ќе им значи. Бев наставничка, знам. Јас планирав нешто од Зиа, бидејќи ги гледам дека носат накит, некои менѓушки или алка. Цените во Зиа се од 400-1500 ден макс, што значи не би потрошила повеќе од 800-900 ден од восиптувачка/негователка. Колекции се исто така добра идеја, цвеќе некое саксиско убаво како орхидеја, драцена, замија, не ружа или каранфил. Јас бев наставничка и ми се лоши од ружи и такви слични цвеќиња. Благо не би купувала, тоа е нешто што ќе се изеде за 2 мин, и нема да остане во сеќавање. Исто новчаник, марама, нешто шминка ми се океј подароци за учителки.
Нели вниманието беше битно, сега и видот на цвеќето треба да го размислиме сериозно. Некој може нема да одвои 1000ка по учителка, тоа не значи дека не ви е благодарна. Зошто некое дете да носи скап поклон, а друго да се срами што ќе дојде со едно каранфилче пошо родителите толку можеле да си дозволат тој месец? Срамота стварно. Поклони очекувајте си од домашните, не од децата кои бтв ви е платена работа да ги чувате.
Во групата на моето дете ќе се собира групно пари и ќе се земи симболично цвеќе и ваучер. И тоа сума од 200 денари по учителка. Многу или малку, некој може и нема повеќе да си дозволи. Друго за градинките, дали кога има роденден или пакетчиња за децата ви ги оставаат учителките во шкафче? Кај нас не се случило досега. Пример ќерка ми може пропуштила 2-3 родендени ради настинка/грип. Гледаме слики од прослави, дека имало пакетче донесено, даваат само на присутните, на отсутните, не. Во случајов кај мене е 1но годишно дете и ни ќе бара, ни е битно дали имало или не, за неа. Меѓутоа да е поголемо, што знае да бара и разбира, претпоставувам може и да треба да им се остава, па кога ќе оди, да си земи.
Во јануари беше 5ти роденден на ќерката, болни деца еден куп, повеќето пакетчиња ми ги вратија. Со оглед дека повеќето такви роденденски пакетчиња се со храна, разбирам зашто не ги чуваат, сепак може детето после 2 недели да дојде следно во градинка. Јас сум и покажувала и слики како слават во градинка кога она не била, едноставно објаснето и е дека зошто е болна и не е таму, нема да учествува и тоа е тоа. Мислам дека полоша ситуација е кога следна недела она има нешто во шкафчето што ниедно друго дете нема. Деца се, забораваат дека и они добиле претходно, и очекувано би ми било да направат поголем проблем во тој момент.
Не. Најчесто тоа е храна и затоа не оставаат, шо ми е логично. А и да бара, ќе и се објасни дека не била во градинка тогаш, за наредниот роденден ако се погоди таму ќе добие. Па и во овие година и пол шо оди ќерка во градинка, само еден роденден има начекано и тоа минатата недела
Од роденденот на ќерка ми, фалеа 5-6 деца, пакетчиња не ми вратија воопшто. Не е ни битно, може и на други деца поголеми ги дале или ако некој родител дошол со друго дете. Општо ме интересира каква е праксата. Некогаш гледам на слики, само тортици или смоки донесени, претпоставувам дека им ги даваат веднаш да ги јадат. За вака пакетчиња баш другарка чие дете е во Ск во градинка ми кажуваше дека кај нив оставале во шкафче, па мислев да не е пракса честа тоа. Баш и дека храна, кога отсуства подолго да не треба да поминувам да земам.
Не бе не можам да го сварам размислувањето "платено им е да ги чуваат децата, зашто да им купиме некое поклонче?!" Мизерно. Тие жени секој ден ни ги чуваат децата по 8/9 саати, се борат со 20+ тодлери (мене едно дома ме скренува) ја работат една од најтешките и најважните работи во едно општество и земаат мизерни плати. Па толку ли ќе се осиромашите 500 ден у годината да одвоите за еден поклон да им купите бе мајку му?? А не дека немате, него ситничарите за глупости. Па последните ќе ги дадам од срце, бидејќи стварно сум им благодарна. Гарантирам дека 90% од жените тука таа сума ќе идат ќе ја плукнат у ДМ без око да им трепне за најголеми глупости, ама за поклон за учителката што им го учи детето да црта, брои, што го рани и менува пелени и што го чува за тоа неее, многу е. Абе јадничко. За ружите и каранфилите го пишав тоа бидејќи ми е најклише поклон, а ако веќе гледаме така има маскари и кармини по 100 ден, коишто исто така ќе бидат доста убав поклон у истата вредност како ружата или каранфилот. Муабетот воопшто не беше у контекст дека треба да се купи скап поклон за да се покаже пред учителките, ама нели тука се собрани сите морални кралици на вадење зборови од контекст. Уживај срц, никој не ја работи оваа работа за вашите поклони, и дур бев у настава најдраги ми беа рачно изработените честитки од учениците. Уште си ги чувам иако 5 години веќе не сум у образование. Сигурно не ги селектираме децата ние по сумата потрошена за поклон за 8ми март. Членката побара идеи за поклон и јас набројав неколку што мене ми се допаѓаат, а она секако ќе си избере тоа што и се свиѓа и што и е во склоп у буџетот.
Па и пребирање на поклони, што било добро што не било, благо не чинело, шминки и новчаници може, "симболично" 900 денари од негователка. И осми март ли стана експонирање на статусен симбол?
Па после ова да земам кармин од 100 денари да купам? Не сум будала, ќе одам на сигурно, орхидеја ќе купам. Кога ние бевме деца, учителките и наставничките добиваа цвеќе и рачно напишана честитка, имавме далеку подобри и понасмеани просветни работници. Ај да не се враќаме назад. Ти значело, нормално дека ти значи да добиваш материјални поклони, зошто не ме чуди? На доктор кога одиш стално со поклон одиш? Во било која институција носиш поклони? Или на тие места ок е размислувањето ‘платено им е’? И крај краева, злато купи и ако сакаш ама според мене не е во ред да се даваат скапи поклони во градинка или школо, можеш едноставно приватно надвор да го дадеш. Се знае што е секој поклон што ја надминува симболичната сума.
Нас наставничката од прво до четврто ни бараше златно ланче, па следната година златна алка да и одговарала. Ова беше пред 20 и кусур години. Така да нема порано, покасно, од човекот зависи дали ќе ситничари или ќе биде благодарен. Мене лично ми е убаво кога давам поклони општо и сметам дека заслужиле да добијат некое мало внимание, бидејќи се супер со ќерка ми. Негователката е со нејзе од 10 месеци и е најскромна и најдобра жена што сум ја запознала. Сепак сметам дека не е во ред да се купуваат ташни, накит, ваучери. Тоа со ваучерите ми е нешто најнонсенс. Нешто од срце ми е ок. Јас за Нова година од мерак и купив поларно ќебенце, ни јас се потрошив, ни она се обогати ама ете убаво ми да споделам нешто од срце со луѓе кои сметам дека заслужиле.
Абе едни подобри и понасмеани просветни работници у наше време што имавме. Ни маваа заушки и ни всадуваа страв у коски и одбивност кон предметите што ги предаваа. Или имаше чиста споротивност, тотално незаинтересирани. Баш кога работев у просвета со тие наставници од стара гарда, тек тогаш видов колку се уназадени и останати назад у времето, исфрустрирани од децата и захтевни родители, со одбивност кон сите нови трендови во наставата. Новите генерации на наставници се далеку подобри, попотковани со знаење и пофлексибилни за работа. И најважно од се, со многу повеќе елан и желба за работа. И во мое време ние на наставничката и купивме златно ланче, ваучер за у салон за убавина и слични нонсенсови. И да ти одговорам, у сите други институции не идам со поклони, ама па и тие не ми го чуваат најмилото секој ден а и далеку поплатени се од наставниците, воспитувачите и негувателките во градинките. Јас поклон секако нема пред сите јавно на бина да им врачувам за да се "покажам." А тебе извини вака не ти е убаво некој на работа поклон ко ќе ти даде бидејќи е задоволен од твојата работа? Или ти скроз алтруист си?
Низ годините сме имале и барања од наставници што да се купи, а сме имале и такви што повеќе од цвеќе не прифаќале. Ова кога јас учев. Конкретно за во градинка, еве прва година ни е барем за моево дете. Ми се допаѓа фактот со заеднички собирање средства затоа што не е огромна сума, дури и минимална е кај нас ама е за секој да може да си ја дозволи. Инаку никој не ме спречува мене и плус во плик што се вика, ако сакам да и дадам и 100евра на воспитувачката. За носење подароци еве и 8ми Март нека е конкретно, сигурно ќе се сретнете со барем 1-2 родители на оставање на детето и сигурно ќе погледнете дали и што носат. Ако јас однесам симболично подарок пример украс по 300 денари по учителка, а мајката која после мене остава дете носи по 1на орхидеја, колекција и марама пример, нема ли јас да се чувствувам понижено, дека давам премалку, дека моето дете ќе го гледаат помалку, ради евтините подароци и сл. Факт е дека децата поминуваат и по 8-9 часа со учителките, факт е дека може платите им се мали, ама уште поголем факт е дека родителите не се тие кои треба да надоместат за нештото.
Некако не ми оди во иста реченица дека даваш/добиваш подарок заради благодарност, а во исто време тој што го прима подарокот воедно и го очекува... На наставнициве во основно како им искажуваат благодарност родителиве не знам, изгледа само на наставничките се благодарни. И така, се чудев ко мала зошто мајка ми не го сакаше 8ми март, сега ми е јасно, бљувотина од прекрасен ден имаат направено. И буџетов од 500-1000 денари воопшто не е за занемарување, свестете се каде живееме и каква криза преживуваме, не што ќе осиромашат луѓе за 1000 ден, ќе немаат јадење 3 дена за 1000 денари, некоја си таму мајка нема да доручкува за да купи каранфил од 150 ден... упс клише беше тоа.
Што ќе праите со толку новчаници, марами и колекции баш ме занима… Лекарите не ни го чуваат најмилото, ама еве ни го лекуваат, тие во администрација изводи ни даваат, многу си земате за право во најболната точка да гаѓате кај родители. Честитка и прегратка е сосема доволно.
И мене баш ме занима што ќе им праите на тие огромни суми пари што ќе ги заштедите што нема да им купите поколон на учителките. Па и не е баш исто некој полуписмен што извод ќе ми издаде и ќе го искуца за 5 мин, и негователката што ми го чува 8 саата детето, 5 дена во неделата. А и доктор не дај боже секој ден да ми го лекува детето и него ќе му купам нешто од благодарност. И очигледно погодив у најболната точка - парите.
Исто време и лани се разви темава за 8ми Март. Јас сум исто во образование па искрено ќе кажам за прв пат лани бев класен раководите и кога моите ученици за 8ми март ми поклонија една ружа и една бонбоњера страм ме фати и неугодно се осеќав, не знаев дури како да им се заблагодарам. Во градинка кај детето се договоривме цела група по 100ден( за двете заедно толку, не посебно) да даваме за учителката и негувателката. Ќе се надоврзам на членката за новчаник и цвеќиња, многу е лесно да кажиме дека нема да се осиромаштиме ако дадеме 500ден ама тоа е така ако имате 1 дете ама ако се 2 или 3 тогаш тоа се многу пари.