Јас да имам толкава сума на пари нема детето да го запишам во државна градинка туку во приватна. Кај нас во градинка ЗАБРАНИЈА за родендени да се прават хартиени торти итн само благо и сокче ако има росителот зошто некој и нема тоа да го направи. Замисли едно дете има, а другите да му завидуваат не чини. Плус јас ако би штедела пари би штедела на детето роденденот да му го направам убав, а не на учителката. Ако се 2 учителка и негователка просек 900 ден по човек тоа се 1800 денари извини ама со тие пари 15 дена меао дома дете ќе ми јаде, а не да му кратам на него. Екстра на сето ова размисли колку од родителите земаат минимална плата и едвај врзуваат крај со крај ќе кажеш сега а детето може да носи патики од 3000 денари. Да детето ќе носи патики за да не му се искриват нозете па после 3000 евра да дадам за да му ги оправам. Да не ги коментирам 90% од учителки и наставници што викаат болно е детето со мрсули било или многу прдело за да имаат се помалку деца да можат да седат и кулираат.
И ова треба пракса да биде секаде, ни сок, доволно е по едно чоколатце за дете како ние што правевме кога бевме деца.
И во нашата градинка забранија хартиени торти,благо...,само овошје да носиме и свеќичка,да прослават таму скромно.После си ручкаат таму од овошјето. За 8 ми Март,еве ова ќе ми биде 3 та година,ружа даваме само.Мала пажња,што би рекле браќата Срби.
Уште ми е во глава кога на учителката од 1 во до 4 то , сите среќни носиме цвеќе за 8 ми март и она лута ги собира и во цвеќарата на автобуската ги препродава. Мислам дете си ама свесен си и онака баш криво ти е, а со мерак си го дал. Тогас цвеќиња дававме. Деугарка имам што работи во градинка. Па тоа што се не се носи. Па она се тоа не го чува, си го дели по луѓе. Не ги чува за неа, освен некои ептен осетливи и сентиметални поклони. И префрлуваат. Знам за една чие дете беше кај неа во група, каде искоментира троши пари на се и сешто, по едно цвеќе не купи. Чуваат деца 8-9 саати, не им е воопшто лесна работата, ама нема потреба толку да се трескаме со скапи поклони. И со едно каранфилче она би била најсреќна ако е жена нематеријалист
Све светици се собравте, алал. Не дај боже некој да има различно размислување од вашето, одма ќе се соберете порота морални судии и ќе кажувате како ова чинело или не чинело и вие како ете правилно постапувате. Со 1800 ден на денешно време можеш да јадеш 3 дена макс, 15 сигурно не. Ама ајде за драмски ефект нека ти биде. И никој не рече дека родителите што се на минималец или што немаат дека треба да купуваат БИЛО ШТО. Ама сите се фативте за нив, демек еве вие сочувствувате и заради нив нема да купите на учителката ништо, за они да не се чувствуваат неугодно. Од толку што е криза у државава пуни страни има гардероба и играчки купувани на децата секоја недела у темана Последно што купивте за децата/бебињата или ватевр. Брендирана гардероба и монтесори играчки по 3000 ден од играчка мин фрштат, ама не бе кога треба да се одвои за учителката секогаш било проблем. Да потенцирам пак, не зборуваме за тие што немаат да купат (тие и купуваат) него за вие што можете да купите ама ситничарите и паламудите тука Како они плата земале што иам ја да им купувам. Сега некоја светица тука исто може ќе ги спомне и гладните у Африка, па затоа ние ете не треба да им купиме поклон на учителкава, од емпатија за тие деца и луѓе таму. Јас бар сум реална, а вие продужете слободно да глумите морални компаси тука, nobody's buying it.
Тоа е мизерија тешка, ама секакви луѓе има. Тука сите си ги извадија муабетите од контекст ама нејсе така им одговара за да се чувствуваат подобро за самите себе. Не знам кај спомнав дека МОРА скап поклон, кажав само јас што би купила и што ми се допаѓа мене како идеја за подарок. Каранфил и ружа не сум ги сакала од никогаш како цвеќиња и дец ит. Многу поокеј ми е еден кармин рецимо за истата сума како каранфилот. Не скапо, само нешто што подолго би го користела жената. Ништо не е погрешно ни малку да се купи, и тие што имаат минимални примања ќе купат (знам мајка ми како двоела ко сме биле мали), ама овие што имаат е тие се тие што ќе фатат сега да штедат и да зборат како сме во криза, па како некои луѓе немаат да јадат и слично. А истите тие глава сечам дека утре ќе идат и ќе плукнат 2/3000 ден у ДМ на тотални глупости или на гардероба, ама кога ќе дојде 8ми март е не, тогаш 100 ден се многу, наставничкава зима плата од цели 24.000 ден (незз ни толку дали земаат) за што ни праи човек од детето, што го чува, пресоблекува, рани, заспива, учи. И многу и се тие пари, не заслужила ни едно цвеќе од 200 ден да и дадеме. Е тоа беше муабетот а не дека треба да идеме сите да им купиме злато.
Не си воопшто реална. Зошто да очекуваш и да МОРА нешто да се купи? Кое е тоа правило? Со закон некој? Затоа и ви ги ограничија поклоните за 8ми март колку треба да чинат максимум дека не пребирате? Ако ви даде цел клас една ружа превртувате очи па како тоа можеле. Не си ни свесна дека има луѓе што врзуваат едвај крај со крај тешко на тие деца на кои предаваш. Само тука го има ова да мора да ги китиме докторите,учителките. Можеби треба да вработат само учители за да не се караат наставничките и да се осеќаат понижени ако една добила злато од класот, а другата набрано цвеќе од ливада. Вас ве интересира само што поскап поклон тоа подобро. Ти наместо да ги учиш децата да научат да делат нешто со другарче да му помогнат на тоа што нема. Ти буричкаш во туѓ џеб и на тој што има и на тој што нема. Јас плаќам за градинка и школо и ти за тоа земаш плата драга моја. Ако јас сум му купила на моето дете скап поклон тоа е за него. Зошто ти како учителка не им дадеш поклон? Зошто не купуваш бришачи,тоалетна хартија,сапун за во школо, зошто им бараш на децата? Сепак нели тоа е минимален трошок кога ти седиш по кафани и кафичи ручеци тераш па морска храна, а онде се циганчите за гз папир. Срамота! Чисто за информација дека јас донирам облека и обувки не ги оставив нигде зошто чекам соодветно семејство што нема буквално ништо за да ги подарам, а да не ги продадам. И секојдневно помагам на децата што лежат на хемофилија. А за таквите како тебе ни 5 пари не би дала. Државата не ви дава ружа од родителите ќе бараме да се китиме. Засрами се.
Охоо срцка кај нас у група родителите секој месец се со идеи за да се купуваат телевизори за у градинките, па играчки, па последно имаше нови столчиња да сме купеле. Собираа по 700 ден за телевизор и се тепаа да бил поголем, за децата станувало збор. Е тоа е нонсенс. Не ми е нонсенс да купам подарок за 8ми март. И прашањето на членката беше дајте ми идеи што да купам, што значи секако жената планира да купи и ќе си купи тоа што и е во склоп на буџетот. Не е лошо ни малку ништо, мизерни ми се само размислувањата дека учителките плати земале што има ние поклон да им купуваме.
Па реално, 8 Март не е ден за поклони купување, ако толку сакаш можеш било кога да купиш, не мора баш 8 Март да биде. Само го деградирате значењето на денот на жената, да се обележи доволно е еден цвет, макар ружа или каранфил, па и рачно изработена честитка од страна на детето. Оние што вистински работат со децата и ги сакаат ќе бидат задоволни и со тој знак на внимание, дури и повеќе ќе им значи тоа отколку да им купиш нешто поскапо.
Знаев дека си светица и ти. Јас не сум наставничка веќе, а кога бев си купував сама брисачи и креди и не ги терав децата да собираат пари. И ти од кај дојде до заклучок дека сум превртувала очи на добиена ружа? Дојде, ме виде? Или генерализираш за да си го потковаш муабетот демек ние наставниците не чиниме, материјалисти сме. Да еве, баш водев список за кој што ми донел и на тие што ми носеа поскапи поклони им ставав 5ки и бев понаклонета кон нив. И драга моја и јас сум живеела од минималец и сум купувала поклон на тој што сум сметала дека треба да му купам, како на пример на наставничката. Не сум била нешто посиромашна заради тоа. Не е закон дека мора да се купи, гестот и вниманието се убави. И од кај дојде до заклучок исто дека децата не сум ги учела да делат и да бидат емпатични? Исто, ми дојде на час и ме виде што правам и што ги учам? И бтв со децата и со наставниците сме собирале донации и сум двоела од тогашната моја плата која била минималец (пошо бев под договор, без решение) за лекување за детенце од друг клас, и за многу други дечиња кои живееја од социјална помош. Неам намера да набројувам, ниту да ти се правдам, бидејќи очигледно читаш и толкуваш како што ти одговара.
Грешка направи што кажа дека си била просветен работник. Коментарот од уста на родител и од уста на учителка за тоа каков поклон е најдобро да се купи е скроз различен контекст. Не ти го извртеа муабетот, поголем дел од наставничкиве едвај чекаат 8ми март за да добијат поклони и тоа пребираат. Па мене ми се гади од тоа, мене ми е стрес кога ќе дојде денов. Платите сигурно не се 24.000 и не работат за минималец. Ако сакаат промена нека ги замолат родителите на 8ми март да не им носат подароци, наместо тоа да не ги носат децата, а они да си излезат на протестен марш ако сметаат дека се потценети во општеството. Некако повеќе мислам дека тоа може да има резултат, отколку поклониве, ама не, сепак е поважно да соберат што е можно повеќе новчаници и кармини.
Во градинка телевизор ? А? Да видам на моево во јасли да пуштаат ТВ а јас дома се тресам и 20 мин ако пуштам идам и ги газам со булдожер.
И мене ми е смачен празникот, тотално изгуби поента. Нит сакам да купувам, нит да ми купуваат. Дали ќе и се свиѓа, што ќе ми купи она мене, немој да претерам или да купам помалку…Па она разминување со родители во градинка сите што те гледаат во раце, една со огромни ќеси, друга со нешто малечко спакувано, трета ‘само’ со цвет…
Еве кај нас купуваа, у групата 2-3 е моево. А има и во јасли. Сите беа воодушевени од идејата за телевизор, тоа било за доброто на нашите деца, само јас се побунив и не дадов пари. Тек ќе се изнаслушаш глупости од родители, чек рано ти е.
Со тоа што целиш дека МОРА да се купи. Не не мора гест е да кажеш среќен 8ми март. И да добро ги познавам и учителки и наставници,професори итн. Да не ате барале пак ќе кажам немаше да ве ограничат со одредена сума за дарување. Дете да ти даде на тебе честитка дома што ја направил со свој труд нема да бидеш задоволна нели зошто не одвоило 500 денари за колекција. Кога ќе престанете да "барате" тогаш можеби и повеќе ќе добиете. Ако гледаме така на "поколните" веќе рачунај го како мито а не како поклон. И да вие ги двоите сепак луѓето и се лигавите на тие по моќните со кешарица со длабоки џебови. Државата треба да мисли на вас не родителите на децата. 2 деца за градинка тоа се 3000 денари месечно ако не си задоволна од плата барај од државата. И да кога ќе се престане со отварање прозори и шибање промаја за децата да бидат мртви болни можеби ќе се подзамислам да им дадам едно благо за душа. А се додека намерно се прави да бидат болни верувај ни центи не давам. Вие како учителки никогаш се немате побунето за тоа што ние "треба" да носиме гз папир,бришачи итн не сте ни прашале дали можете, вашето кажување е МОРА да донесете. Бај д веј ако не ви одговара државната работа зошто упорно се зачленувате по партии и давате мито и корупција само да ве вработат па после кукаме зошто немаме решение. Дали ти знаеш колку луѓе се без решенија? Дали воопшто виде дека минимална синдикална кошница за 4 члено семејство е 1000 евра? Што двајца родители со минимална плата не можат да се прехранат? Ама не поклонот е битен за учителката. Тотално е небитен. Што да кажат педагогот,психологот, чистачките што редовно ги чистат вашите л*јненици? Дали сте помислиле на нив дека треба поклоните на нив да им ги дадете? Не нормално како така.
Јас зборувам од уста на родител. И факт е дека има наставнички што очекуваат скапи поклони ама не знам со кое право сите земаа да не стават у ист кош. Кога сум била наставник ко што кажав најдраги ми беа честитките од учениците, коишто уште си ги чувам. Платите им се движат од 24-30 (ова за тие што не се со стаж 20 год и јаче), знам по бившите колешки. Минамалецот е сега 20 кај нас ако не се лажам, што значи блиску минималец се. Негователка у градинка исто зема 24 и тоа од пред скоро, инаку по 19 земаа, другарка моја работи во градинка. Воспитувачите земаат 30. Сите тие плати се мизерни за тежината и важноста на работата што ја имаат просветните работници. Да не навлагам у тоа со кои притсоци се сочуваат од градоначалници, партии, родители и со какви се не деца работат. Во идеален свет, сите би собирале пари за донации наместо поклони, и тоа така треба и да биде, ама не живееме у идеален свет. Факт е дека ќе се купува, па коа веќе прашуваат за идеи што, може as well да им дадеме.
Што се однесува до поклон...се што ке купам на двете наставнички е по едно цвеќе или можеби некоја марама . Толку. Нема што некој да ме организира да давам пари волку толку. Кој што сака нека си купува. Крај на муабетот.
Златна и тебе некој ти ги чисти лајнениците. И тоа е чесна работа како и секоја друга. Обичајот да се купува само на наставниците, не го смислив јас, од памтивек е. Бтв, 5 год работев без решение бидејќи не сме сите напикани у партија како што инсинуираш. И најголем дел од наставниците се приморани да бидат у партија за да можат да ја работат работата за која што учеле. Не од што сакаат, него од што ни е срање системот. Да се буневте сите вака против власта како што се буните против да и се даде цвеќе на наставничкатаџ можеби немаше минималецот да биде 20.000. А ако наставниците на децата твои не се побуниле за носење тоалет или бришачи, не значи дека никоја од нас не се побуниле. Јас од моите тогашни 16 илјади сама си купував бришачи и хамери и боици и се што им требаше на децата. Денар им немав побарано. И проблемите што ги наведе, се на ниво на држава, не на наставничка. Бидејќи зборот на наставничката вреди 0 пред тие што носат одлуки за образованието, средствата потребни за во училиштата и слично, ама треба да имаш малку отворен ум за да можеш да ја видиш и другата страна на нештата. Ваквиот бес не ќе да ти е од наставниците.
Јас ги сфаќам и двете страни . И родителите ( бидејки сум мајка ) и наставниците ( бидејки цела фамилија ми се учители ) Мизерни плати земаат да,тоа е факт . Што се однесува до поклоните верувам дека самите родители претеруваат.