Децата и градинките

Дискусија во 'Дете' започната од coca, 23 декември 2009.

  1. Leanne

    Leanne Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 август 2022
    Пораки:
    284
    Допаѓања:
    1.165
    Пол:
    Женски
    Општеството ни е заглавено до срж во корупција и лошо владеење, што дури и се нормализира и оправдува. 8ми март воопшто не е празник за поклончиња и 20% попуст на модни додатоци, како што е искомерцијализиран, туку е ден на еманципација на жената и убаво пиша една членка погоре, дека треба сите жени да бидеме на протестен марш. Затоа што кај нас "чувањето деца" се смета за "женска работа", и како многу други "женски работи" не е нити вреднувана нити платена, како што веќе неколку пати што спомна. И ланчето од Зиа секако дека нема да го подобри статусот на жените во воспитно-образовниот сектор. Тие земаат плата, бидејќи од нашите плати се одбива секој месец дел што оди во буџетот на државата, а потоа тоа како се распределува на сите ни е јасно. Не треба да се очекуваат подароци по секоја цена, подарок се дава од срце и по заслуга, а не да биде мито и изнуда, или пак родителите да се должни да им го разубавуваат денот на негователките за осми март затоа што не земале добри плати.
     
    На SummerGirl, Coco31, MeowMeow и 6 други им се допаѓа ова.
  2. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.504
    Јас тоа го викам доволно е рачно изработена честитка и да се каже среќен 8ми март ништо повеќе.
     
  3. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    6.105
    Допаѓања:
    15.065
    Пол:
    Женски
    Освен рачно изработена честитка (од детето, не од родител), и некое набрано цвеќе ништо друго мислам дека не треба. Ако стварно подарокот е од срце, не треба да биде трошок. Јас може да купам подарок на бабите, ама од ќерката ќе правиме честитки. Како баби знам дека искрено на тоа најмногу ќе се израдуваат. Исто треба да биде и со учителките.
    И да се собираат пари, треба по 20-50ден од дете да биде, од сите заедно едно цвеќе, а не 800 ден по дете.
     
    На dromka, nevermet18, SummerGirl и 6 други им се допаѓа ова.
  4. bybeDkid

    bybeDkid Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2014
    Пораки:
    1.304
    Допаѓања:
    3.816
    Пол:
    Женски
    Девојко во Македонија живееш, не во Англија. Да, треба да се излезе на протестен марш за правата на наставниците, здравствените работници и мнооогу други професии и категории граѓани, ама кај нас за далеку погорки теми се крева прашина 2 дена и после штама. Случајот со онкологија на пример. Имаше 2/3 дена протести, толку. Си легнаа сите на брашно, па ај ќе се молиме Господ здравје да ни дава.
    Да се случеше ова во Франција рецимо, имаше да има протести дур не турнат влада. А кај нас не само што нема да ја турнат, него и пак ќе ја гласаат. И пак минималецот ќе биде 350 евра и пак луѓе ќе немаат за леб.
    Овие проблеми што ги наведе се многу длабоки и се решаваат со промена на нашиот мајндсет колективно а не само со паламудење на фемина.
    Жените кај нас се доста еманципирани, познавам многу успешни и остварени жени, кои буквално газат во своите професии. А "женските работи" се решаваат дома во семејството, од најмала возраст, со следење на примерот на мајката и таткото. Се дур на домашните обврски и чувањето деца се гледа како на "женски работи," тогаш нашите деца ќе го следат тој пример и ќе се шири тој застарен патерн како канцер. Тоа е од комунизмот останато и уште си го влечеме. Лонг стори шорт, се повеќе се напуштаат ваквите сфаќања кај нас, и тој тренд ќе продолжи или ќе има многу разводи. Жените не "трпат" веќе како некогаш.
    И некупувањето на поклонче за учителката нема да ги реши овие длабоко вкоренети проблеми и трулоста на системот. Тоа е само капка во океанот.
     
  5. Leanne

    Leanne Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 август 2022
    Пораки:
    284
    Допаѓања:
    1.165
    Пол:
    Женски
    Ај ќе видиме, ако им земеме само каранфилче на негователките што сакаат орхидеји, или ако им дадеме само честитка на наставничките што сакаат ланчиња може ќе се смени системот капка по капка. И толку имаме финансиски, не е ова Англија. Девојко.
     
    На lovely91 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    3.094
    Допаѓања:
    4.981
    Океанот е составен од капки...:(
     
  7. bybeDkid

    bybeDkid Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2014
    Пораки:
    1.304
    Допаѓања:
    3.816
    Пол:
    Женски
    Хахахз секако дека ќе го смениш системот девојко баш ти со твојот каранфил.
    Прејако ми е што многу сте јаки на Фемина, а пола од вас седат во некоја канцеларија во некоја државна институција, пикнати партиски и делат памет за системот.
    Шо не одите да протестирате за некои од поважните теми што ги наведов, да мењате здравство, влада, партиски војници изнапикани по државни институции, него сте се фатиле за најслабата карика?!
    Наставничките не бараат ништо, родителите се тие коишто купуваат скапи поклони за да си го покажат социјалниот статус.
     
    На januari19 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. bybeDkid

    bybeDkid Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2014
    Пораки:
    1.304
    Допаѓања:
    3.816
    Пол:
    Женски
    Има многу поитни капки од оваа, ама ајде ќе се фатиме сеа за неа, ништо нема да им купиме за учителкиве и од 9ти Март, Македонија ќе биде поубаво место за живеење.
     
  9. Mandela

    Mandela Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2022
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    2.225
    Пол:
    Женски
    Кажа наставничката на која и се лоши од ружи и такви слични цвеќиња.
    Ок.
     
    На pamelche, joy1 и lovely91 им се допаѓа ова.
  10. Skyler

    Skyler Популарен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    4.096
    Допаѓања:
    13.501
    Пол:
    Женски
    Абе и ова е точно дека родителите ќе се потепаат да се докажат кои се ама од друга страна ова бесрамно преферирање поклони од просветен работник…
     
    На SummerGirl, joy1, lovely91 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Mandela

    Mandela Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2022
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    2.225
    Пол:
    Женски
    Се согласувам.
    Ама кога просветен работник ќе се истрча со ваква изјава, рефератите понатака веќе немаат никаква смисла.
     
    На lovely91 и Skyler им се допаѓа ова.
  12. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.564
    Допаѓања:
    113.204
    Пол:
    Женски
    Чекајте малку другарки, покроце! Мајкава не е веќе просветен работник и она кажува дека она лично не сака каранфили и ружи, ко што мене ми е клише подарок марама пример и ај сеа утепајте ме и мене дека не сакам марама за подарок. Женава вели не сум веќе во просвета, не е битно, она лично не сака ружа и каранфил, ко што јас не сакам марама, вели место да дадам 300ден за ружа ќе дадам 300ден за еден кармин и едно моливче, детето дома ќе нацрта честитка и толку, пак истиот буџет е. Што ја нападнавте. И да, нема да се смени ништо ако она купи менѓушки од Зиа за 1000ка наспроти каранфилот на Трајанка и честитката од детето, ќе се смени ако Стојка не даде на докторот 500е за да ја породи зошто Милка нема 500е и ќе труне во родилиште додека не изгине од болки зошто нема да плати. Тука е проблемот, не во ружата каранфилот, карминчето и менѓушките. Јас би им дала на негователките секако, како што ќе дадам и на учителките, не за да ми го сакаат детето повеќе, туку да им се заблагодарам зошто во ова НЕвреме се они тие кои поминуваат повеќе од пола ден со нашите деца.
     
    На karak, Mother of 2boys и Misskirova им се допаѓа ова.
  13. Mandela

    Mandela Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2022
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    2.225
    Пол:
    Женски
    Членката во иста реченица го стави зборот наставничка и дека и се лоши од ружи.
    Да не напишеше така, никој немаше да се замери.
    Еве јас лично напишаното го сфаќам дека она како наставничка не сака ружи за поклон, ама сака карминче.

     
    На lovely91 и Skyler им се допаѓа ова.
  14. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.489
    Допаѓања:
    49.123
    Пол:
    Женски
    Мене па каранфил ми бил секогаш синоним за 8ми март. Толку скромно цвеќе а толку убаво. Исто како и празникот.
    Е сега што се помешани вредностите кај нас и празникот е станат натпревар меѓу луѓето или во случајов родителите и просветителите е друг муабет.
    Кога ја отворив темава ми текна дека оваа година и ние ја имаме оваа "обврска" иначе скроз ќе заборавев. Идејата ми беше буквално со цвеќе да ги испочитувам или некој скромен буќет не затоа што сум шкрта и не ми се троши на нив, ами зашто празникот го доживувам така.
    Накит,ташни и паричници не ми се синоним за празникот напротив тоа е препич и очекувања. Впрочем и дома на мајки/баби даваме цвеќе.
    Кај нас во фирма машките собираат пари и секоја година ни купуваат по еден каранфил/ружа во знак внимание и почит за да го одбележат денот. Можеби оваа година треба да го дигнеме стандардот и да им бараме нешто повеќе за да биде задоволено нашето его и суета.
    Нејсе залудно е секое коментирање бидејки се додека не се ограничи тоа носење поклони припаѓање во несвест ќе има препич родители кои ќе ги тепаат наставниците со скапи поклони мислејки дека се над другите родители или дека нивното дете ќе добива посебен третман ради тоа.
     
    На nevermet18, SummerGirl, Snowflake92 и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Skyler

    Skyler Популарен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    4.096
    Допаѓања:
    13.501
    Пол:
    Женски
    Точно тука настана проблемот @AngelOfArh
     
  16. bybeDkid

    bybeDkid Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2014
    Пораки:
    1.304
    Допаѓања:
    3.816
    Пол:
    Женски
    Па не ги сакам бре жено тие цвеќиња кој ти к**ац? Неќам да ми ги подари ни ученик, ни маж ми, ни било кој познат. Шо се фативте за тоа што ја неќам ружи, до како држава се распаѓа заради тоа што поклони им се купувало на наставничките за 8ми март.
    И 100 пати потенцирав дека може да се купи маскара или кармин за истата сума за да не биде тоа голем трошок и да не се осиромашите, а да не биде класика ружа.
    Па стигнавте до тоа како на учениците сме им барале тоалет и бришачи, па сме оставале отворени прозорци промаја да ги бие, па како чистачките ни ги чистеле лајн**иците. Демек вие госопоѓи па не какате и некоја жена не ви го чисти тоа на работа.
    И никоја од нас ништо да не купи на ниедна наставничка, тоа нема да го смени фактот дека државата не одобри пари за лекување на Леонид рецимо. Е таму да бидете вака гласни и борбени а не за 200те ебани денари шо ќе ги дадете за учителката.
     
    На Mother of 2boys и Misskirova им се допаѓа ова.
  17. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.564
    Допаѓања:
    113.204
    Пол:
    Женски
    Ок, ама се објасни жената дека лично не ги преферира тие цвеќиња, легитимно право на секој жив човек да сака или не нешто или некого. Јас така разбирам. За мене нема лошо цвеќе, се дур е цвеќе се проаѓа, ама па ете јас не сакам друг да ми бира менѓушки или општо накит. Не знам зошто од мравка се прави слон. И апсолутно не е проблемот подарокот за празникот, проблем е што немаме систем за големи работи. И дури си вадиме ние очи овде за марама, менѓушки или цвеќе на учителките Да или Не, нема да не биде.
     
    На Misskirova и bybeDkid им се допаѓа ова.
  18. bybeDkid

    bybeDkid Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2014
    Пораки:
    1.304
    Допаѓања:
    3.816
    Пол:
    Женски
    Презабавно ми е, уживај. Читаат и разбираат до пред носот.
    Земете еве јаглика од 70 ден или гербер од 100. Или сукулент некој. Сега може да продолжам да не ги сакам ружите и каранфилите?
     
  19. Skyler

    Skyler Популарен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    4.096
    Допаѓања:
    13.501
    Пол:
    Женски
    Ај доста се тапшавте вие две по рамо, ве знаеме. Ангел до толку се има изјаснето на вакви теми што знам дека само застана во одбрана. Си кажа наставничката во старт и џабе сега дообјаснувања.
     
  20. Misskirova

    Misskirova Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2018
    Пораки:
    3.845
    Допаѓања:
    9.337
    Пол:
    Женски
    Јас кажав погоре, не напаѓам ниту бранам ни една страна.
    Ама, не можам јас да гледам и да прашувам која учителка што сака и неќе.
    8ми март е.
    Ќе и купам што сакам и сметам дека треба да купам.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.