Пиши како ќе поминеш?! Јас моето планирам од Октомври да го пуштам. Лани кога прашав ми рекоа дека не може без документ од вакцинација. Поздрав, се надевам на позитивен исход.
Јас не коментирам, носам изјава заверена на нотар, на тој начин и во родилиште поминав и детето не го вакцинираа. Мене директорката ми рече дека тоа е моја работа, треба само да однесам документ, нив не ги занима. Е сеа, друго е што законот вели дека градинките немаат право да го кометираат статусот на детето на тема вакцини или здравје, ама ајде. Овие документи се носат за во случај на епидемии, да се има евиденција кои деца не се вакцинирани со вакцина против одредена болест и да е известат родителите, ама кај нас рапидно порасна бројот на невакцинирани деца и тоа ствара паника. Моето дете не е закана за вакцинираното, обратна е ситуацијата, јас одговорно сум донела одлука, додека генетските испитувања не се завршат не ни разислувам на вакцина, а за тоа ќе помине извесен период. Да не ја трпам темата офф, значи јас така планирам да се оправдам на тема вакцини, не значи дека тоа во сите градинки е така. Разговарајте со директор, со одговорен и најдете решение.
Мене воопшто не ми бараа потврда за вакцинација, не ни спомна некој такво нешто...ова секоја градинка си има своја политика кај нас
Kaj nas velat treba ama ima i roditeli shto ne vakciniraat. U prevod ako imash donesi da imame uvid ako nemash ne.
Во нашата градинка ни збор за две смени. Една од воспитачките онака од радозналост ја прашав:Ќе има две смени во градинкава? Како лошо ми одговори,како во око да и брцнав:Незнам таму јас ништо,што мене ме питаш..прашај ја Мила Царовска. Тоа ти е исто како кога ќе прашаат "кога ќе платиш за градинка" да им одбрусам "незнам,што мене ме питаш,прашај го директорот мој плата кога ќе даде".(хипотетички) Не сакаат да има втора смена-дефинитивно.Не дозволуваат ни прашање. Ама,ги прашува ли родителите некој дали сакаат детето до 21.30 да си го остават во градинка?! Ама ако мора-МОРА! Или..нека ги ислободат од сменско работење родителите кои имаат деца во градинка. Друго чаре-нема.
Јас од нареднава недела ќе ја оставам на спиење. Една недела ќе ни биде адаптација, се надевам брзо ќе оди. Цела година одеше до 12-12-30 часот, сега ќе мора да преспива. И ние од 1 Септември двосменски ќе почнеме да работиме, среќа што сум на боледување инаку кој ќе ја чува кога двајцата со ММ ќе бидеме втора смена
Мене баш ми се допаѓа идејава. Но не знам колку ќе се реализира. И како родител и како лице со образование баш за таму и во школо, ( невработена) , радо би одела и втора смена во градинка,а и би оставила дете на пример ако сум некаде втора смена до 22, ќе го однесам од 14 или некој друг од 16 па ќе го земат. Добро би било да знаеме дека децата ни се безбедни и нахранети и попладне. Ама незнам како што читам не им се оди втора смена, на некој кој цел живот одел само прва и во 12 си одат дома...
Кај нас во општина Гази Баба сеуште не е спроведено и нема најава кога би било спроведено двосменското работење. Немаат кадар. На моја среќа ние нема да имаме потреба од втора смена, бидејќи мојата втора смена завршува во 18h а има кој да ми го земе детето додека јас да стигнам од работа.
Значи треба официјален документ, нагласив од имунизација, ако нема таков по правило се непотполни документите. Во имунизација имаат печатени изјави и раководител ќе пише вакцинирано со тие и тие вакцини, не е редовно вакцинирано или не е воопшто вакцинирано. @LiliBoz
Слушам некои се вадат со тоа дека детето е алергично на некои состојки во вакцините, па затоа не смеат да вакцинираат. Како оди тоа? Бараат ли некои испитувања за тоа или потврда од лекар? Да имам предвид ако решам да ја запишувам во градинка...оти и ние не вакцинираме.
Немаш потреба.Градинката не прави апсолутно никаков проблем, само бара увид во вакц. статус. Детето мора да биде примено е нивен став, а се друго да се реши со санитарен инспектор.
Има градинки кои орават проблем, во Скопје и во Битола, таму па ми се чини се најригорозни. Се што треба е да не нагаѓаме, да си седнеме сами да си проучиме законот или ако не не бива за тоа да си поразговараме со правно лице кои се нашите права. Од рекоа казала муабети и од застрашување беспотребно се случува се што се случува.
Јасно ми е мене. Јас бев подложна на закани и тоа лично од санитарен, но бидејќи моја среќа сум правник, во градинка го запишав без проблем, со сите документи кои се потребни. Значи ќе повторам пак, секое дете мора да биде примено иако не е вакцинирано. Градинка нема право да прави проблем.
А што ако неможам во 16 да го земам? Ќе го чуваат до 17.30 пример? И кажаа оти не сите градинки ќе имаат 2ра. Се знае кои ќе имаат?
во петокот бев да видам дали млата е примена во градинка, веќе 2 година сме на список и замислете пак не нема ова е ненормална работа незнам како вие ги запишавте вашите деца ама овде баарат големи и тешки врски
Во која населба? Јас сум во аеродром и точно 12 месеци однапред ја пријавив и ми ја примија без врски, за големиот имав проблем пола година однапред кога го пријавив. Него поминав да видам дали има списоци за по групи истакнато немаше на врата. Да не знаете во аеродром дали воопшто вадат списоци за групи, дали во секој објект или треба до главната градинка да виѓдам?