@apple12 Od kade zema ti potvrda?[/QUOTE] Jas imam potvrda od Jane ne ja prifakaat pak ne mi ja primaat ni so taa
Одамна ја примивме мрп ние, уште во октомври месец. Зошто прво стрептокока па ммр? Ние прво мрп примивме па после стрептокока и сега останува уште дтп. Читам погоре коментари дека не чинела државата. Да не чини. Затоа што сите деца ги ставаат во исти кош. Не правам муабет за тие што имаат 4,5год а немаат ниту две дози а камоли ревакцина. Испадна многу дека само мрп ја примале за да можат да одат во градинка не очекувале ваква ситуација како сега со дтп. Ама еве конкретно мојот случај мене закажана ми е за крај на април ревакцината а ќерка ми ќе има 21 месец тогаш,ниту сум одложувала вакцини ниту ништо. Така ми закажувале од пункт. И зошто јас да не смеам да го носам детево во градинка, што кривица имам во цела ситуација па во ист кош со сите останати. Па сега треба да одам кај пунктот па да прашам да ја вакцинираат порано и слично. Пред да донесат одлука требало детално да ги разгледаат сите ситници. И за вакви случаи што си имаат закажано за месец, два вакцина да важи со потпис од вакцинален пункт. А не да трчаме пред време, па и ако моментално им тече нос или слично. Не треба да ја примат вакцината. И не велете дека не треба и во градинка да одат, во градинка може да одат со нос течење пошто реално на сите им тече ама за вакцина Мене матичната ме советуваше дека дтп и мрп се живи вакцини и дека треба скроз здраво да биде детето пошто многу го наппаѓаат имунитетот. После примање на мрп ќерка ми заврши со опструкција. Никаква организација. Требало да мислат на се, пред да донесат одлука. Јас секако ќе ја вакцинирам деновиве ако ми дозволат во пунктот, ама глупаво е изработено од нивна страна.
Имам пишано и претходно, ќерка ми оди во градинка од 10 месеци, немаше примено МРП, трета доза превенар и ревакцина пента. Секако дека се разболуваше ама се снаоѓавме и до 21 месец со се беше вакцинирана. Јас искрено добивав панични напади додека да ја боцнам со МРП, ми беше страв да не избие епидемија морбили, а она невакцинирана. Точно, не е фер за 2 месеци каснење ревакцина сега да не ги примаат во градинка ама поради антиваксерите сега го јадат и одговорни родители. Епидемија е, пред 2 години во Сити Мол не не пуштаа без вакцина зашто беше епидемија. Со болести играчка нема, ваљда ќе се свестат луѓево веќе.
Да, дома заради парното ми е 25/26 степени и отворен е прозорот. И во градинка се на парно, претопло е. Па општо прифатено мислење е дека од ладно се разболува детето. Не од што не е проветрено 1 месец зошто родители се жалат дека детето им седи на промаја. Не знам каде живееш ама малку претеруваш. Син ми јаде сладолед цела година и пие вода со лед цело време. Јаде од земја кога ќе му падне, бута раце во нос ко секое друго дете. Пиел антибиотик во 4 ипол години два пати. Сами си ги правиме децата снегулки, затоа немаат ист имунитет. Не зошто нашите фалични се раѓаат Во Норвешка, ти го враќаат детето утоп мокро од што било надвор, до гаќи измокрено. Кај нас да ти го врати така, ќе ги дадете на тв како не се грижат.
И ние зима/лето сме со отворен прозор. Ако не е отворено, мислам се гушиме. Излегува мирис, а колку-толку влегува свежина низ него. И кај синко на школо седат со отворен прозор. 30+ деца кои се активни цел ден, ќе се угушат ако нема свеж воздух. Во околина имаме луѓе кои, намерно не вакцинираа. На едните детето им е 4то одд невакцинирано воопшто, на другите помали се, дома баби ги чуваат. Од дома децата не се мрднати, цела зима се болни. Со никакво надворешно влијание недопрени. Замислувам што би било ако почнат да се дружат со други деца. На прашањето зошто не вакцинираат, и едните и другите се со дециден одговор дека тука вакцините не чинат, ни носат ,,лажни,, , немаат ефект, боцкањето било залудно. Во други држави пр. Грција, Бугарија биле подобри. Кога им реков, однесете ги таму, одговорија: Па, до сега еве поминаа невакцинирани, што од сега да боцкаме Е од ваквите, страдаат и нашите деца.
Zatoa pustaa so bilo civ sertifikat i ne go ni poglednuvaa. Kako ja spodeluvate koronata so ova alal da vie. Toa bese se samo zastitni merki ne. Se gleda tamu koe dete e so dve ili tri dozi a koe e bez niedna. Samo site vo isti kos pa sega ke frcat otkazi od rabota deka nema koj da gi cuva decata.
Јас замолив така во пункт. Секако ќе го боцнам и ммр. Инаку според мене случаите како твојот каде има три дози и докажан имунитет (штом ревакцина закажуваат после една година) треба да ги примаат без проблем. Ама во оваа наша ѓубре држава сите во еден кош. Не удираат по тие што треба, туку по тие што е најлесно . Затоа секој ден сум се повеќе сигурна дека децава ако треба на сила, ама ќе ги отселам од овде по секоја цена.
Во западен дел од мк, во 2019 година и најакото во короната, вакцините беа увезени од Индија. Никаква Франција ни па Англија. А сега кога прашав (сигурни извори) ми кажаа дека се од Франција.
Туку, прашав во вакцини ама никој не ми одговори како ги вакцинирате со посебна ДТП или во 5то валентна? Дали може да избереш?
Да, јас кога прашав дали со овие 3 дози е заштитена, ми кажаа да-заштитена е, и пак препрашав, и кажаа да, да мајка, затоа е поубаво мрп да боцкаме... Катастрофа..
Da bideme realni deka treba da gi pustat decata sto se so tri dozi a cetvrtata e tek za 6 meseci. Ostanuva da cekame denovive sto ke odlucat. Ili da se snaogame so potvrdi.
Не не, чекам да помине уш два месеци барем, мн болни има кај нас со сезонски вируси. Планирам од мај-јуни здравје.
Ќерка ми со 3 примени дози си оди во градинка без проблем. Нема доволна возраст за 4та доза. За сите останати постари од 18 месеци кои немаат 4та доза или ни трите претходни има забрана за присуство кај нас.