https://telma.com.mk/2024/03/18/deczata-so-tri-dozi-di-te-per-od-deneska-se-vrakaat-vo-gradinkite/ Eve nova vest
Подобро е, погодена и е ептен терапијата. Според докторот од поодамна е болна, веќе во одминување е само ќе си кашла подолго.
Имаат период на тепање, на гризање, на секое твое НЕ за него е ДА итн. Може бекое друго дете удира таму па и ѕоа да прави. Можеби и ако таму не смеат ништо да прават ако им викаат дома се олеснува со тоа.
Драги мамички , денес ни беше прв ден во градинка , синко лепак бил на учителката нормално ли е ова ? утре нејке да оди , плаче се милка. ,нормално нема попуштање , но како сте се спрвиле вие со оваа ситуација ? јас си плачам цел ден, тешко ми е што многу се срами , тажен дека ме играло никое дете со него , друго воспитувачката ништо не објасни ко за прв ден, нормално ли е ова? или само е некоја умислена ?
Градинки во две различни општини во Скопје со различни известувања по однос на фамата со трите дози дитепер. Во Карпош сите со примени три дози независно кога е примена третата доза - можат да одат. Во Аеродром третата доза да е во последните шест месеци со услов за ревакцина. Се јавив во ДСЗИ и ми потврдија дека информацијата на градинките во Карпош е точна и доколку ми направат проблем во Аеродром да пријавам во МТСП за различно постапување од страна на градинките.
Нормално е секогаш има некој што е лепак. Колкаво е детенцето? Јас во јасли кога го носев 2те кажуваа како поминал таа едната не знаеше македонски и само ми го даваше кога ќе ја прашав како поминал ми викаше добро само и знаев кога ќе ми го дадеше она дома одма на инспекција беше го гледав од глава до пети особено пелената па ако му е црвен гзот ренде ги правев нареден ден. Зошто само од портокал му се правеше и намерно некој имал дадено зошто им беше и нагласено па на крај и таа се превоспита .
На кој број се јави и јас имам проблем за автокоманда , со три дози од кои третата лани во мај не ми ја примаат во градинка а сабајле во амбуланта не сакаа да ја вакцинираат немале уште црно на бело несмееле. Јас стварно незнам ни ваму ни таму не сум искинав живци веќе
Мислам дека одлуката беше, ако поминале 6 месеци од последната (3доза) нема да ги примаат. Нека ме поправи некој ако грешам
Да така беше и со заради тоа отидов да ја вакцинирам во амбуланта , докторката лом ме направи сум требала за доброто на детето да чекам до мај да сум се снашла за чување дури и ми најде решение сите роднини да зеле боледување да ми го чувале ама она немало да вакцинира да одговара утреден за децата ако им се случело нешто Јас стварно се најдов во небрано не ми е јасно , мислев дека секаде е исто не е ова по желба, значи ако одлучиле дека треба порано докторите се должни да го применат тоа..
Да бе така тоа сите ќе трошат денови и одмор и намалена плата за детето мое. Една одлука не ја донесоа целосно со сите подточки. Никој незнае од каде документи, сите своја политика тераат, сите различно толкуваат, родителиве снаоѓајте се како знаете ваш проблем. Мојава има 4 дози , ама не е ова фер воопшто.
Мојот е со три дози, од кои последната лани во Јули и ми го примаат во Аеродром. Те вратија или така го толкуваш? Зошто соопштението е малку конфузно искрено.
Искрено секаде им се конфузни изјавите. Мојава моментално е дома пиеше антибиотик. И во моментов не можам одма да ја вакцинирам. Не сфаќам дали смеам да ја носам во градинка, пошто последната доза и е примена лани во април.
Сега повторно препрочитувам какво е соопштението кај нас. Од тоа што разбирам сите трњба да примат ревакцина по истек на 6 месеци од третата исклучок бебиња под 18, кои согласно календар треба да ја примат на 18. Во групата од градинка не се коментира скоро воопшто (незнам дали се толку дисциплинирани па сите се редовно или сите се трај, прај). Кај колешка па во градинка во центар и го примија малиот со 4години, три дози (трета примена лани во мај).
Може да , ја носев во поликлиника ченто ја вакцинираа без проблем. Оваа во автокоманда несака да вакцинира незнам што да кажам
Нема многу логика во тоа да не се носат децата во градинка за да не се разболат, вели имунологот Милош Марковиќ https://deca.mk/d-r-nestorovik-da-n...W68ukvASCckgO01qWCuIte719MLmyLuu0o-qEaRd3g2S4
Го завршивме антибиотикот. Денес бевме на контрола. Ја прегледа кажа дека е здраво дете. За вакцина да почекаме барем две недели. И побарав потврда за зздраво дете. Ама јас планирам во понеделник да ја носам во градинка. А потврдата е со денешен датум. Дали ќе ми прават проблем? Тие за до душа никогаш и не ми бараат потврда. Ама овој пат сакам да им однесам за да не ме дават за вакцината. Пошто ради антибиотик не може одма да ја прими. Прв пат земам потврда до сега, дали и на вашите пишувало дека се издава по барање на пациентот?