Секако дека ќе се навикне, нормално е да плаче малку на оставање, битно е дека внатре се смирува. Ние 3 недели веќе одиме, до сега 3 ипол часа, од наредна недела ќе се обидеме 4 ипол часа, и ако сака да заспие за дремката таму па ќе видиме како ќе биде.
Нај јаки се периодот кога викаат што си дошла тато сакам да ме земе па таткото кога ќе го земе зошто дојде ти баба ти нека ме земе и за тоа плачки. Или ако ни кажеше тато да ме земе сакам, а не може заглави на работа и пак јас го земам урлаше викаше аман бе што правите вие и ќе се наљутеше
Mom's Дали некој имал искуство со дете што не збори во градинка? Мојава оди веќе цела година во градинка но дури денес негувателката ми рече дека она воопшто не зборела освен што и го изговарала името. Дома везе, раскажува што јадела, што правеле значи буквално збори. 2 години и 4 месеци е. Реченици и од по 4 збора, брои, пее песнички. Минатата недела и кажав дека ми кажала дека ја удрило некое детенце и ми вика баш се зачудив што ти кажала пошто она воопшто не збори во градинка. Што може да е проблемот? Она по природа си е така срамежлива ама па градинката не и е нова средина
Мајка моето на 2 и пол почна да збори. Песнички почна да пее на 3 и пол години и тогаш почна да ми кажува што јаде и да ги издава таму што прават. Иначе само ме гледаше како теленце
Моето...не зборуваше многу ни дома, ама во последно време е како папагал само повторува, во меѓувреме имаше некој проблем со мочкање во градинка и и кажувам на учителкава дека дома му зборувавме цело време за тоа, дека вети ќе кажува кога му се мочка и слично и таа ми вика а детево зборува? И мене ме фати во небрано, да и велам...овде ми вика од септември до сега не сум го слушнала да зборува
Од јасли ми го викаат тоа. Прво ми рече "Абе детево збори??", после се освести изгледа на начинот на кој шо ми го кажа тоа па праша колку години е, а беше год и 9 месеци па се извади со тоа, дека е мала уште па си ќутела А сега пред месец дена кога дома почна да врзува зборови, прости реченици ми викаат "Аа се опушти малку по збор два" и се глеаме чудно со мм, она дома збори бааги повеќе од збор два и ми кажаа дека има повеќе дечиња такви, се штедат на зборење
Епа и ние така почнавме муабет. И кажав дека покажува интерес за нокшир и дека седнува и дека бара гаќи да и облечам па ја прашав што понатака да се организираме и за во градинка. И ми вика па како ќе кажува она дека и се моча кога не збори?? Ме пресече. И ми вика бев многу изненадена дека ти кажала кој ја удрил бидејќи тука не збори. .. Уствари може ли да ни прават финти само да не се замараат со заучување на нокшир во градинка?
Син ми не зборуваше кога почна да кажува за мочкање. Се фаќаше долу и викаше пшшш. Плус на почеток најчесто не кажуваат, туку се седнуваат на нокшир на одреден временски интервал да стекнат навика. Повеќе како изговор ми се чини...
Моето е одвикнато веќе ама два месеци не беше во градинка и кога почна повторно почна да моча во гаки па после дознав ги товеле со сок пред спиење како ужина па нормално ќе се моча...плус занималната и вцто се одделени простории и моево ако не го однесеш не моча, а дома си има нокшир и си има друг распоред...Иначе нека не ти прават филмови моево 2 збора не кажуваше па во рок од една недела се одвикна
Драги мајки. Дали нркоја од вас има дете од 5 години кое сега е вакцинирано со ДТП, што се прима на 18 месеци? Се изначитав еден куп работи, не можам да живеам веќе мислам. Во градинка не ја примаат со 3те дози нормално дека се примени поодамна, и ќе си пукнам од мака, само моето излезе дека ја нема од цела градинка!
Здраво сакам да ја запишам ќерка ми во градинка предложете ми низ Аеродром, Ново Лисиче макар и приватна од која сте задоволни вие како родители, знам дека се чека повеќе време за прием но јас не се брзам би сакала што е можно покасно да тргне во градинка можеби наредна пролет или лето ќе почне. Фала ви
Што направивте ве примија во градинка? Матичната мене ми рече да ја носам пошто има три дози, ревакцина да прими да поминат барем 2 недели од антибиотикот прво. И реков што ако ми прават проблем. Вика каков проблем три дози имате . Вика сега брзо бевте само пнеумокок ви ставиле што не ви ставиле и дтпр не си ти крива. Утре планирам да ја носам па да видиме баш.
Мајки даваат ли сеуште овошје за секое дете што беше проектот или заврши? Бидејќи гледам нешто ги нема со месеци кај нас
Nema od nova god navaka...ako bila ideata da se otkupuva domasno ne znam sto se proizveduva vo drzavava vo zima...osven tursija i kupus