Бубамарака, после нова година начекав меко костимче од h& m. Битно ми беше да може да се соблака брзо и доле да си има хеланки и блузичка и тоа натнато во случај да сака да го соблече
Нема врска, јас и на ненајавено сум ја носела маскирана. Мерак ти е , терај, без разлика најавено или не.
Бубамара . Земав крилја, антени и сукњичка, уште боди да купам некое црвено и спремни сме @Cloverrrr лани во јасли ни забранија маскирање
Ние остануваме веќе на спиење, ама и дома он и еве у градинка спие 45мин и станува бара да се презаспие и спие по 3ч. Од понеделник мора да останува сакале нејќеле, сега и викаат на мајка ми да го зима во 1.15. Сеуште ја мотаат мајка ми, тоа е.
Кај нас рекоа може да ги маскираме, ќе ги сликаат групно, едвај чекам а уште не знам што да го маскирам Дајте некој предлог за diy маска дома или кај има помали маски за 15 месеци, све што гледав онлајн се над две години... Инаку синко тргна неделава на градинка, утре ни е 4ти ден и ќе седи 3 саати. Ме боли срце како го оставам плаче ама ми викаат таму одма се смирувал после, мислев потешко ќе оди адаптацијава ама сега за сега е супер.
Види локо кроко, ми искочи на фб и само онакви како додатоци некои, по поефтини цени, за разлика од маските за поголеми дечиња.
Јас 2дена пред да тргнам на раб ги потсетив дека нема кој, да видиш како го заспаа вчера до 2ипол спиел, до душа денес помалку и ми ѕвонеа да ми кажат, ама на пат натака бев ... па веројатно не ги разбудил другите Така да ич да не им се секираш го носиш и си го зимаш кога ќе се вратиш од работа а не да те мотаат...
У Недела, усабота свечено ручек ќе праиме за испраќање. Јас ги земав понеделник и вторник, ама не им кажувам, ќе го однесам и толку, во 3 ќе одам да го земам. Наводно вчера се потрудиле не успеале. Не планирам да потсетувам зошто 2м трубам дека од 1ви ќе си останува до 3 ама они абер немаат. Во вторник планирам само да им речам дека ќе го зима од среда другата баба и толку.
Да си го земеш во 3. Така и кај нас беше ама не можеше да почне со спиење бидејќи не сврзуваше ни 2 недели од разболувања. И кога сврза 2 недели и веќе немаше кој да ја зема им кажавме да пробаат. Една недела седеше до 3 ама не сакала да спие. И им рековме ок, нека не спие, немаме друг избор. И веќе после тоа почна и да спие.
Јас секако ќе го зимам во 3, односно баба ќе го зима, зошто јас сум до 3ипол на работа, а кога нема да може баба во 3 и до 3ипол ќе си седи, односно 20 за 4 дур стигнам.
Дали на некоја мајка детето и оди во градинка со 3 дози, од кои последната е примена пред повеќе од 6м?
Ич да не им се грижиш ќе успеат едноставно ќе ѕвонат ќе им кажеш кпга ќе завршам ќе го земам и тоа е тоа... ако не успеат џабе ја имаат работата мора да се потрудат...
Дали некој има слично искуство како нашето. Пред скоро месец тргнавме во градинка, адаптација релативно лесно поминавме. Не плачеше, си јаде и Веќе четвртиот ден заспа таму. Е сега проблем е што спие само еден час или највеќе 1.20 мин. Веќе една недела вративме втора дремка попладне. Кај 18 заспива до 19 спие. А вчера заспа 18.30 и се разбуди сабајле. Во градинка пробуваат да го презаспијат ама не сака. Хаос сум цела недела незнам како да постапам.
Во колку станува сабајле? Мислам дека 18 му е касно за дремка, подобро да си легне порано околу 19:30. Мојот тогаш почнувам да го успивам зашто во 6 станува а исто саат ипол дремнува и веќе од 19 му се спие. А дома си дремнуваше и до 2 ипол саати.
Во 6 сабајле станува. Проблем ми е што е многу раздразлив, се лути плаче, се гледа дека му се спие. Вчера на под заспа. Ајде може сега ќе се стопли и по надвор ќе бидеме повеќе па ќе смени. Гревче е ептен, само што го гушнам одма заспива.