Децата и градинките

Дискусија во 'Дете' започната од coca, 23 декември 2009.

  1. princess5

    princess5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    5.012
    Допаѓања:
    34.817
    Пол:
    Женски
    Истото и јас го помислив иако уште не сме дојдени до таму но една од нив упорна мал бил мн му било па да го земате порано и слични да не речам глупости ... што засега одбивам на глупост но уште нешто ако "паметува" би се обратила прво на раководител па за понатаму во зависност од ситуацијата и хиерархијата...
     
    На Tess36 и TeddyGrey им се допаѓа ова.
  2. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.074
    Допаѓања:
    72.413
    Пол:
    Женски
    До кога првачињата од септември одат во градинка?
    Кога се отпишуваат?
     
  3. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.475
    Допаѓања:
    5.437
    31 avgust
     
    На TeddyGrey му/ѝ се допаѓа ова.
  4. goldenjanuary

    goldenjanuary Активен член

    Се зачлени на:
    20 август 2023
    Пораки:
    122
    Допаѓања:
    30
    Пол:
    Женски
    Здраво мајки, во Септември треба да го пуштам во градинка (година и 8 месеци ќе има здравје), пратив пријава во државна во Аеродром, морам ситуацијата ми налага бидејќи треба до крај на лето да се породам и невозможно ми е со тодлер и новороденче дома.
    Многу ми е страв и жал да го праќам бидејќи е мал, страв ми е дали ќе го третираат добро, дали ќе го пазат, да не го оставаат само во креветче по цел ден да им плаче и никој да не го ферма… Гален е морам да признаам, сами си го галиме, прво дете прво внуче, ако го удри некое детенце со играчка или со раче он не враќа, плаче и бара утеха во мене.
    Страв ми е и од аспект поради тоа што гледам дека може да се случи со воспитувачките, не дај Боже некоја да го малтертира или да го удри, да се врати дома со модринка, или да му набие некој страв, да биде исплашен.
    За приватна градинка маж ми не ме подржува, тоа ќе го разлигавело детето, а и многу пари биле. Бабите и двете работат, исто не можат да го чуваат.
    Ако некој бил во слична или иста ситуација споделете решение, како сте го поминале тој страв од пуштање во градинка?
     
    На Nbnbnb му/ѝ се допаѓа ова.
  5. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.074
    Допаѓања:
    72.413
    Пол:
    Женски
    Градинката е место наменето за дечиња и поголемиот дел навистина уживаат таму, растат, како поголемки и учат песнички, стихотворби и разни работи. Градинката е наменета да биде убаво место за децата. Така треба да е. Другото не го мислиш едноставно... не викам дека нема такви случаи ама верувам(бар се надевам) се изолирани и ретки. Не да те карам тука ама со такви мисли ако си, детето ќе те осети и потешко ќе се адаптира. Многу чувствуваат, разбираат што збориме, манипулираат со чувствата, гледаат граници кои можат да ги прејдат. Среди си ги прво мислите па пушти го.

    Друго, чисто бидејќи е осетлива возраст... размисли како би му влијаело баш кога ќе се роди бебче баш тогаш да тргне... многу нови работи наеднаш ќе му се соберат и во нивните очиња знае да биде многу тешко..
     
    На karak, Mother of 2boys, Mandela и 5 други им се допаѓа ова.
  6. Anaroz1

    Anaroz1 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    2.856
    Допаѓања:
    6.470
    немој погрешно да ме сфатиш, ама во градинка ќе му биде многу поубаво него дома, таму има други деца, деца сакаат деца, учат ред, гледаат едни од други...
    детето не е мало, на година и 8 месеци не може да ти го чуваат во креветче, би требало да биде прва мала, таму имаат веќе и активности, во креветче ги чуваат бебињата обично... размислувањава дека некоја воспитувачка ќе го малтретира ви се без везе искрено, не дека не се случува за жал, ама не може така да размислувате. тоа прво дете, внуче, па галено исто не ви држи вода, и мојата е прво дете и внуче и во пошироката фамија прво дете, дома си е галена да, во градинка оди од 8 месеци и таму е исто како и секое друго дете и така треба да биде, не знам каков третман очекувате, градинките не се мачилиште, исто така во приватна градинка ништо посебно не добивате, тотално безпотребно фрлени пари според мене. моето мислење е дека државните градинки се и повеќе од добри. знам за жал колку се платени воспитувачките таму, а знам и како ги чуваат децата, искрено алал да им е! треба да ги гледаш позитивните страни на градинката, а не да се фаќаш за изолирани негативни искуства, само така ќе го надминеш стравот. детето не можеш да го чуваш во стаклено звоно, кога тогаш ќе мора да го одделиш од тебе. еве ти позитивни страни, мојата таму научи сама да јаде, вода од чаша да пие, ја одвикнаа од цуцла, ја научија сама да се облака, соблака, активности имаат цело време, слики ни праќаат, претстави имаат често, имаат музичко, пејат, играат, сега веќе кажува и песнички шо ги учат таму, 2 години и 4 месеци е. со лесно и позитивна мисла ! :D
     
    На DaftyCrafty, Anturium, KuklickaSk и 11 други им се допаѓа ова.
  7. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    4.147
    Допаѓања:
    8.622
    Пол:
    Женски
    Јас со радост ја пуштив во градинка и тоа од 9 месеци,не размислував на фактот дека може некој нешто да и наштети.
    Е сега кај мене често настинуваше, биди спремна на тоа. Дека може повеќе да е дома отколку во градинка. Не дека нема случаи каде што децата без настинки поминуваат ама ние не сме едни од тие.

    За малтретирање од воспитувачките сме немале. Верувам дека повишуваат глас, ги караат и сето тоа.

    За повреди, во група сме имале касање меѓу децата, со играчка да се удрат, гребаници и слично. Ништо сериозно во секој случај.
     
    На Mother of 2boys и Tiny Love им се допаѓа ова.
  8. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.343
    Допаѓања:
    33.700
    Пол:
    Женски
    Мој совет е да не пуштате дете в градинка веднаш штом се роди бебето. Или пред тоа месец-два или после раѓање по некој месец.
    За останатото се согласувам со другите. Среќно.
     
    На Mother of 2boys, Luna91 и Tiny Love им се допаѓа ова.
  9. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.505
    Ако го носиш во градинка носи го сегА зошто треба адаптација. Особено фазата од 2 до 3 години кога е тогаш ги учат сами да јадат,од пелени ги одвикнуваат и има голема фрустрација тука. Тоа што не удира ќе научи во градинка да удира и да враќа и да гризе. Да не заборавиме дека тука ти се настинки,вируси,бактерии што нема се така совршено да оди. Плус спијат таму нема не сакам туку мораат.
     
    На Mother of 2boys и Anaroz1 им се допаѓа ова.
  10. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    5.313
    Допаѓања:
    10.916
    Пол:
    Женски
    Година и 8 месеци не е мало дете за во градинка.
    И ќерка ми е галена и мазена, прво дете, прво внуче во двете фамилии, прво дете во друштво, па од 11 месеци оди во градинка.
    Не знам зошто имаш страв од градинка. Градинка не е место за мачење деца, туку место за социјализација и едукација на деца. За седење во креветче сигурно нема, не е бебе, а и бебињата кај нас распуштени се по земја.
    Не се брани и бара утеха во тебе зашто до сега немал потреба да воспоставува доминација. Тоа се учи кога е меѓу повеќе деца. Сето ова што го наброја ако не го пуштиш во градинка, те чека кога ќе оди во школо. И таму нема мама, а има поголеми, поспретни деца кои ќе го закачаат на погруб начин.
    Само би те советувала уште од сега со адаптација да си почнете, за да пројдат плачките и болестите додека се роди бебето.
     
    На KuklickaSk, JoyJoy, Mandela и 9 други им се допаѓа ова.
  11. Bebetoo

    Bebetoo Популарен член

    Се зачлени на:
    7 мај 2020
    Пораки:
    1.403
    Допаѓања:
    3.237
    Пол:
    Женски
    Мајки помош.
    Малиот е втора недела во градинка и сеуште е на адаптација, супер прифати и веќе не плачи. Од наредната недела треба да почне и со спиење, но вчера кога го зедов почна да му тече носот и тоа бааѓи. Сношти ми крена 38.4 температура во спиење и со блокмакс веднаш се симна. Нема кренато до сега весел е само од што му се слеваат мрсулите малку подкашлува. Да го праќам утре ваков во градинка?
     
  12. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    6.188
    Допаѓања:
    15.214
    Пол:
    Женски
    За мрсули нема потреба да го чуваш дома, за поткашлување исто. Ама за температура ако не качи пак 24ч, тогаш може да го пратиш. Ако до вечер не качи пак, слободно праќај го утре.
     
    На Bebetoo му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Dionisija7

    Dionisija7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 август 2019
    Пораки:
    142
    Допаѓања:
    24
    Пол:
    Женски
    Дали дете од 2,5 год скоро мора да тргне во градинка од септември или може и март наредна година на пример?

    Како оди тоа формирање на групи?
     
  14. Kolache na mama

    Kolache na mama Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 декември 2020
    Пораки:
    1.437
    Допаѓања:
    2.948
    Пол:
    Женски
    Може. Најчесто за време на летен период не примаат поради спојување на групите.
     
    На Dionisija7 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. anngelique

    anngelique Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    2.817
    Допаѓања:
    7.015
    Пол:
    Женски
    Мене ми рекоа лани стрикно од септември се почнувало, а мене април ми одговараше
     
    На Dionisija7 и Erika.greeneyes им се допаѓа ова.
  16. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.477
    Допаѓања:
    18.800
    Еве моето за некој ден почнува,ми завршува породилното и мора да оди во градинка,не можам да чекам до септември и да сакам.
     
    На Dionisija7 и sani99 им се допаѓа ова.
  17. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    3.139
    Допаѓања:
    5.052
    Може кога сакаш, ама прашај кога се формираат групи, не може од денес за утре да го запишеш, поготово не во градинки кај што се чека со месеци. Кај нас 2 пати годишно се формираат групи. Може сега да го запишеш и да плаќаш минимално за место, а да тргне догодина, ама ова не е дозволено во сите градинки, најубаво прашај си кај нив.
     
    На Mihaela123456, KuklickaSk и Dionisija7 им се допаѓа ова.
  18. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.195
    Допаѓања:
    40.565
    Пол:
    Женски
    Може ама треба со време да го запишеш. Малиот лани во април го запишавме со најава дека ќе почне од март оваа година. Беше распределен во група и во март си почна.
    Ама како што те посоветуваа прашај си во градинката каде планираш, да не имаат други правила.
     
    На Dionisija7 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Kolache na mama

    Kolache na mama Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 декември 2020
    Пораки:
    1.437
    Допаѓања:
    2.948
    Пол:
    Женски
    @Dionisija7 коментаров од Ано на тебе се однесуваше, затоа те тагнувам.
     
    На Dionisija7 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    5.313
    Допаѓања:
    10.916
    Пол:
    Женски
    Кај нас се формираат групи во септември ама се додаваат деца во текот на цела година.
    Ќерка ми почна во јули.
    Прашај си во градинката директ, зависи од тоа колку деца има, дали се чека и сл.
     
    На karak и Dionisija7 им се допаѓа ова.