Па не се раѓаат сите деца во декември... Јас така им кажав и кренаа раменици и нормално фатив врски. Језиво, ама вистинито.
И мене лани во април ми заврши породилното ама се снаоѓав до септември. Секако за упис општо мора со врски ама изгледа за ова требаше дополнителни
Jaс сега поучена од врската моја за се викам, Дајте ми правилник!? За се! Не спие, зимајте го во 1, Дајте ми правилник во кој вика дека дете што не спие треба да го зимам во 1. Не е навикнат сеуште после 2м зимајте го во 12ипол, дајте ми правилник! 3 месец иде, уште не сме ние адаптирани, го оставаат да плаче за да ги разбуди и другите деца, за да се бунат нормално и другите родители, место да го земат во раце да пробаат да го заспијат ним така им одговара изгледа. Немам ништо да направам, ете ќе се потрудам да го одбијам и тоа е тоа, ако и тоа не делува бар ќе знам дека се што сум можела сум направила.
Ама јавувај се, оди, барај си информации. Јас поднесов апликација во јануари, не добив одговор, па ги барав, па ми рекоа рано е чекајте, дојде април, пак ништо, пак ги барав, тогаш ми рекоа дека треба да сменам нешто во апликацијата и да очекувам повик во јуни, пак не ми се јавија и пак ги барав, и летото ми пратија маил. Одев и таму неколку пати да однесам документи па се видов и со раководител и со негувателката, па се договаравме кога да дојде, што да однесам, колку ќе седи, што да очекувам и сл. Не оставај само на нив.
Како што кажаа и другите членки, групи се формираат во септември ама во тек на година си примаат нови дечиња. Ќерка ми тргна во градинка минатиот април, мене ми завршуваше породилно, морав да се вратам на работа, до септември е голем период за да можев да изведам нешто а и немам помош баби и слично. Па со користење стари одмори тргна на 9 и пол месеци. Ама да, мора прашување, јавување и златно правило е да не се кажува ако имаш некоја опција за детето дека тогаш јако си се зезнал. И кога беше период на адаптација (цела среќа многу кратко траеше) јас ја носев,земав или сопругот.
А кога бараат официјална потврда за мрп? Пред сам упис кога се е финализирано или? Имам поднесено електронски само и еднаш бев и кажаа штом имате поднесено електронски, ние ќе ве побараме обавезно. Ама штом е таква работата, ќе бидам поупорна.
Електронски и јас поденсував ама од што ми беше страв да не не ја примат нон стоп вртев. А потврда за вакцини носев кога отидов физички да ги оставам документите тоа беше летото пред да почне, ама мојата беше уредно вакцинирана и не ми рекоа ништо, не знам кога и како ги проверуваат за тоа.
За која населба се работи? Ако е за градинка во Аеродром, барај врски и тоа не на комшијата братучетката, туки дебели врски.
Јас ја запишав без врски. Ама битен момент е што не сум во аеродром (иако сум девојче од таму ) Родена во ноември, документи за упис дадени во јануари а во јули ни се јавија за од септември. Не е секаде гунгула за упис барем јас имам таков впечаток.
Во Кисела Вода и со дебели врески едвај се запишавме. Во Аеродром и Кисела вода има најмногу доселени и со новите згради се направи хаос и затоа е тоа така.
Јас Поднесов пријава електронски кога имаше 6 месеци, ги заборавив. Ми ѕвонеа во август да ме прашаат дали сакам од септември да тргне или покасно ( 9 месеци беше ) Водно, Кочо Рацин. И мислам дека тука повеќето се без врски запишани.