Јас (не за во Ск) си поднесов пријава кога ќерка имаше 6 недели. На крај баравме врски за прием. Кај мене многу мал број на деца во јасли се примаат, а и малку градинки се што нудат јасли.
Јас во Аеродром. Како што пишав поднесовме лани во април, за сега од март. Пишував меил неколку пати не ми одговараа. Најдов човек и кога провери тој веќе си бил распореден и на список во група, само чекале да си дојде, односно да однесеме документи и да почне. Ако не оди околу 500 денари, ако оди околу 1500.
Штом ќе добиете извод одма поднеси, ако не сте од врскаџиите. Нас така не примија. И после некој месец пред да појде ќе отидеш да прашаш за инфо, дали сте примени.
Зарем се такви ? Моево некни као слабо им спиел и реков на земање- тоа е ќе го занимавате да не ви ги разбуди утредента го пофалија.... Не е до одбивањето не се трудат едноставно е... Има , ама после барањето си отидов по листа за јадење да воведам намирници и тогаш сакаа да поминат со ќе ве бараат викам јас со време да дојдам Ние на 2м поднесовме барање и немаше мн дечиња за поаѓање
Иронијата е тоа што, на 200 м од куќа имам градинка, која прима деца само од 2 год нагоре. Беше од 4 ри, ама вчера дознав дека поместиле. И сега ќе мора да носам во други два клона до 2 години. А што убаво ми е оваа градинка, да не кажам , скоро пред куќа. Ај барем нема да гледаат дека баба имаме дома.
Ангел, секаде каде што можат да се вадат гледаат. И јас добивав коментари, како мала е, се мачиме со спиењето, другите плачат, таа се вознемирува. Сега од едната воспитувачка имам коментар ептен дружељубиво дете, веднаш си игра со сите, си јаде, си спие. Од другата воспитувачка наутро кога ја оставам, коментарите се - ми плачи, не се смирува или ќе се смири кратко и пак плачи, вакво е детето, такво е детето. Меѓу другото кога и да добијам слика, моево е од уво до уво насмеано. На земање ни црвено во очи, ни ништо. А сум ја земала и пред спиење и после. Почнав коментари и јас, брзам за на работа, смири ја. Имате куп играчки. Или и ставив во ранец играчка, дај и ја ќе се смири. Или пушти и музика се смирува и си заминувам. Ни дебати многу, ни ништо. Имам трпение, го сакам најдоброто за моето дете, ама пак често и стварно ја претеруваат.
Центар, во корчагин без врски без ништо во април поднесов документи за од септември да почне. Ни се јавија во јуни дека е примен.
Да ве утешам и јас имам градинка речиси во дворот, а патувам 20 минути со воз за да го носам. На листа на чекање е скоро година тука. Ќе ми одмиле градинката додека да го примат, веќе на нерва ми иде кога ја гледам од тераса
зависи од каде сте, ако сте од Скопје - Карпош и Центар е најлесно и примаат без врски, другите општини е обично преполно и потешко. ние сме со живеење во Ѓорче, поднесов само шо извадив извод, немаше ни месец, нормално не ја примија, барав еден куп врски пред на тргнам на работа и на крај ја запишав во Центар, затоа што во Ѓорче никако не можев
Исто и јас вака направив(аеродром градинка). Само што излезе изводот одма ја пријавив, некаде кога имаше 4-5 м им однесов потврди од работа и лк во центрлната и после тоа им идев уште едно два три пати таму да прашувам. Ја примија без врски и тоа во клонот што го пишав ама им досаѓав
Isto i za panorama,gledam site deca se od komsilukot i se 15tina na broj koj pobaral go zapisale. Sega komsii od zgrada bebe vo jasli zapisaa si vleze si pocna periodov bez problem
Без врски, ми се јавија да ја запишам откако поминаа 6 месеци во чекање и уште 4 месеци веќе почната во друга градинка. Со врски можеше да почне веднаш следниот ден. Градинкиве се на 400м една од друга во Кисела Вода.
и јас, ама во државава си присилен и ти така да се понашаш за да функционираш. искрено мене ми се погоди супер на крај, затоа што сега ми е блиску до работа. откако ја запишав после од шо имав потегнато толку луѓе, ја примија и во Ѓорче, ми се јавија да ја преместам, ама си ја оставив во Центар, веќе бевме навикнати тука и градинката ми е на истата улица кадешто работам
Ќерка ми има скоро 3 години, кога поднесовме пред неколку месеци пријава за во Лале-Аеродром, ни рекоа веднаш дека има место, меѓутоа во меѓувреме се разболе и одложувавме, и конечно сега решивме да почне. Бевме денес да прашаме дали сеуште има место, ни рекоа одма може да почне, не сме фаќале врски, ниту сме имале некој познат. И јас се зачудив, бидејќи и јас слушав дека многу тешко може да се запише дете и дека се чека долго. Ќе замолам некој доколку има искуство од Лале да ми пише.
Некои вака прават, а некои успиваат. За во која градинка е ова? Нели им е жал бе да плаче така, аман што им е тешко, ако е само едно детенце па земи смири го.