Децата и градинките

Дискусија во 'Дете' започната од coca, 23 декември 2009.

  1. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.188
    Допаѓања:
    40.553
    Пол:
    Женски
    Јас имам убаво искуство со таа градинка. Криво ми е што и малото не е таму, ама од логистички причини него го запишав во Бамби. Во јасли кога одеше кратко многу беа фини негувателките. Главната во јасли е и месицинско лице. По три негувателки се. После во поголема група исто му се погодија и супер тераше до крај.
     
    На Marinela@ му/ѝ се допаѓа ова.
  2. TammiB5

    TammiB5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2023
    Пораки:
    1.340
    Допаѓања:
    3.346
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите,
    Дали некоја мајка има искуство со градинката Први стапки во К3? како сте задоволни? И дали има некоја искуство со јасли?
    На колку месеци го пуштивте бебче во градинка? Мене ми делува премногу мало да го пуштам на 9 месеци..
     
  3. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    4.426
    Допаѓања:
    13.792
    Пол:
    Женски
    Ич не би го пуштила на 9 месеци, кој е плусот од градинка на 9м? Сега ако нема кој да го чува да, ама ако има до 2 год не би дете за во градинка.
     
    На Iva2020 и Mother of 2boys им се допаѓа ова.
  4. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.256
    Допаѓања:
    125.244
    Ако имаш кој да го чува 2-3 та година пушти го, зорт за брзање не гледам
     
  5. princess5

    princess5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    5.011
    Допаѓања:
    34.817
    Пол:
    Женски
    Моето почна неколку дена пред 9м и адаптацијата ни беше по неколку дена градинка дома но потоа фативме ред за со спиење таму :) велат помали побрзо се адаптираат ;)
     
    На Luminary му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.470
    Допаѓања:
    18.771
    Како ви се адаптираа децата во јасли?

    Моето е 9ипол месечно.
    Тргна претходниот понеделник.
    Кога го давам не плаче,кога го земав првиот ден плачеше со таков плач што до тогаш не го бев слушнала од него,излезе со тажно липтање.
    Вториот ден плачеше, но посмирено. Третиот ден воопшто не заплакал. Четвртиот ден малку плачел,а петокот рекоа исто малку плачел,но приметив модрица на чело,па веројатно се удрил и плачел(не изреагирав,зошто ако се побунам верувам ќе го стават во креветче,а таму па бетер ќе плаче).

    Временски, почнавме со 20мин,стигнавме до 50мин за пет дена.
    Знам дека утре понеделнички ќе има плачки,ако не почне он,ќе почне некое друго и така сите во хор.
    Но што да очекувам,што да барам, да остане 1 час,час и половина?
    Деновите ми се одбројуваат,после Велигден тргнувам на работа...

    Инаку првите 2 дена го носев од 9,потоа учителката ми рече околу 9и40 да го носам тогаш доаѓа и другата учителка за да биде полесна адаптацијата.
    Што е попаметно,да го носам порано да фати појадок или да барам да останува подоцна, до кај ручек?
     
  7. strelec231992

    strelec231992 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2014
    Пораки:
    488
    Допаѓања:
    1.050
    Моето се адаптираше прилично брзо иако е лепенка за мене, ама тргна на 15 месеци. Првата недела стигнавме до 12ч, а веќе следната до 2, со тоа што го зимам уште во 2ипол бидејќи многу малку спие таму, со спиењето не можеме да фатиме ред... Јас го носам од прв ден од 8 часот пред доручек, ама таква е политиката на градинката, знам дека во многу други привикнувањето е после доручек. Мислам дека попаметно е пред доручек да го носиш за да си се навикне и постепено ќе зголемуваш по пола саат за зимање.
     
    На Sofi.ja му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    5.285
    Допаѓања:
    10.843
    Пол:
    Женски
    Ќерка ми тргна на 10 ипол месеци во јасли во Први стапки. Сега има 2 години и 8 месеци, јас сум презадоволна. Вале ти е во јасли, експерт за адаптација на бебиња :D.
    Ако немаш кој да го чува фала богу дека ќе го пуштиш, што ќе правиш. Има од 6 месеци идат во градинка.
     
    На TammiB5 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Luminary

    Luminary Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    2.757
    Допаѓања:
    46.936
    Пол:
    Женски
    Син ми тргна од 8 месеци. Имавме 4 недели за адаптација.
    Првата недела седеше 15-30 минути, следната беше 1-2ч, потоа се обидовме со дремка па си дремнуваше таму. И последната недела го носев рано за да фати појадок, и го земав во 14ч веднаш после дремката. Сега седи до 16ч.
    Исто беше на почетокот како што опишуваш, првите неколку денови го оставав и го земав со плачење, но ми кажаа дека внатре се смирувал. Потоа веќе од втората недела беше посмирен, плачеше само на оставање.
    Тоа е, нормална реакција е, и ќе се навикне со тек на време. Важно е да јаде и да заспива, другото ќе се среди.
    Еве син ми веќе еден месец од прилика оди, па пак некогаш кога не му е денот знае да си кенка на оставање.
    На секое твое прашање јас се јавувам да си кажам, не те сталкнувам, само иста возраст ни се бебчиња, па се надевам дека барем малку ти се од корист одговорите. :D:D:D
     
    На CareTee, Mother of 2boys, sani99 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.470
    Допаѓања:
    18.771
    Хаха таа е возраста,воопшто не ми пречи што ми реплицираш:D
    Се надевам на успех и кај нас, фала за искуствата.
     
    На CareTee, princess5 и Luminary им се допаѓа ова.
  11. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.504
    На 1 година го пуштив иначе децата што одеа во јасли и кога пораснаа и кога ги превземаа учителките од прва мала група од 2 до 3 години полесно се адаптираа другите и не баш.
     
    На TammiB5 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.724
    Допаѓања:
    8.996
    Пол:
    Женски
    Сега овие во јасли што и се учителките на ќере нема да и бидат истите догодина?
    А баш многу ја засака едната.
     
  13. princess5

    princess5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    5.011
    Допаѓања:
    34.817
    Пол:
    Женски
    Почетокот е тој се зголемува периодот но нас ни рекоа по 1недела да почнеме од пред доручек па одеше така недела дена докај 11 ,па (со пауза) почнаа до 12 и веќе деновите пред да тргнам на раб-знаеа од старт дека тргам го оставија со спиење , имаше денови кога на оставање знаеше да заплаче но не она класично туку да е ќенкав и тоа на почеток на неделата на пример за до петок и да знае кај оди па да не плаче...
    Нормална реакција им било тоа дека се освестуваат дека ги "оставаме" но секогаш ни се радува кога го земаме :)
    Некогаш знаел помалку спие ама бидејки само он е под годинка па знаат да го заиграат да не им ги разбуди другите... а некогаш знаел на почеток и прв да заспие ... така да индивидуално е до детето но мислам дека со отворен разговор дека од тогаш мораш на раб, така и тие ќе помогнат за полесна адаптација...
    Со лесно мама :*
     
    На Sofi.ja му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.504
    Една само иде со нив и после тоа или ќе ја остават или ќе се повлече зависно од градинката нели :)
     
    На Mother of 2boys му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.724
    Допаѓања:
    8.996
    Пол:
    Женски
    Јас мислев истите до крај дека се. Пошто вака му доаѓа пак адаптација.
    Зимоска кога беа одморите и кога беше и со тие од прва мала плачеше од тие учителки. Се навикнала со нејзините, со другиве ич не сакаше
     
  16. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    6.865
    Допаѓања:
    36.480
    Пол:
    Женски
    Кај ќерка се сменија и двете ама не видов никаков проблем. Одма ги прифати
     
    На Mari-Li, Anaroz1 и Erika.greeneyes им се допаѓа ова.
  17. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.504
    Ќе се навикне и со другите со тек на време не се секирај. :D

    Што би направиле доколку цело време од градинка ви кажуваат дека детето е немирно, немирно во смисла да не сака да си ги извршува задачите сите циртаат дрва итн, а он шкрта, повеќе сака да е слободен да кажам. Веќе преку глава ми е нон стоп едно исто да зборуваат кога ги прашувам што да му направам ми викаат епа не знам казни го, а детево е такво што не е поврзан со нешто за да му кажеш дека нема тоа да го добие па да се потресе толку.
     
    На Erika.greeneyes му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.470
    Допаѓања:
    18.771
    Колкавоне детето?
     
  19. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.504
    3 години и 7 месеци
     
  20. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.724
    Допаѓања:
    8.996
    Пол:
    Женски
    Ќе се навикне не велам не. Ама сега таа што и е негувателка многу ги сака децата многу се грижи и сите деца ја сакаат. Дури и на психологот и се испушти уз муабет дека е најдобра. Ама тоа и по дела се гледа. Децата како лепак се за неа.
    Додека пак во прва мала со родителите што се сретнувам вака во градинка никој не е задоволен од тие две. Не се посветувале многу на децата.
    За таа едната слушнав била вработена на принципот таткото владика синот поп.
    И криво ми е што нема да и биде до крај таа негувателка.
     
    На Mnik му/ѝ се допаѓа ова.