1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Децата и градинките

Дискусија во 'Дете' започната од coca, 23 декември 2009.

  1. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.505
    Кај нас во градинка од прва мала си тераат до крај не се менуваат и така учителките си фаќаат еден клас да кажам и го тераат до крај. Не знам кај вас во градинка како е принципот. И кај нас има такви да не кажам таа едната сите ја знаат малтене уште клоца да им удри на изнесување на децата и одвратна е. Додека мојов пак во јасли уште ја памти таа и секој ден оди да ја гушне кај бебињата :)
     
    На Mnik и Erika.greeneyes им се допаѓа ова.
  2. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.768
    Допаѓања:
    9.071
    Пол:
    Женски
    Баш ќе видам како ќе биде. Во септември се менуваат, така?
     
  3. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.343
    Допаѓања:
    33.700
    Пол:
    Женски
    Со оглед на возраста на детето, ако не е сега прв пат во градинка, тие имаат пропуст што не направиле авторитет кај него. Не мислам дека треба дома да го казнуваш за тоа што (не) го прави в градинка, но треба да зборуваш. Има време за слободна игра и време кога сите работат дадена задача.
     
    На Sofi.ja, lovely91 и Mother of 2boys им се допаѓа ова.
  4. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.128
    Допаѓања:
    9.833
    Пол:
    Женски
    И син ми жали по претходната учителка. Оваа што му е сега (во предшколска е) не може да ја поднесе. И не го обвинувам. Повеќето деца се гледа дека не ја сакаат. Си ги има поделено децата спрема кое чие е, и со кои родители би требало да е "добра" зошто утреден може да и' треба услуга. Баш има едно девојче што сите ги малтретира, женава ни а ни б не им вика на родителите, јас вчера одам го земам од градинка, ми вика "ххх денес не беше мирен, ја турна другарка му". Значи јас го искарав, деца ко деца, све се случува, ама моево еднаш ќе направи нешто и одма да каже, а син ми модар што идеше едно време на секое дома, никому ништо. Дур не ја седна мм директорката да и' каже дека ако не превземат нешто, ќе ги пријави и дур син ми еден ден не и' се спротивстави на девојчето и ја удри и тој, буквално не прекинуваше. Ми идеше да ја прашам по кои критериуми бира на кои родители им се жали?
    Одсекогаш сум сметала дека за професија доктор, негувател, наставик итн ако не се осеќаш способен да ја вршиш, ич не се труди да учиш. Не може детево мое само зошто не работам во банка, да треба да трпи невоспитано дете на таа што работи во банка. Ако е за така градинката има доста корист од мм, ама не она директно туку директорката, па затоа моето дете е обичен смртник. Многу се нервирам со таа градинка последнава година.
     
    На LizzyGrant му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.768
    Допаѓања:
    9.071
    Пол:
    Женски
    Најверојатно секаде така ги третираат децата, иако не признаваат. Тие што се деца нс адвокати, наставници, и тако даље луѓе костимосани нивните деца може да идат и мрсулави и од одма со спиење да остануваат. Нас другите не мафтаат.
     
    На Mother of 2boys и Mnik им се допаѓа ова.
  6. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    4.147
    Допаѓања:
    8.622
    Пол:
    Женски
    Еве и од помал град. Не знам многу информации за другите родители кој каде е, меѓутоа неколку што ги знам во државни институции на секое оставање веднаш се бара од нив некоја услуга да завршат, направат поитно.
    За право кај нас во група има и такви што самите родители се докажуваат и покажуваат. Без разлика дали било или не побарано од нив.
     
    На Mnik и Erika.greeneyes им се допаѓа ова.
  7. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.128
    Допаѓања:
    9.833
    Пол:
    Женски
    Ама кај мене ова апла приметливо е. До вчера ни "Добар ден" не си викале, сега им ставаат срциња на слики, па тоа лигавење "Среќен роденден на малата Ххх, се најубаво, цел живот да ве радува, прекрасно детенце, секој родител би се гордеел со вакво дете" а тоа дете од влегување во градинка нерви им крева на сите. Едно време на боледување беше и нејзината група беше споена со помалите, детево пресреќно ми одеше во градинка зошто си беше кај старата учителка и уствари она ми кажа што му правело девојчево на син ми и на многу други. Им бегала демек во вц оди и одела кај бебињата и намерно ги мавала. Или кога ќе доаѓале маливе и кога ќе се погодела тука ги штипела, овие кутриве плачеле, ама уште не зазборени и не знаат да кажат. Кога ќе ја искарале, оваа нивнава од поголемава група, ја бранела. Да ти се повраќа. Иначе да и ние сме во помало место и многу лесно се' се дознава.
    Се радувам од Септември прваче ќе е, нема да ја гледаме веќе.
    Има и други деца што прават проблеми, не дека не, и не дека моето е цвеќе, ама ова е ужас.
     
  8. Mari-Li

    Mari-Li Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2011
    Пораки:
    1.338
    Допаѓања:
    2.921
    Јас апсолутно немам против да се менуваат учителките. Баш напротив не сум за да се врзуваат со една и малите требА да учат нови карактери на деца и возрасни. Мислам ние повеќе возрасните се поврзуваме со учителките. Децата се многуууу поадаптибилни. Кога живеев во УСА, таму секоја година се менуваат по дифолт, дури и групите на деца се мешаат. За мене тоа е услуга на детето, бар ја така гледам на работите.
     
    На Mimmi39 и karak им се допаѓа ова.
  9. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.505
    Он е специфичен да кажам. Не го прави тоа што ќе му се каже од инат и да го казнат во ќош, да не му дадат нешто не е потресен ќе аи најде друга занимација. Конкретно е проблемот ако му кажала учителката дека треба да го обои бумбарот он набрзина ишкртал и толку. Да напоменам дека дома истото го прави со боенките додека со пластелин,темперни,глина се му е интересно и сака да прави. Цртежите што ни ги даваат се океј нацртани направени, за нејзе е проблем зошто кога она ќе се свртела со грб он не го правел тоа што му го кажала она. А дознав и вчера дека не е единствен имало неколку деца.
     
  10. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.477
    Допаѓања:
    18.800
    Не се замарај,на таа возраст и моето шкрткаше набрзина, не го привлекуваше воопшто боењето. Ама затоа уживаше во темперни и водени бои.
    Јас мислев дека е проблем, разговарав и со учителките ,а тие ми рекоа да не се грижам,не сите деца за исто се интересираат во одредена возраст.
    Сега на 4ипол год ми носи цртежи комплетно обоени,без да излезе од линија,педантно и уредно боење.

    Учителката треба сама да си воспостави авторитет,не си ти во занимална па да го контролираш.
     
    На Brpbrp му/ѝ се допаѓа ова.
  11. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    6.938
    Допаѓања:
    37.225
    Пол:
    Женски
    Јас не разбирам што треба ти да направиш. Збори дома ај, кажи му треба да си ја слуша учителката, да бои ко ќе бојат сите бла бла бла, ама ако не се замара детето, не се замарај ни ти. Мое мислење, друго и не можеш да направиш. Да идеш ти ако не да му стоиш над глава за да бои (facepalm)
     
    На Brpbrp му/ѝ се допаѓа ова.
  12. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.645
    Допаѓања:
    113.692
    Пол:
    Женски
    Факт е ова, ама детево за 2г ќе оди у школо, мора да научи авторитети. Обврските нека си ги заврши па нека бои колку сака.

    @Brpbrp освен да збориш со него не можеш друго да направиш, ама со многу внимание за да не создадеш контраефект. Неминовно е дека мора да научи дека во животот се прават и работи кои не ти се по ќеиф, ама мора да се најде начин како и кога. Свекрва ми е воспитувач и она не ги седнува на столче да работи со нив од стоечка позиција туку седнува до нив или на земја ги седнува и она меѓу нив, така нешто и им вика, ајде малку да поработиме па ќе играме. Мислам таков пристап само може да го одоброволи. Еве и во школо кај големото, пошто сепак на 6г се само деца, премали се, во прво долго време после часови им дозволуваа да играат со коцки, со слагалки, со друштвени игри...
     
    На Brpbrp и IRBBB им се допаѓа ова.
  13. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    6.938
    Допаѓања:
    37.225
    Пол:
    Женски
    Па тоа викам и јас, освен да збори збори збори дека треба да се слушаат учителките, не разбирам шо да прави.
    А не разбираат ни они чим и викаат "па не знам, казни го".

    Да казнуваме 3 и пол годишно оти не сакало да бои, нашкртало набрзина? Некако ми нема смисла реално.
     
    На Sofi.ja и Brpbrp им се допаѓа ова.
  14. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.645
    Допаѓања:
    113.692
    Пол:
    Женски
    Казни и награди почнав да воведувам на 6г, кога реално сфати што и како се случува со работите кои ги прави и кои последици ги носат. Под казна мислам нема гледање цртани или нема играње или коцките ги собирам на неколку дена... Размисли што и како било па да разговараме и сам доаѓаше да ми каже, не да го терам на сила. Кај мене така тоа функционирало. На крај памет не ми паѓа јас да изигравам лош полицаец за неуспехот на учителките, јас за моите работи и моето воспитување сум одговорна, за нивното они. Нека најдат начин. Ама ќе зборувам за обврските кои тек не чекаат како растеме и дека треба да правиме и работи кои не секогаш ни се по ќеф.
     
    На Brpbrp, IRBBB, Luminary и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Simovska92

    Simovska92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    41
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите, имам бебенце 14 месеци го чуваше жена досега но откажа, не можам да најдам замена и мора да тргне во градинка. Тука имаме 2 опции приватна и државна во приватната биле 15 деца во јасли а во државната 30. Го немам пратено досега во градинка затоа што е прематурче имаше доста комплицирана ситуација фала богу сега е се океј. Имате ли некој совет за превенција од вируси и дали да бараме друга приватна со помалку деца, мислев дека се по 5 некако 15 во јасли ми се видоа многу :(
     
  16. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.343
    Допаѓања:
    33.700
    Пол:
    Женски
    Нормално е да има афинитети кон нешто и да не сака нешто. Ама не мислам дека е мал за да учи дека постојат работи што треба да ги прави иако не ги сака. Се разбира дека не се учи тоа преку ноќ, дека возраста не дозволува работите да се процесираат од наша перспектива или дека некогаш ќе попуштиш и ќе дозволиш нешто да е по негово.
    Се согласувам со @AngelOfArh дека за 2г ќе тргне на училиште и треба да научи авторитети.

    Стоењето во ќош според мене прави обратен ефект. Или ќе го затераш на инает или ќе му стани забавно или секојдневие, ко рутина дека треба да стои во ќош. Повеќе ќе научи и прифати ако му се признае и вреднува трудот преку награди. Не знам, пример да носи беџ дека боел во линија или белегзија дека јадел грашок или пехар дека таа група подобро сработила од другата...

    Пак ќе речам дека пропустот е само нивни, тие се тие таму што поставуваат граници. Ти можеш (и треба) да зборуваш дома и со ваша взаемна соработка (не мислам на казнување и наградување надвор од градинка за однесувањето во градинка, туку насочување, разговарање) може да се поправи неговото однесување во таа средина.

    Ова е мое лично мислење како родител, не сум педагог, ни психолог.
     
    На Ano, Brpbrp и AngelOfArh им се допаѓа ова.
  17. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.505
    @Sofi.ja @LiquidLuna @AngelOfArh @IRBBB Повеќе би рекла дека е нивен пропуст он не оди долго во градинка од Септември почна. И упорно седнат е на маса со дете што константно прави глупости и не го менуваат зошто други 2 девојчиња од истата маса работеле. Ама не допира тоа до него да му кажат ете гледаш како они работат, а ти ништо не правиш. И најверојатно наместо они на него да му најдат некоја цака како би соработувал он ги има научено нив дека ако викнат и ако го скараат он се смее. И негователката го има тоа кажано вика јас го карам тој во фаца ми се смее и јас тоа многу добро го знам зошто дома истото го прави, а ако го фатиш со игнорирање и да му го правиш истото што и он тогаш е смирен и ако му свикаме пример погласно он смирено ни вика што викаш не викај.:D
     
    На Sofi.ja му/ѝ се допаѓа ова.
  18. i13dk

    i13dk Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2010
    Пораки:
    710
    Допаѓања:
    845
    Ако мислиш за разболување, верувам дека и во приватна и во државна се разболуваат дечињата, едноставно е природен процес на билдање на имунитетот. Јас сум искрено задоволна од државна градинка, иако немам искуство со приватна за да споредам конкретно, меѓутоа не сум имала ни потреба да сакам да го преместам во приватна детето.

    Јас цело време му давам витамин Д, витамин Ц и омега - некогаш Бекутан мулти омега, некогаш Молерс.
     
    На Anaroz1 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.645
    Допаѓања:
    113.692
    Пол:
    Женски
    А ако зборуваш со него што ти вика? Пример да му кажеш отоврено дека како што ти на работа си ја работиш работата, децата во школо учат, така и он во градинка треба да бои. Дека тоа му е задача, дека мора да го сработи тоа. Не работат којзнае колку време, дали 1 час во денот реално работат, се друго е игра. Пробај и дома некоја таква активност да имате по 1 час, не знам, да боите, да решава работни листови за негова возраст и слично. Брзо ќе поминат 2 години ќе треба да оди во школо, ќе имаш и таму мака. Мора да научи да прави и работи што не му се по ќеиф.
     
    На KuklickaSk му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.505
    Дома си работи и по 3 саати знае да прави нешто. Пример со темперни знае 1 час да се заигра дури и 2. Во боенка не бои. Ако правиме друга активност да лепиме нешто се заборава со тоа и надвор не сака да оди дури.Кај него е проблемот што ако му кажеш е сега баш мораш да седиш тука и да не мрднеш он контра прави од инат не од нешто друго. Најверојатно им треба поинаков пристап од типот на тоа добро што сакаш прави и ќе види дека сите седат и он ќе седне, а ако фокусот им е на тоа мора да седнеш и да го тераат со сила и он инат им тера. Истото и дома е ако е игнориран ќе види ќе невиди ќе седне и ќе бои со мене ако му речам седни да боиме нема да бои ќе шкрта само.

    Ја знае цела азбука уште од по одамна, знае да брои повеќе од 10, сега веќе и се труди да пишува некои букви ги знае да ги напише и на англиски знае да брои зошто имаме книга дома една.