Се случило ли некогаш негде некое дете да почне во градинка без плачки? Одиме 4 дена и поминува супер, денес истера и доручек и ручек. Или да не се радувам предвреме па да почнат плачките одпосле? 19 месеци е дечкото
Mojava isto, doduše pogolemka beše, 3 godinki, nikogaš ne zaplakala ili da kažala ne odam... Prviot den 30 min za prv den, ja ostaviv ona srekjna mene žal mi padna hhaha, i koga dojdov posle pola sat učitelkata mi vika kjerkata reče ušte malku ako može da se prošetate da si poigrala
Мојата на 4ти ден остана со спиење, на 21 месец. Не дека не заплакуваше ама беше онака малку тажна првите 3 дена. Многу е опуштена по природа, дури премногу некогаш, а мислам дека и воспитувачките беа клучен фактор, они сами рекоа оставете ја на спиење. И толку и траеше адаптација, цели 4 дена . Ама се на се 2 месеци само идеше после почнаа болести и си ја прибрав. На есен здравје пак .
Се надевам ќе остане вака. А да многу зависи од учителките. Со првото се сеќавам беше иста возраст и првиот ден кога дојдовме јас во раце го држам и му кажувам ајде оди да ги видиш децата со учителката а таа ми вика "ај без драми" и ми го грабна од раце и нормално му ја рикна да плаче и секој ден одевме со плачки мислев дека така е нормално, до крај не ја засака градинката. Сега за помалово ми дозволија јас да го внесам во занимална и првите 2 дена по 10 мин останував со него, 3 ден ми кажа чао и си влезе сам со учителката. Ма да он е по друштвен и од бебе е мешан со луѓе и деца за разлика од првото.
Првите 3 дена не плачеше воопшто и беше пресреќен таму. 4ти ден се разболе па останавме дома неколку денови и тогаш кога тргна беше хаос. Тек сега после 2ипол месеци не плаче веќе многу туку онака знае да се жали само и да ме гушка ама брзо му поминува. Може да смени ама и не мора, само биди упорна и не се откажувај. Со лесно
На почетокот два дена плачеше. Па се разболи. После враќањето месеци немаше плачки, за сега да сме на тоа уште од во двор да плаче. Истата градинка, истите воспитувачки, се исто. Причина не знам.
Моето. После година дена одење, сега плаче, после празници, избори и се што се собра месецов.. Се одвикна. И плус една недела болна беше пред празниците.
Моето исто, тргна на 22м, за 2 дена почна со спиење без никакви плачки. Правевме пауза ноември и декември, пак не плачеше кога тргна во јануари. Сега 2 недели пак пауза и пак немаше плачки, одвај чека да оди секој ден.
Од 9 месеци оди, ниеднаш нема плачено, а летото праевме цел месец пауза. Се врати без проблем после тоа
Како бе не ви плачат во градинка? Се прашувам зошто и јас го немам тој добар дел барем едното да не вриштеше во градинка? Еве ги 2 и 3 ипол години се, и уште плачат на одење...
Мојот плаче после секоја пауза од разболување, а плачеше и на почетокот повеќе па дури и на земање, ама ми викаат дека таму кога ќе ги види децата се смирува и си игра. Кога ќе го земам сега е супер дури и чао им кажува на учителките, 16 ипол месеци е
Моето како тргна во септември на 14 месеци нема заплакано во градинка. А имаме правено паузи, првите месеци повеќе и дома беше од сите болести што ги закачи. Дури сега после 9 мес одење врза 2 месеци одење без прекин.
Моиве уште си плачат.. А мирни се таму, си играат, не се закачаат, не се тепаат, си јадат се... ама едно нешто нема да е погодено.
Колку време одат во градинка? Ќерка ми е од 10 мес, сега е 2 г и 8 мес, кога ја оставаме трча внатре, не не ни гледа. Еднаш седевме до 6 во двор зашто нејкеше да си оди од градинка. И не знам што е работава ама кај нас во градинка еден куп деца има така, нејќат да си одат. Се смееме со учителките што им првите на децава, што им правите на децава што нејќат дома.
исто. од 9 месеци оди, сега е 2 ипол години, едвај чека, ја носам сабајле и со трчање влага, ни чао, ни се врти да ме види, ни ништо, жива пресреќна е. и кога ќе ја земам и викам како си помина во градинка и прво ми вика многу убаво и после ми раскажува шо праеле
Туку дали има дете што оди во градинка и не е 90% од времето не е со затнат или растечен нос? И витамини куп давам и спрејови прскаме цело време и ја оставам дома да дооздрави кога веќе ептен е настината и по 3 денс во градинка пак истата приказна.