Мојата може дека ја пуштив на 2 години и 8 месеци па немавме период на адаптирање од прв ден без плачење си седи во градинка и обожава да иде. ГЛедам постојано слики каква им е наставата и интересно им е може затоа сака да оди. @Miss_S мислам дека не постои такво...И витамини, овошје и зеленчук си јаде секој ден и пак е или затната или кашла...
Најредок феномен ќе биде тоа. Не постои такво дете, да ти кажам од старт. Ене големиот е 8г па се е затнат, 1м у лето е мирен и пак наново цела година.
Во 6 месеци што е запишана не сме истерале цел месец воопшто. Кога е само една недела појдена, па 3 се лечиме дома, кога 2 таму, 2 дома. Веќе се разочарувам што се вика.
Рано е, не и се извртени сите вируси/ бактерии. Првата година повеќе дома се него у градинка ама како растат зацврстуваат, ќе врзува повеќе време.
Рано е за 6 месеци да не е со растечен нос. Ќерка ми после година дена ојача, ништо не и давам витамини, спрејови веќе. Првата година све живо и диво и давав, пак носот и течеше цело време и се разболуваше.
Е малово од бате уште на 2ипол месеци закачи инфекција на уво, така да не ни е ништо ново. После 2 недели мислам крена тт, една седеше дома, се опраи малку и го пратив. Јас сфатив дека можам и 1г да го чувам да се опраи, џабе е, штом тргне ќе се разболе пак, така да најмногу сум чувала дома 10 дена, најчесто за 1 недела праќам. Додуша досега за 4м само 2 пати седел мали, големиот ме научи на лекција.
Втора година како иде у градинка, во месецот севкупно до сега најмногу 6 работни дена има идено. Ќе појде 3 дена, четвртиот затнат, петиот со бронхит. 3 недели дома, пак го пуштам 3 дена, 4тиот стомачен вирус. И сѐ во круг. Џабе плаќам градинка.
Нема спас за нас, тоа така се вика, еве го сега малиот е со стомачен вирус, мислам дека поише го мачиме вака него ли што им правиме добро. Големиот е 3 ипол години скоро, тој до лани многу ми се разболиваше, сега и да го фати нешто лесно му поминува, иако тој е плачко и му сметани 37 тт.
Mojata ne e zatnata ni rastecena a nonstop odi. Jas i davam samo sambucol forte i vid d i omega normalno. 3 god e,od bebe odi vo gradinka ama generalno mnogu malku se razboluvase
Има како не, грешката ти е што фрлаш пари на разноразна хемија и такви вештачки продукти, остави го детето да ујача, дај му време да створи имунитет, храни го здраво овошје, зеленчук, место да купуваш витам ц давај му зелка, портокал…, омега-риба, за железо гравче, леќа, грашок… исфрли шеќери, колачи, сокови, чипсови и такви нездрави закуски, доволно сон во нормална доба, не е здраво дете да легнува после 22часот, прошетки во природа…
Моето дете конкретно (16+ месеци) јаде секакво овошје, зеленчук, не пробало ни чипс, ни сок, освен дома цеден лимон/портокал, шеќер освен во Чоколино во градинка исто не јаде, така да сепак ете е од тие кои често настинуваат и кои имаат потреба од поткрепа на имунитетот. За спиење 90% од времето е пред 21:00 заспано. И на воздух прошетано и се тоа. Ама ете надежно со тек на време може и ќе почне за сврзува и неколку недели во градинка без прекин.
Ти пишав и горе дај му време да се ујача и да створи имунитет, впрочем што очекуваш од дете старо само 16м, не се челичи преку ноќ, сни го поминале ние тој пат имам пишувано и тука по три антибиотици пиело во месец дена. За поткрепа на имунитет (и бимунал, бронховаксум… и не ми ни текнува што сум давал друго ефект нула), сепак ти си мајка и знаеш најдобро, фармацевските куќи си го тераат бизнисот на најранливите категории, како и да е веројатно и сама си свесна дека и покрај поткрепата која ја даваш пак се вртите во круг
Еве и ние сме во круг, втор антибиотик пие месецов, се од таа градинка, ако седи дома е супер, цела годима беше здрав, ништо сосема, почна у градинка за 2 дена болен, со стомачен вирус и се остало, јаде и овошје и зеленчук, секој ден, јадат здраво, впрочем све си јадат, ама ете 3 години и 3 месеци е, уште од таа градинка не се опорава, сега за колку време да го пуштам и дали да го пуштам се мислам, зошто не смеам ниту јас толку често да земам боловања, не знам што и како е паметно и разумно веќе.
Кај нас една година траеше сагата на болести, три дена в градинка и две недели дома, дај му време нека ги мине вирусите и бактериите, и стрептокока, мораксела, сипаници, стомачни вируси, повраќање, венски терапии… и што ли уште не… ќе дојде момент ќе ојача и ќе си створи имунитет само секое дете различно.