Веќе што све немаме фатено од таа градинка, корона, адено вирус, сипаници, сите можни бактерии, бронхити, пневмонија, ларингити, коњуктивит 100 пати, воспалени уши 100 пати, ма све веќе не знам дали постои нешто што не сме прележале. И еве пак и пак е болен за 2 дена макс 3. Нема спас и нема. Колку време после антибиотик си го пуштала во градинка? И дали даваше суплементи или не?
одма го пуштав нареден ден по испиен антибиотик. Сум давала бимунал, бронховаксум, диво оригано….и тоа по препорака на педијатар, не на своја рака, и покрај испиени дози пак иста песна пак болно, веќе ми немаше смисла да фрлам пари тотално разочарана. Еве го да не го подречам последно испи декември месец лекоклар од тогаш се нема напиено антиб, ќе му протече нос го прскам синомарин што е со најголем притисок и му ставам за нос капки назопас се викаат за два три дена само му прекинува, суплементи ништо не давам месеци уназат.
Е сега за овие пневмонии, бронхити не знам не сни имале таков случај, претпоставувам треба дома да седи да ујача имунитет, кај нас маката мачевме со вируси, бактерии, крвни слики, брисеви, високо црп кои укажуваа на бактериски инфекции и стално со антибиотици завршувало
И јас истото го мислам за суплементи и не давам за џабе, само пробиоток давам, и нели храната. Ваљда ќе го пуштам од понеделник пак, не знам ама ми се одмилува градинкава вака, искрено. Не знам веќе колку е добро да пие толку антибиотик, ама мора кога ќе фати бактерија, знае веднаш да се спушто на плуќа, не помагаат ни инхалации тогаш. Колку години е?
Упорност само и челични нерви, тие ќе разболат, ќе оздрават, јас побелев за таа една година. Моето е 4години и 2 месеци
Е баш така, јас сум 10 пати поболна кога нешто им е нив, психички не сум арна на оваа тема за болести веќе. Вие сте поголемки, ама безразлика болно дете е болно дете.
Искуство со објектот Синоличка до Општината во Кисела Вода, конкретно јаслена група? Не ги знам негователките, таа што го прими не се ни претстави, имаше таков лош и одбивен однос незнам..нит да се насме, ни да се поздрави да се претстави..каков за прв ден ужас.
zdravo sakam da prasam koja e vo red vozrast za da se pusti dete vo gradinka malata ni e 2 godini i 3 meseci i seuste ja nemame pusteno da odi vo gradinka nekako ne saka mn deca poveke e privrzana so nas domaasnite so babi i dedovci a gledam deka ima sram od deca malku i mi e strav kako ke se adaptira tamu pa sakav da prasam dali sme zakasneti ili ne ?
Пуштај дете во градинка, не е касно. Како растат потешко оди адаптацијата, иако и тоа е индивидуално. Нормално е со вас да е приврзана најголемиот дел од времето со вас го поминува. Моето исто лепенка беше за нас, откако тргна во градинка се прероди. Многу подруштвен, сам почна на деца да им приоѓа. Само спреми се психички дека многу често болна ќе биде ама и тоа мора да го помине порано или покасно.
Е така, ама јас додека давав редовно 3м секоја есен Дефендил, без прекин, детето ми беше здраво цела година, е годинава прв пат не дадов и нема што не фати и нема што не помина, купив пролетоска, испи 2 шишиња и кругот заврши, конечно 2м без воспаление некое и некој вирус. Јас Дефендил на своја рака земав, без доктор, дури докторот и против беше, па си видов аир и фала богу престана да се разболува толку често бар вируси не фаќаше.
Е па тука е разликата. Пред некоја година на другарка која за секое кивање го запираше детето од градинка и "солев" памет дека не смее така, меѓутоа нејзиното постојано завршуваше со опструкции, бронхит и слично. Години наваму, нејзиното скоро без прекин е во градинка. Јас и моево уште кревет што немаме претплатено кај матичните. Мислам веќе им се темни кога ќе не видат од настинки, вируси, бактерии, бронхити и слично. Знам дека е период и ќе го надминеме, битно сега моментално е таква ситуацијата.
Тоа е тоа, исто сме и ние, се живо поминамвме, и пак е болен за 2-3 дена во градинка, не знам колку е нормално по 2 антибиотици у месец да пие веќе, 3 год и 3м е, џабе. Додека е дома, поточно одиме се дружиме со деца, во парк, на лулашки и сл. Супер здрав е, штом појде во градинка за 2 дена макс 3, е болен. Нема спас, ми се одмили и градинка и се веќе!
Исти сме, нема нешто што не закачил до сега а немаме ни 2 години. Кај нас рекордот е две недели во градинка и еве сме со воспалени уши.Ми се плаче за него од што му е тешко.. ама ќе издржиме. Денес докторката ме праша а мора ли да оде во градинка? И еве уште се мислам дали е исправно или не. А што убаво му е во градинка, се дружи времето му е исполнето со деца и многу нови работи учи од таму. Засега ќе паузираме месец и нешто, бидеќи ќе одиме надвор од државава барем таму да е здрав. Од јули најверојатно пак ќе го пуштам. Давам виранто не знам колку помага. Уште дефендилот ќе го земам сега и со него да пробам еве. Едит: Јас пак сум со мисла дека ако сега не ги помине настинкиве кога ќе тргне на училиште така ќе е болежлив.
ДРЖАВНА ГРАДИНКА Дали не им е срам ова да го бараат? Треба градинката како институција, да се погрижи прво да најде пчелар. А, ние за што плаќаме градинка? Не дека некој нема во пресрет да им излезе. Хумано е. Сепак.... Некако не ми е малку јасно ова со осилото... "Почитувани родители, во дворот на градинката од задниот влез има осило со стршлени. Од заводот кажаа дека не можи да се прска за да се уништат, треба да дојди некој пчелар со заштитна опрема да го запали осилото. Дали има некој родител што се занимава со пчеларство или познава некој пчелар, да ни излези во пресрет да се запали осилото, бидејќи сега времето се стоплува и децата ќе излегуваат почесто надвор."
Можеби барале, па не нашле. Не се нафаќаат сите пчелари ова да го направат, ти кажувам од искуство. Сепак стршлени се и треба некој искусен да го направи. И btw доста со тоа за што плаќате градинка, давате 25 ден по оброк за дете, дај не претерувајте со тие 1500 ден.
Се слагам за цената, премалку е за да очекуваме да средат се сами, а и буџетите од општините и социјално се мали. Но! За градинките се одговорни општините, нека си пријават таму, не да бараат од родителите, сепак недајбоже ако не успее некој родител ќе биде виновен после, а општините си имаат служби и ќе го решат тоа. Сепак и да не го реши општината тоа, јас ако можам како родител би го направила тоа, за доброто на моето дете и неговите другарчиња.