Да се слагам, ама верувај ми на зборот дека за стршлени не вреди да се чека општина, треба брзо да се реагира, мислам дека бараат само помош или предлог.
За затнат нос. Само пазете со капкиве, содржат оксиметазолин, исто како оперил и септаназал, макс 7 дена се користат.
Мислам дека пребурно реагирате. Градинката само бара помош од вас како родители за побрзо да се среди проблемот, за доброто на вашите деца. По службен пат ако чекате, ќе се одолговлечи работата, а можеби и ниту еден пчелар нема да се јави на повикот од општината. Доколку има некој родител пчелар или некој има пријател пчелар поверојатно е дека ќе се нафати да го среди проблемот. Инаку плаќаме 1490 денари месечно за оброците во институција која не е задолжителна да ја посетуваат нашите деца. Одат по наша волја.
Здраво мајки, некој да сподели искуство со градинката Буба Мара објект Пчелки 2 Малиот има 2години и моментално оди во Корчагин каде добро ни оди до сега,но локациски повеќе би ни одговарала Пчелки па затоа барам ваше искуство со истата
Дали е редовна пракса (и прифатена) како казна не мирните деца да седат во ходник на клупа додека воспитувачките се во занимална со групата?
Има клон на Буба Мара карши Цевахир на раскрсницата спрема населбата лисиче, мислам дека таа е најблиску
за надвор од група ја би се бунела, зашто не е безбедно. Кој ќе го гледа? Без надзор толку мало дете, не.
Кај нас е казна ако се сите надвор, детето под казна седи внатре во занимална со една учителка. Во ходник седат без учителка? Ако се без е проблем ако се со учителка не гледам проблем
Ново им било ова, пред некој ден едниот, вчера другиот. Првиов цел среќен, си правеле глупости со другото немирно дете без да ги гледа некој, а малово се исплашило и си плачело. Нит едно нит другото ми е нормално.
Во ред методи може некои имаат, ама нели боље опција и учителка да имаат со нив па укаже на грешката.Сепак се мали за сами надвор од занимална. Направи муабет со нив
Период ли е кога не сакаат да одат во градинка и колку трае? Маж ми ја носи во градинка плачела била многу тажна и накај него се враќала.
Кај нас не е таква праксата. Седат во иста занимална и на посебно столче да си размислат што прават. Но мислам дека тоа е до учителките, а не до градинката како се изведува казната. Имаше многу одамна во Центар една градинка каде казната беше негователката да ги затвори во шкафче каде што им стои облеката и да седат таму и да им вика дека бубачките ќе ги јадат. Едвај ја избркаа ама имаше доста деца истрауматизирани.
Лани ова време почна и одеше до крајот на годината и дури сега пред 3-4 недели пак почна, немаше вакцини и не одеше во градинка.
Ќе се стабилизира за брзо додека го фати тоа темпо на затворен простор и слушање наредби и ред. Едит: Нај фрустрирачки период им е 2 до 3 год каде што ги учат наеднаш да јадат од пелени да ги одвикнуваат итн.
За еден месец ќе полни 2 години. Ова се случува овие денови претходно си одеше маж ми кажуваше даде и раче на учителката и не се врти назад си продолжува.
И мојот така правеше и после кога сфати дека не е игроотека ова дека таму ќе мора да оди секој ден носталгија го имаше пукнато дури и сам накај дома тргна да си оди што никогаш се немаше случено секогаш сме го оставале со некого и не правел проблем било и каде да го однесме, но ете за во градинка проблем направи баш и учителката ја прашував викам вака да направи мора нешто да се случило и вика не ќе се навикне мора и вие малце да се олабавите во овој поглед.