Не е до тебе до нејзе е. Секоја си има свој пристап ако за едната не е ништо земање пуканки цела рака за другава можеби е проблем. Разговарај со родителите на другите деца дали исто им збори и на нив. Доколку збори тогаш е до нејзиниот пристап но доколку е само твоето можеби е револт некој но мислам дека е до негователката и она го гледа тоа како проблем. И кај нас во група секој ден негователката ми збореше немирен не послушен добро викам се тепа? Ми викаат не епа што тогаш епа не сака да бои и да црта. И викам секој не сака нешто да прави во животот не може сите деца да се исти. Е на роденден кога се сретнав со др мајки испаднаа уште 7 деца дека истото им го збореле.
Така е во право си, ама може и не бил таков цел ден. Можеби јас гледам многу позитивно, ама мислам дека да имало нешто сигурно ќе ти кажеле, ќе им плачел цел ден и нема да можеле да го смират. Прати го, можеби ќе има оток нешто, ќе знаеш да реагираш.
Подоле прочитав дека тт имало. Јас имам две деца, кај првото два пати до сега не можеше да оди од некој вирус грип што ли беше не знам, второво дете исто. Првиот пат одма на итна отидовме. После веќе знаев од тоа дека е. Само не разбирам зошто одма ги нападна? Може баш после градинка почнала ногата да го боли. Кај моиве од нигде и никаде почна нога да ги боли.
Крокси ако дозволуваат. Инаку најдов на пазар крокси од Мк производство, многу се убави и мекички, ич не мирисаат.
Dali moze nekoj da spodeli iskustvo od gradnikata 11ti Oktomvri vo Butel 1? Ili pak da dade preporaka za nekoja druga gradinka vo taa okolina ,Butel 1? (drzavna ili privatna seedno)
Дајте ми идеја што да ставам во кутивчињата за роденден? Обично ставаат крем банана, чоко бисквит, некое бомбонче, балон итн. Што би можела друго освен ова?
Кај нас е секогаш со храна само. Јас имав поголеми кутивчиња порачано, не како торта, ставив и сокче плус. За следен роденден ќе се поголеми децата, па планирам и печат да има мали со детски шари што се. На Алиекспрес најдов еден куп такви ситници што би собрало, да не е само храна, па ако стаса нешто од порачките ќе видиме.
А дали носиш нешто и за воспитувачките да се почастат? Нас сега ќе ни биде прв пат роденден како тргна во градинка па да си прашам со време
За прв роденден носев за децата нели пакетчиња, плус Стоби Флипс големо. Им даваат на нашиве да јадат смоки. Не знам дали е секаде така. За воспитувачките шише сок и ролат Винчини. Имаше на некој роденден пред нас, баш торта роденденска оставена за децата и воспитувачките ама верувам дека на едногодишни деца ни некој им пресече парчиња, ни им даде да јадат.
Јас носев сок,кафе и благо. За дечињата имав направено како сетови со сокче од јаболко(најмалку алергено е) животинско царство и весела фарма од свислион тие се како блокчиња. И кај нас даваат смоки ама од 2 год па нагоре.
И јас планирам за децата хартиена торта со неколку ситни чоколадца ама викам и за воспитувачките нешто дополнително дали се носи да си прашам
Јас сум носела благо сок и кафе. А за 3г кога полнеше мини ролат,тирамису и свеќа секако на нив не им даваат туку негователките си го делат па тогаш тоа е благото за нив
За следен роденден јас планирам во шарени ќесички да пакувам. Да решам тема за роденденот и ќе порачам од Алиекспрес и за во игротека за децата и за во градинка. Си размислував дека со парите планирани за хартиена торта вака ќе можам повеќе работи да ставам за децата во ќесичка. Нешто вака Или вакви Рандом слики што имам зачувано. Темата не ми е решена.
Ние за прв - ставив животинско царство чоколадца во кутија ко торта, а пред некој ден поголемо детенце славело роденден и во ранчето имаше сокче крембананче и тортица ко попкејк спакувани