Мајки има некоја што запишала детенце во градинката Мајски цвет кај Коменски да сподели дали сте задоволни и какви се условите?
Секаде прават таков притисок за време на летни одмори. Муабетот е многу е гужва малце сме најубаво дома да си ги чувате. Јас лани бев невработена па ја земав пред спиење цело лето.
Не. Од кај знаат дека си невработена, може си не пријавена едноставно. Не смеат да ти коментираат ништо такво.
Да ти кажам буквално ми се одмили градинкава. Иако сметам дека најдобра одлука што сум донела за ќере е одењето во градинка. Сепак наидов на лошо искуство. не со градинката како институција туку со тие таму. Што постојано се со жалби, изговори и вршење притисок. Јесте да ќере е малце позахтевно дете ама верувам дека да сакаат можат да ја смират и адаптираат. Откако почна постојано со плачење е. После еден период се смири и сакаше да оди и јас им реков за спиење пробаа демек неколку дена и неможеле да ја заспијат ги вознемирувала другите деца. Потоа се разболе и пак седеше само со ручек без спиење. И ми викаа дека има голем напредок ама да не створиме со спиењето аверзија спрема тоа што сме постигнале до сега. Им кажав дека треба да преминеме на следна фаза дека веќе со трчање влегува внатре. Потоа се случи големата кашлица ќере немаше ревакцина па ајде чекавме што ќе биде како ќе биде, потоа се појавија сипаници кај ќере па ми ја вратија со изговор дека има осип да не се сипаници( а врска немаше) па беше настината неколку пати и поминаа месеците. И сега не знам што се случило ама ќере не сака воопшто да оди во градинка, дали некое дете ја закача таму не знам, тие ништо не ми ксжуваат. Ама гледам дека има нешто плаче уште кога ќе им ја спомнеш градинката. И таму на оставање секогаш плаче. И веќе дека зборува а од септември оди замислете сега се научи дека ја зимам па и тие сигурно и ја почнат главата дека ќе одам да ја земам на врата секогаш ми велат ете до сега кажуваше дека мама ќе дојде, мама ја чекам, мама ќе ме земе. Значи воопшто не сака да оди сега а камоли да спие таму и сега ми вршат притисок дека лето споени групи да сме ја зачувале дома. Знаат пошто во досието напишав а и низ муабет им кажав па на мм му збореле. Ама он им кажал дека тешко дека ќе ја чуваме дома.
@Erika.greeneyes , не знам дали смеат ама и кај нас се такви. Знаат дека имаме баби, па многу плачи, па денес е нерасположена, па како да настинува, вака прави, така прави. За летово само тоа им е во уста, има кој да ја чува. Мешани групи од повеќе градинки и слично.
A zosto doma tesko da ja cuvate,pobogu pa mislete malku i na decata.Vie mislite tamu mnogu ubavo im e pod toa klimite na najako,ajde tie sto odat na rabota ok nekoj mora da gi cuva,ama ako ste vo moznost bidete do decata brzo rastat nekogas ke zalite za vremeto izgubeno so niv.I samo da napomenam ova najdobronamerno go pisuvam.
Не. Те читам одамна и стварно не е фер тоа што ти го прават цело време. Ако имате можност сменете ја градинката или стрпи се до септември да премине во прва мала. Кај нас одморите на учителките поминуваат без да знаеме, еве баш денеска дознав дека едната на одмор, никој не спомнал дека има замена, ниту пак кај детето приметив промена. Не креваат галама околу одморите. @Iva2020 Најдобронамерно, не набивај вина за туѓи деца. Не е градинката само ако идеш на работа, ако беше за тоа и баби ќе ни ги чуваа.
Можеби бара работа мајката, може, абе кој како сака.. Инаку и кај нас не досаѓаат. И јас сум моментално невработена, и знаат ама немаат спомнато да не иде или нешто...
Кај нас проблемот е што јас не можам никако да се вработам баш ради адаптацијава, буквално секогаш нешто се жалат. Се нешто изговори, вака правела така правела. Па настинките. И се ни се собра. Ајде поминаа неколку месеци да не бидам лоша. Соработуваме од наша страна колку што можеме. Ама изгледа тие не соработуваат туку најверојатно сакаат да ја отпишеме. А сега најкриво ми е што веќе и таа не сака да оди или да спие нема шанси ми ксжува дека децата спијат таму а таа ќе спие со мама. Баш ради тоа што постојано мислев на ќере и се тресев на се што ќе кажеа а најверојатно пола од тоа беа лаги. Затоа адаптацијава трае од септември. Не верувам дека до толку се неспособни да смират едно дете мало. И баш поради тоа што постојано се плашев дека ако бидам дрска детето ќе ми пати, адаптацијава трае ли трае. И сега дојде лето споени групи да заборавам на спиење, ќе дојде прва мала пак нови учителки пак мафтање па којзнае кога спиење. Затоа мој совет до сите кога ќе носите дете не правете грешка како мене оставете ја одма со спиење и не попуштајте иако играат на карта на емоции. Мене така секогаш ме фаќаа на емоции знаеа дека мајка како мајка ќе ми биде тешко а знам дека за многу работи преувеличуваат.
Немаат право така да се однесуваат прво. Мислам дека ако најдеш работа нема да имаш друг избор и тогаш магично ќе се навикне и со спиење и сѐ. За адаптација и ние што одиме на работа сме поминале низ тоа ама кога ќе сфатат дека мора да го оставиш детето ќе мораат да се потрудат околу адаптација.
Јас еднаш им кажав дека работам на некој проект пола работно време(ги излажав). И пак ми наоѓаа некои изговори како тогаш да не ја носам ради осипот била вознемирена жално било за гледање (ова одговорната) буквално ми рече да си седи дома додека не и помине, а тоа беше реакција на памперс. Па и настинките. Значи утре кој газда би ме трпел да барам нон стоп денови или боледување? Затоа друго ќе беше да ја адаптираа со спиењето. Пошто стварно нема кој да ја зима у 12. А не нон стоп да ми се жалат на врата, и секогаш кога им спомнувам за спиење не може да ја заспијат и дека ги вознемирува другите деца не можеле да спијат од неа.
А опција да се префрлите во друга градинка? Со денови од одмор земање, боледување сите го поминуваме на работа. Ама како другите деца во група одат, така и твоето. Ако знаеш дека осипот е од пелени, детенцето прегледано од педијатар и сѐ во ред, весела.. не дозволувај да ти набијат грижа на совест. Мене претходната матична тоа ми го правеше, греота било, мал бил за во градинка ама ете немам избор и морам да работам. Да бев на твое место ќе си го преместев во друга градинка.
А да отидеш кај директорка ти на состанок еден? И побарај една од учителките да биде присутна. И отворено зборете и прашај ја кој е проблемот.
Имам во мојот град и случаи каде што бараат за се и сешто потврди од матичен. Пример јас викам има осип, јави од да речеме манго. Одговор- не може да посетува градинка додека матичен не потпиши дека е осип од манго. И такви некои баналности. А од друга страна во друга група, пак имаш, здраво, болно, носи го со се сируп во ранчето, ние ќе му даваме. Од крајност во крајност се оди.
Па не мора да спие ако не сака, не знам шо се замислуваат тие, сакаат цигарите,кафето да си го пијат надвор а децата како кукли во кревет. Нека го занимаваат дури другите не спијат. На едно ако му попуштиш на се така ќе ти прават. И очекуваш дека ќе ти го гледаат? Какви сипаници тие да не се доктори, ќе си извадиш потврда од матичен дека е здраво, само се измислува нешто колку да си го земаш дома. Ако веќе најдеш работа пушти си го во приватна градинка, многу е битно да оди од социјален аспект. Па и цела плата за градинка да ти оди, е подобро. Добро има контрола, инспекции по градинките или некаде да се пожалиш? И во лето треба да ги чуваат, тие шо одат на работа кој ќе му ги чува..
Ако постоеше дете кое беше проблематично повеќе од син ми за спиење еве на. Значи со дерење, со урлање, со се. Се бунеа, ама што да правам јас. Што можев направив, го одбив, навистина побрзо се смири, ама се смири на крај. Еве го сега во помирните бил, секој ден го фалат, немало помило дете од него. А ноќна мора ми беше и мене градинката.
Верувај мојата е општо проблематична за се. А спие само со мене. многу е немирна и напорна Буквално секој ден главата ми чади од неа. Плус сега со тантрумите, не се трпи. Некогаш ми се бега од дома. Ама сепак мислам дека тие тоа го работат со години и имаат искуство, мора да знаат да смират едно дете од неполни 2 години. Иначе и мојава уште цица, мислиш да има поврзаност со тоа? Ми е жал сега во жештиниве да ја одбијам.
А да им кажете едноставно од утре не можам да го зимам детето вие како ќе кажете? Не им се објаснувајте многу. Едноставно мора да оди и точка. Јас не работев, бев дома, ама луѓе во ниту еден момент не ми ја вратиле порано. Еднаш само ме викнаа зошто повраќала и имала тт. И корона кога беше, кога наводно требаше да се зимаат порано, викаа кога ќе дојдеш тогаш. Мислам дека ние како родители се прилагодуваме на учителките, па после имаме мака. Еве прво одделение, 4-5пати ме имаат викнато порано. И тоа за џабе...
Ми треба совет и мислење. Детето ми е 3 и пол години. Сакам да го запишеме во градинка, но се двоумам меѓу државна и приватна. Дали некој може да сподели искуство со двата типа на градинки?