Види фино е што си свесна дека и твоето дете не е цвеќе за мирисање, што се вика, ама верувај твоето дете може да не е само она тешка за справување, може да има уште 3-4-5 такви, а они по пола и поише од денот се сами, така да не се надевај на тоа дека треба да знаат да се справат. На крајот од денот, твојата мислам е во јасли како и моето, тоа значи дека најверојатно негователки му се жени без соодветно образование туку само положено за негователки, тие не мора да имаат педагошки. Пак ќе ти речам, местото и е во градинка и крај, каква сака напорна нека е, здраво право дете нема што да се замараш каква била за справување. А за спиењето и цицањето, да, дефинитивно почна да спие повеќе и поцврсто откако го одбив. Дали случајно или не не знам, повеќе се врза за мене, ама па бар навечер спие со секој. Еве денес, пуштив шумиш, песна некоја како приспивна, шише вода да се напие и кома, за 3мин, ќе спие цела вечер со евентуално едно будење.
Мајка дете од скоро 2 години јаде пие дури и ќе те продаде за ич пари ти се мислиш за цицањето. Гледаш дека другите деца преживуваат и без цицање т.е. не пијат млеко. Не ме сфаќај погрешно ама она кога сака доаѓа и цица во градинка нема тоа и нормално е дека на некој начин ќе искажува револт. Друга работа не е само она таква имаат и други деца слични на нејзе рачунај тебе ти е едно они се една на 30 деца. Од 2 до 3 години се очекува да почнат сами да јадат па да ги учат пополека да се облекуваат и таа година им е револтирачка и имаат доата испади додади на тоа деца што касаат,фрлаат играчки итн сите се различни карактери. Али да знаеш не е само твоето и не секогаш ќе сака да оди некогаш и ќе ти вика ајде влези со мене, денес не сакам, па не можам да се облечам, не можам само да јадам итн. Се е тоа за да одржи близина и да се осеќа сакано иако си играла до вечерта до 23 часот со играчките сепак и други работи ќе се случуваат.
Каква е состојбата со температура во овие ненормално топли денови во градинките? До сега не ја зимав јас, денес отидов и сум запрепастена. Излегува учителката мокра од глава до пети, црвена во образи. Ај викам жешко и е трча по деца. Излегува малата утооп, испотена, црвена, да не кажам и зашеметена од топлото. Па уште ни даде совет да ја бањаме да ја освежиме, они ги полевале со вода пиеле вода и чаеви, но сепак многу топло било и не е до нив, не е нивна одлука. Не можам да ја заборавам сликата самата учителка колку беше мокра, се чудам малата како издржува пошто она и општо си е склетџика кога наа другите им е таман она се поти, одамна спие гола, седи без чорапи и сл. Утре не сакам да ја пратам ама ме разубедуваат како сите деца така и она, две недели беше дома а јас трудна 7 месец, ми треба одмор. Зарем вака ќе е цело лето? Не велам да им дува 24ч клима, ама мора да разладуваат некако, мали деца се не дај боже дехидрација, топлотен удар што све не постои..
Кај внук ми па излагаат мраз децата. Раце, нозе, образи камен ладни им се. Како од фрижидер извадени се.
Кај што оди ќерче пуштаат клима, со отворени прозори. До сега испотена не сум земала, освен стапалцата т.е. чорапите.
Каде да се пожалам, што да направам тогаш? Денес ја пратив по прерамки и кратки долу со фатена коса. Не би сакала да ги обвинам вработените зошто верувајте жената беше утоп, беше по три четврти и нозете и беа мокри, шокирана сум. Ми е жал за малата, 16 месеци има и си е склетџика и без тоа, ако се поти не може да заспие еве и дома. Си викам којзнае колку и е тешко.. Денес не сакав да ја пратам, како најтопол ден, ама од сите добивам коментар ајдее како сите ги носат, нека оди и она. Може и вработените се жалат, не знам. Не знам која е ситуацијата дали немаат, дали не пуштаат, не ми е ништо јасно.
Јас одамна го праќам по кратки, топло им е. Боди по кратки и шорц или пак ромпер без боди. Босо нормално во крокси. Не сме го зеле досега испотен мислам. Големото кога беше го зимавме премрзнат од климата, мраз, мермер ладен. Јас решив до 1ви август, односно после 1ви август мислам се паѓа 3ти, да не го праќам. Во најжешкото го зимаме, греота е, башка он си сака да си поспива на пладне а таму многу деца, ќе ги мешаат, ќе ги спојуваат, ќе биде гужва, кога сме дома некој секако зошто да оди. Се мислев многу, ама подобо вака.
Да да, исто ја облакам, ромпери се изнакупував и по кратки и по прерамки милина ми се. Ние здравје почеток на август ќе сме на одмор, секако нема да оди. Јас се мислам дури и порано да и скратам, средина на јули, тоа ќе е хаос внатре, навикната на едни луѓе сега наеднаш други, па деца, можеби и рутини начини на чување. Дома сум, трудничка па од таа страна има можност да остане дома ама кога ќе се породам (почеток септември е термин) пак нема да ја пуштаме сигурно месец дена од страв за вируси, бактерии и слично, па си викам многу да не и се фати надвор од градинка, да не треба пак да се привикнуваме после ахх @Mandela не знам, не ја носам ни ја зимам. Маж како маж ништо не ни прашува, јадена пиена спиена му викаат и него му е доволно. Вчера беше исклучок отидов и тоа начекав, може и не е секој ден така. Не ја прашав за клима, брзаше и бевме повеќе родители само ни рече бањајте ги дома, ладете ги, тука е многу топло, постојано ги полеваме (им даваат да пијат) во вода, ако се полни шишињата значи сме ги полнеле пак, да не мислите дека не пиеле. Ќе стапам во контакт викендов ќе дознаам за климата што е проблемот. Малата не идеше 2 недели имаше бактерија, пред да почнеме им пишав почна топлото како да ви ја носам облечена, ми рекоа по кратки но во ранче да и ставам и хеланчиња…може имале клима заладувало, само нагаѓам. Ќе дознаам, само во шок цел ден вчера бев како ја начекав учителкава и малата топла, испотена, фатена коса а мокра.
На 2 години не пие уште вода, чај? На дете 2 години апсолутно не му е потребно мајчино млеко, земајќи во предвид што се конзумира. Инаку да, 90 посто од децата повеќе спијат кога ќе престанат да цицаат. Неколку пати те читам дека имаш пробелм со градинкава. За 9 месеци, па какво сака нека е дете ќе се адаптираше. Плус си ја дала мала, на 1 година, појма немаат тогаш, еве преку сила месец дена нека им треба адаптација. Според мене, мислам дека имаш лабав став со учителките. Спискај им 2 пати да видиш како ќе се адаптира. Дополнително не си вработена што ти дава простор и претпоставувам имаш грижа на совест да ја оставиш да вришти 3 дена во градинка без да ја земеш 8 саати. Расчисти прво сама со себе дали сакаш да оди 8 саати во градинка, и ако да закажи состанок со директор да ти објасни што е проблемот. После тоа верувај за 3 дена ќе ја адаптираат.
Jaс сум жив пример дека ако се сака се може да се адаптира дете побрзо. За 2 недели се адаптира откако маж згрме, мене и мајка ми не мотаа.
Пуштаат ама да разладат обично по пелени ги оставаат. Но сепак ако пак приметите реагирајте кај директорката климата се подесува не мпра на 22 да ја стават нека ја стават на 26 степени и готово а не жива вода да ги вадат или врати и прозори да отворат па да ги убие промаја па да се чудиш од што е болно.
Не бе мила не ме сфативте за доењето. Она си цица ноќно време, и денски еднаш пред дремка. Инаку пие вода и пие сокче мешано со вода. Јас ради заспивањето најмногу се плашам да ја одбијам зашто од старт тешко се заспиваме, па реков да залади малку и да ја одбијам зошто сега на жештиниве како не се диши уште да ја нишкам или не знам каков начин да барам за да ја заспијам. Сега имале нови деца примено и дали ради нив ќере воопшто не сака да оди во градинка моментално, секое сабајле до вриштење ја оставам. И ако спомнам за спиење велат сега е гужва одмори нови деца, демек да помине ова па после. Зошто нас жениве ме не сфаќаат озбилно? Да го пратам и јас мм
Праќај го, не може одмори и гужви да им е изговор. И лажат, баш сега не е гужва бидејќи има многу што ради одмори ги сопираат децата дома. Мм им рече, имате 2 недели, од 1ви останува со спиење и тоа е тоа, и стварно за 2 недели стана најумното дете.
Кај ќере ги спојуваат со тие до нив, прва мала дали се не знам. Пошто и зимата така беше, кога користеа одмори. И ќере исто многу плачеше тогаш, дека и различни учителки.
Точно и јас прашував дали ќе се смени нешто, ми рекоа се си одтанува како до сега, искрено ни зимните одмори не им ги сетивме кога беа.
Пак не се работи за којзнае колку поголеми деца, прва мала се скоро колку нив. Види пак ќе ти кажам, ти си свесна дека детето ти е проблематично, викаш плаче и не е лесна на адаптација, ама и тоа дете треба утре да оди во школо, а градинката е припрема за школо. Стисни ти заби зошто не е лесно.