Децата и градинките

Дискусија во 'Дете' започната од coca, 23 декември 2009.

  1. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.365
    Допаѓања:
    21.351
    Пол:
    Женски
    @snegulkata син ми моментално иде со вакви
    Screenshot_20170903-231143.png
    Туку нешто друго да кажам. По ново ни кажаа буквално се да биде потпишано со име и презиме. И сега сите маички ке треба да ги потпишам, а тоа се прекопира на другата страна зошто се светла боја. И по ново шкафчето на син ми е внатре, јас немам пристап до него. Тоа не ми се допага. Вака дур чекав си проверував, што е чисто, што да донесам, колку пелени има.
     
    На azelea, referentka, joy1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. azelea

    azelea Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    3.636
    Допаѓања:
    15.785
    @snegulkata мојава цело лето го помина со вакви крокс во градинка,сите скоро такви носеа,планирам и овој месец додека е топло да ги носи,па ќе купиме други затоа што старите се испокинаа ич не се покажаа кај нас квалитетни тие од Досс и сега се мислам какви да и земам:)

    @irena.1 а зошто сите маички потпишани,кај нас само ранчето е потпишано и се знае внатре чие е,е сега некогаш они знаат таму да и ги потпишат пижамките дека им се мешаат внатре кај креветчињата,мада веќе си ги знаат и самите деца кои ,чии се па им кажуваат:)

    @Vennera.aa знам дека си загрижена многу,ама не се плаши до толку,ќерка ми тргна на 9 месеци ако ти е за утеха,срце ми плачеше кога ја оставав и ме мачеа истите прашања што и тебе,првиот ден после два саати ја земав со два заба на образ гризната дур се свртела негователката имаа едно дете во групата што ги јадеше сите ,ама не испаничив до толку,и кај мене спиеше само со цуцла и таму во прво време и ја даваа ,ама после и ја тргнаа јас дури не ни знаев дека таму спие без неа,и се ќе се научи да јаде покрај децата ,не му се секирај,на почеток е малку тешко ама после ќе се средат работите,ние мајките потрагично го доживуваме нивното присуство таму,ама они си имаат ред внатре.
     
    На Bozica1980, Kitten, LiliBoz и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. snegulkata

    snegulkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    2.872
    Допаѓања:
    28.580
    @azelea Да, со такви сандалчиња ќе биде, тие и ги облеков и мислам дека удобни ќе и се за овој период! Досега на Пеко и Кеги топлинките ни се покажале како добри, удобни и квалитетни, па за зимскиот период планирам такви некои да купам.

    Инаку супер минавме како за прв ден после 2 месеци пауза. Дури и нестрплива беше утрово да оди и проба да ме убедува да не ја земам рано... Ама сепак во 12 ја земам, доволно е за прв ден!
     
    На azelea му/ѝ се допаѓа ова.
  4. augustd

    augustd Популарен член

    Се зачлени на:
    13 март 2017
    Пораки:
    1.175
    Допаѓања:
    11.296
    Пол:
    Женски
    Мојава денес плачела. Сега ми се јавија, заспала, но откако ја оставив плачела и не сакала ни да си игра, јадела само малку. Сабајле расположена ја оставив, се заигра таму одма. Не и е непознато, но којзнае што и бидна. :(
     
  5. Sunshine_1979

    Sunshine_1979 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2015
    Пораки:
    1.351
    Допаѓања:
    11.929
    Пол:
    Женски
    Мајки, ај мала помош...уплатницата за градинка во НАЛОГОДАВАЧ и ЕМБГ треба на родителот податоци а во цел на дознака податоци за детето или секаде податоци на детето, уплатницата ми ја дадоа непотполнета а јас сум заборавила - 7 години поминаа откако завршив со градинката!!!
     
  6. azelea

    azelea Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    3.636
    Допаѓања:
    15.785
    Кај нас уплатниците се пополнети испечатени,во налогодавач стојат податоци за детето и негов ембг ,во цел на дознака за кој месец се плаќа ,никаде не стои име на родителот,незнам како е во другите општини,ова кај нас во Аеродром
     
    На Sunshine_1979 и LiliBoz им се допаѓа ова.
  7. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.282
    Допаѓања:
    226.789
    Пол:
    Женски
    Име и презиме на детето и ембг на детето исто така.
     
    На Sunshine_1979 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Vennera.aa

    Vennera.aa Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2014
    Пораки:
    1.188
    Допаѓања:
    7.590
    Пол:
    Женски
    @azelea срце ми се кинеше сабајлево беше супер расположен и кога го прифати воспитувачката не плачеше ама кога го внесе кај другите деца кои сите плачеа се расплака јас додека разговарав со другата што и како му го слушнав плачот и за секунда ѕирнав додека сум жива нема да ја заборавам сликата 15тина деца седнати на под и сите плачат до зајдување, набрзина излегов и си поплакав и јас. Ама цврсто сум решена да истраам да се навикне па валда ќе успееме. Кога зборуваме со мм за од што ми е страв ми вика нека се јачи нека научи да се бори ако не сега утре научилиште ќе тргне па и таму може да се најде некој да повреди не дека тој помалку го сака или се грижи знам дека јас претерувам
     
    На PUPICA, kelebeim***, snegulkata и 3 други им се допаѓа ова.
  9. augustd

    augustd Популарен член

    Се зачлени на:
    13 март 2017
    Пораки:
    1.175
    Допаѓања:
    11.296
    Пол:
    Женски
    И ние сме тука некаде, исто не оди сама. Не се плаши, биди упорна. И мојава денес плачеше, но еднаш преспала и ручала таму, па после пак плачеше и ми се јавија да ја земам. Тешко е, но не се само нашите и не сме само ние. Ќе се навикнат.
     
    На Vennera.aa му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.202
    Пол:
    Женски
    И ние денес прв ден со плачки :D
    Трета година по ред во градинка и' е, ама и' се уарнило седењето дома летово.

    Прва паника беше што се успавме, па не сакаше да стане, не сакаше да седне на нокшир, па откако ја облеков реши дека сакала да "спие", отиде на спална и се покри преку глава (facepalm) Со триста муабети ја залажував и на крај морав на сила да ја извадам од кревет зашто ептен касневме. Среќа има разбирање со персоналот, им се јавив дека ќе касниме и немаше никаков проблем. До градинка во раце. :whew: Кога виде дека се истите деца и воспитувачки без проблем си влезе.
    Како почнавме, добро завршивме :D
     
    На cresa-jagoda, tina-63, irenna и 9 други им се допаѓа ова.
  11. Sunshine_1979

    Sunshine_1979 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2015
    Пораки:
    1.351
    Допаѓања:
    11.929
    Пол:
    Женски
    Бев сега во Тутунска Банка, не ми ја примија уплатницата со налогодавач детето, по некое ново правило за банкарско работење морало лично да уплатам од мое име и тоа со копија од лична карта! Се јавив во градинката и ми рекоа дека не е проблем да уплатам од мое име но во цел на дознака да стои детето! Ај повторно во ред за чекање пола саат (десетина души имаше пред мене прееска, се надевам дека до сега се расчистила гужвата!)
     
  12. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.923
    Допаѓања:
    203.178
    Пол:
    Женски
    Навези иницијали или името на детето, плус првата буква од презимето, некаде каде што не паѓа во очи. Така ќе ти е полесно тебе, само напомени им на воспитувачките на кои место ќе биде везеното, да си знаат.
     
    На cresa-jagoda, Sunshine_1979 и irena.1 им се допаѓа ова.
  13. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.282
    Допаѓања:
    226.789
    Пол:
    Женски
    jas vo poshta plakjav... nemashe takvo neshto
     
  14. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.365
    Допаѓања:
    21.351
    Пол:
    Женски
    И ние до сега така, само ранчето. Ама во петокот така ни рекоа. Валда дека многу деца се. Во глобала ми се ок воспитувачките. Денес син ми ич не плачеше.
    Пред некој ден син ми ги наводенил чорапите,а јас сум заборавила резерва да ставам. Они за да не биде мокар земале од друго дете, и ни напоменаа да ги испереме и вратиме. Јас уште вечерта ги исправ и вратив другиот ден. Е арно ама не сме сите исти. Еднаш ми снема маичка, ја побарав не ја најдов, викам сме ја изгубиле. По една недела воспитувачката му ја дала на мм, му кажала дека му ја облекле на друго дете тоа немало резерва. Тоа не е проблем. Но маичката беше вратена флека до флека, цела мрсни локви, не перена. Инаку беше една од поновите на син ми, што му ги чувам за во градинка. Толку ли не биваше мајката да ја испере бар, секакви не има.
     
    На cresa-jagoda, PUPICA, Elen4e_sonce и 6 други им се допаѓа ова.
  15. azelea

    azelea Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    3.636
    Допаѓања:
    15.785
    Абе тие во Тутунска само нешто измислуваат,јас претходно си ги плаќав сметките Водовод само со сметка,сега ми викаат и матичен број па пишуваат уплатници само колку провизија да земат.Нема врска јас и во Тутунска сум плаќала уплатница за градинка никогаш не ми барале мој ембг ,баш после ќе одам пак да ја платам новата.И да знаеш најдобро е во пошта да си ги уплаќаш.

    Ирена баш така,не се сите исти,ова истово и на другарка и се случуваше,секој пат од нејзиното дете земаа алишта па некои не и ги враќале,а други пак неиспрани.Кај нас на врата има соопштение за родители,баби,дедовци ако по грешка земале нешто или не е нивно да го вратат,нас така ни го снема тексас палтенцето пролетта ,па после го вратија.

    Инаку сабајле мојава со трчање влегла,дека мм ја носи и ми вика не и се чекаше да влезе побргу,набрзина се облекла и не се ни поздравила со татко и,правец кај другарите да се изгушка со тие што ги нема видено преку лето,дека она идеше цело лето:),па им расправала како имала ново ранче дека старото се скинало и морало да и купиме ново:D.

    Иста бев и јас,внатре беше хор јас како ја оставив исто излегов со плачки,мојата не се расплака,после од што ги слушаше нив,ама само првите две недели ќе поплачеше на оставање,после тоа веќе се навикна.Негователката ми викаше мајка не се секирај,септември и октомври сите плачат после се смируваат и стварно така беше,еве ја скоро три години ќе прави ,со песна и трчање оди во градинка:)
     
    Последна измена од модератор: 4 септември 2017
    На cresa-jagoda, Elen4e_sonce, irena.1 и 3 други им се допаѓа ова.
  16. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.730
    Допаѓања:
    77.020
    Пол:
    Женски
    Што убаво сите дечиња почнале, со лесно со убаво и со помалку разболување оваа година :)
    Мојов тек нареден понеделник ке почне, поради сипаниците... има уште некоја тук там непадната краста ама поради имунитет не го пуштам сега. Си бев јас до градинката да си видам каде е префрлен и каде треба да го носам, зашто градинкава со 4 влезови ни е... Веќе е во 1ва мала, се отарасивме од јасли, колку му беше досадно таму еј :D и влегов во новата занимална, огромно убаво, играчки повеќе.. чисто, музика пуштено, баш ке ужива тука, во јасли беше мизерија, мала соба со натрупано креветчиња и немаше играчки...
    Мојов одеше летово без плачење, супер му беше... дури кога немаше да оди ми бараше да го носам :D а каков почеток хаотичен имавме (со плачење, трескање од земја низ ходници, па го влечеа во занимална со сила, па повраќање од напор и плачење, деформиран од што плачел беше)... ама убаво рекоа воспитувачките: Нема дете кое не се навикнало :D а и ептен бев среќна што едната воспитувачка е истата од јасли и една нова има, па нема да му е шок со две нови.. а и двете беа префини и си ги сакаше :)
     
    На PUPICA, iki26, Elen4e_sonce и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Sunshine_1979

    Sunshine_1979 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2015
    Пораки:
    1.351
    Допаѓања:
    11.929
    Пол:
    Женски
    Ви наплаќаат ли за потврдата од матичен лекар за во градинка?
    Нашиот матичен наплаќа 200 денари, ја пратив големата ќерка да праша дали треба Магде да ја носиме или само они ќе ја пополнат па веднаш и ја пополниле и и кажале да плати, среќа имала пари во неа!
     
  18. Vennera.aa

    Vennera.aa Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2014
    Пораки:
    1.188
    Допаѓања:
    7.590
    Пол:
    Женски
    Не мене не ми наплати ништо матичниот, само ми ги побара брисот, крвната слика и картонот за вакцини го наслуша синко и му провери грло.
     
  19. kelebeim***

    kelebeim*** Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2015
    Пораки:
    533
    Допаѓања:
    1.336
    Пол:
    Женски
    Саншајн, зарем и потврдата ти ја наплати!?? Ц ц значи немам коментар, овој твој др ист ко Блажевски. И за прашање ќе ти наплати. Btw во врска со уплатницата, горе во име логично ми е да е детето пишано, а не ние родителите. Кај нас во самата градинка ја пополнија уплатницата, јас само матичен допишав.

    Пишав во мајчински како поминавме, и јас сакав адаптацијата да ми е од август, а не сега и јас почнувам на раб и тој. Но, не можеше. Хаос! Башка многу плачки првиот ден. Не сака да јаде сега ништо. Од петокот штрајкува детево. И од стресот висока Т ми крена. Инаку ништо не знам, ни колку деца се, ни која точно му е учителка, ни што треба да носам. Рано е велат ќе ти кажеме за носење што како.

    Мајки, мора да сме упорни. Градинките се за деца! Јас имам убави спомени од градинка кога одев. Башка ќе се навикнат на ред и дисциплина. Дома многу распрдени се. (барем мојов е) :)
     
    Последна измена: 4 септември 2017
    На Vennera.aa, azelea и augustd им се допаѓа ова.
  20. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.730
    Допаѓања:
    77.020
    Пол:
    Женски
    Не.. а на пријателка и наплатиле... Баш сега треба да земам, но ние кај Паскалов сме и до сега кај него за ништо не сум платила...