Женски, како ги запишувате децата во државни градинка кај барате врски? Оти ете така не не викаат а очајни сме за во градинка треба да почнам со работа нема кој да ми го чува детето. Нерви искинав
Оди во дирекција и кажи им, немам кој, од септември мора да оди. Сега не би ти препорачала ни јас за 1м да го ставаш во хаос детето, ама за од септември праи што ќе праиш да иде во градинка. Моли во општина, моли во градинка... Една мајка што ја знам отишла да моли за помош и рекле не може, вика отидов на 1ви во општина и им реков, јас немам кој да ми го чува, или давајте пари или еве ви го детето, морам да работам пари ми требаат, за 3 дена детето почнало со градинка
Majki po licna karta sme aerodrom, za gradinka moze da birame koja sakame gradinka vo aerodrom ili mora taa sto e najblisku do adresata na ziveenje?
звонев кај сите луѓе шо ги знам и не ги знам исто како тебе, ми се ближеше крај на породилното, немаше кој да ја чува, нерви искинав. во нашата општина не успеав да ја запишам, успеав на друго место, ама сеедно ми беше, бев спремна да ја носам било каде
Во принцип поделени се реонски кој деца која градинка, ама мислам дека ако некаде има помалку дечиња може ќе ви искочат во пресрет друг клон да биде. Ние реонски сме под Бамби, ама големиот го носев во клонот позади Веро. Малово сега си е во клонот кај што припаѓаме реонски. Најубаво да прашаш во централата.
Пуштив апликација за запишување во југд буба мара ама немаше прашање од кој месец сакаме да почне. На телефон не креваат. Мејл добив дека ќе ме известеле кога ќе поминела комисија, па да видиме којзнае дали ќе се јават
Дали пред да почнат во градинка давате нешто специфично од витамини за имунитет итн? Моментално си пие д3 + омега и пробиотик. Здравје од средина на Септември ќе тргне во градинка, па да се спремам со време.
Давав плус мултивитамини или витамин Ц и пак секој месец повеќе дома беше отколку во градинка. Јаде секакво овошје и зеленчук ама ете така се погоди. Мислам нема некое правило. Кај нас ни диво оригано, ни ништо не помага ама не значи дека кај други пак нема да е успешно. Јас сега почнав Молерс, па за следнава есен ќе видиме.
Најдобро на лице место да си отидеш. Да ти се јават тешка работа, не се надевај на тоа. Секако викаат нема место.
ништо не и давав и уште нишо не и давам, витамин д, витамин ц и чим почне нос да тече прскам ацидосалус, кај нас многу магично делува, овде го прочитав спрејчето
инаку моето појде на 9м по првата настинка педијатарот ни препорача well baby сирупче за имунитет и испи едно шишенце (април -периодот беше)