За заштита од вируси е спрејчето се прска и во нос и во грло. Јас го почнав на 11м по препорака од педијатар
@Bella_Stella и јас го почнав негде пред година, затоа што мојата тргна на 9 месеци, се прска во грло и нос, некогаш на периоди и превентивно и ставам, јас сум многу задоволна.
Совет од матичен беше пред и после градинка. Моето сега правеше пауза 1 месец од градинка, а претходно прскавме,му беше растечено и носето бидејќи му растеа заби. Прскавме наутро и убаво го чистеше носето.
Пред одење во градинка, во нос и во грло, прскаш и тргате. Мене ми стоеше со големото во ходник, сега ќе земам и за малото пошто ко чичак трака се лепи.
Едно можеби глупо прашање Дали им давате ручек кога ги земате од градинка ? 8 месеци има Во 12 руча , во 14 има супа со лебче . Во 2 ипол 3 го земам давам Ад млеко дома и во околу 6 вечера и за спиење пак Ад млеко
Ако јаде во 2 супа со лепче не би, сепак е тоа солидна ужинка. Кај нас ужинките се слаби, па давам кај 4-5 со тоа што се зимаме во 3.
8 месеци кога имаше јас во 16 часот и давав АД. После стандард кај 6-7 вечера и АД пред спиење. Ама мојава пиеше 3 пати по 120 мл АД. Насабајле, во 16 часот и пред спиење.
Дали доколку сакате да преместите дете во друга градинка, ќе може да се адаптира лесно, како ќе го поднеси ова пошто го носам во една но е предалеку, а тука во близина има друга..
Мајки како ги научивте на ацидосалус!? Борба водиме секој ден се откажав веќе. Изгледа го пржи во носето никако да го убедам да прснам. Дај кажете некоја финта нешто... Немам веќе имагинација, 2 години и 8 месеци е.
Од септември ќе тргнува во друга, со месец паузс дома измеѓу двете. А замисли последните две недели конечно “адаптиран” го оставав во градинка Ќе имаме адаптација и тука, планот е една недела, па ќе видеме дали ќе треба подолго
Ќерка ми being ќерка ми покажува револт на тоа што и ја нема омилената негувателка и таа што и е неделава дежурна ич не ја сака. Во вторникот ај што не спиела во градинка, ги будела сите деца. Среда само лежела и се дерела цело време по негувателките - вода сакам, мочам сакам, додај по желба сакам. И му се испонашале на маж ми дека "не знаат што му е на детево". Да им објаснам што му е на детево, тоа што има катаљон деца што не ги знае, негувателки што нејзе не ја знаат, цела градинка факинг преместена во сосема друг објект а она секое сабајле ја гледа нејзината и од Бели Мугри до Панорама вика дека сме ја промашиле градинката или да си поќутам уште 2 недели додека да се вратат кај што сме ја запишале?
Поќути си, сегде е хаос. Кај нас 4 групи се споени. Мојава кога нејзината негователка беше на одмор, револт искажуваше со качување и рипање од маса на маса.
Ама немаш избор тоа е, секоја година се селат. И секоја година ќе биде вака со негователки. Да ја пратам бабе наше да ја заигра, мислам дека ќе ја обожава, многу сака вакви деца блесавки бабе наша. Вика дека годинава имало како никогаш многу деца за во лето. Ајде уште малку издржи, знам тешко е, ама тоа е. Уште 2-3 недели имаат, ќе поминат.
А што ќе се буниш? Ај да не одат на одмор негувателкиве ако не, не бива така. Им ги пикаат одморите по 4 недели во најскапиот период, немаат право на избор уште ние ќе драмиме на децава не им одговарало. И мојава драмеше во јули кога беше нејзината негувателка на одмор, па ја седнав и објаснив дека мора да одат на одмор, дека има сега и нови деца и дека не е ништо страшно што има нови деца и нејзино е да ги праша како се викаат и да си игра со нив. Дека е убаво сите да одат на море, и дека нема избор кога одат мама и тато на работа она мора во градинка. Мојава велеше има други деца несакам во градинка ми ги нема другарчињата. И реков тоа е твој избор, може да плачеш секое сабајле и да одиш расплакана во градинка или да си играш со децата други и весела да одиш во градинка, ама секако ќе одиш. Утредента ко бајче беше, кажа имиња на две нови деца дека си играле. Сега веќе сите ги знае. Имам колешка цело лето не ги носи децата во градинка имало нови деца, па што ако има , деца се, не ми е јасно.Треба да се навикнуваат на нови лица, нови деца , нови објекти, нови средини и крај на муабетот. Барем јас сум таква тоа се најобични работи со кои треба да се среќаваат и да се справуваат без разлика на возраст, дали имаат 3 години или 30.
Не ќе се бунам за негувателките што одат на одмор сигурно. За реченицата "не знам што му е на детево" кога очигледно е што му е на детево ми беше муабетот Ама игнорирањето е мајка на чување нерви, нека зборат уште 2 недели колку сакаат