Дали на некој му се јавиле од Срничка (Аеродром) дека детето му е примено во градинка за од септември? Дали се направени групите или има надеж дека ќе ни се јават во втората половина од август?
Во септември треба да тргнеме во градинка до сеа не сум дала кравјо млеко на ад е и не сакам кравјо млеко да давам 20 месеци ќе има, проблем ќе е за во градинка или има и други деца што не пијат кравјо млеко и што им даваат наместо кравјо млеко.
Не давам ни јас дома сеуште, а 19м е, ама заради градинка воведов и таму му даваат, најчесто тоа е во каши. Јас му воведов со гриз и мусли чисто да знам дека нема да има реакција.
Исто, кравјо не пие. Во каши го јади. Во договор со воспитувачките праќам Ад, доколку не ја сака ужината да и дадат млеко. Кај нас има и тортички винчини и житни плочки за ужина. Житните плочки не ги јаде. Само тогаш може да и дадат млеко за замена.
Единствени деца во градинка кои не јадат каши со кравјо млеко се деца кои се алергични на кравји млечен протеин. Ако оди детенцето во државна градинка, се ќе пројаде и пропие, нема исполнување на желби.
Едниот е 2г., другиот 3г и 9м. кравјо млеко дома немаат пробано. Не купуваме. Големиот оди во градинка, таму ако му ставиле во каша па така да го пробал. Пред градинка не му правев воведување на млеко.
Нема ни со оброк пробано? Каши млечни, ноќни, готови, пудинг, јогуртчиња...? Инаку во градинка не пијат млеко, како оброк, имаат понекогаш во големите групи со некои оброци ама се поретко.
не им даваат млеко да пијат, обично е во каши, а на 20 месеци не знам ни дали имаат оброци со каши, обично доручкуваат леб со нешо мачкано, ручек манџи, кашите се во јасли. секако и да проба нишо страшно, нема сакам нејќам освен ако не е алергично детето
И моето од септември тргнува во градинка на година и пет месеци. Совети како да се адаптира полесно се добредојдени. Млеко нејќе да пие, ниту во каши го сака. Го плука како фонтана. Општо не сака да биде хранет, сака да јаде сам и не знам како ќе се справат со него таму. Ме фаќа страв дека ќе си го зимаме гладен. Јаде сѐ што ќе му се понуди само под услов сам да се храни, ако треба ние да му дадеме се водат борби. Мора да си мези и он нешто пред него па јас да давам манџа, каша итн. Ранче му купивме, сега уште топлинчиња и што друго треба? Изгубена сум на темава тотално.
ако сака сам да јаде уште поубаво за нив ќе го остават сам да јаде, не се секирај нема да биде гладен и не е само тоа, може дома да изводи, таму не, други се таму, други се дома ранце и топлинчиња е доволно, сигурно ќе ве викнат на родителска и ќе ви кажат како е политиката на градинката шо треба да носите, дали дневно ќе ставате пелени или таму ќе оставите кутија или алишта за цела недела, ова сегде е различно. знам дека изгледа страшно, ама верувај дека не е, ќе биде супер, секое дете може да се адаптира само зависи за колку време, пак децата различно реагираат, мојата се адаптираше за два дена, ама има деца им требаат и два месеци, зависи и од детето и од воспитувачките како ќе ви се погодат. со лесно !
Фала мама. Он вака си е народен човек, многу сака и возрасни и деца, ама ќе видиме таму како ќе се прилагоди. Ќе бидам среќна ако е од оние деца што побрзо се адаптираат, ама како и да е ќе се издржи. За јадењето си викам ќе се разјаде ваљда кога другите околу него ќе ги гледа како јадат. Точно е дека дома се на свој терен и малце изведуваат некогаш. Он уште не знае да јаде со прибор. Боцка со виљушка ама кога ќе однесе до уста, кога не. Со раце се храни, па си викав ако се каши и манџи како ли ќе биде. Ама што е тоа е, ќе се навикне.
Не се секирај како што ти кажаа таму се други и ќе се прилагоди. Мојов секој ден која и да го врати (а сега се менуваат со одмориве, секој ден друга го враќа) виканлеле колку е мирен бубалче. А дома пишував дека до лустер стигнува. Ама ако им викам вие да сакате да го чувате ние дома ќе се снајдеме
Хаха да се надеваме и моево дека таму ќе е помирно и полесно за чување, зошто дома си е 500 на саат. Уште не стигнал до лустер он, ама ако го прашаш кај е лустерот превозбудено покажува и во прва прилика гарант ќе проба да го чепне. Сигурно уште крои план како се стига до таму.
децата таму гледаат едни од други и помирни се, нема кој да ги тинтра. мене мојата дома душата ни ја вади, таму кога ќе прашам како е супер, златна, викам чекајте за истото дете збориме? иначе ја ја ранев со blw уште од 9 месеци, исто со раце јадеше, во градинка ја научија да јаде со прибор, ја одвикнаа од цуцла, ја одвикнаа од шише, ја научија да пие од чаша, ја научија сама да се облака, соблака, сега последно пелени вадевме, заедно во соработка со нив брзо ја одвикнавме не му се секирај градинката е супер место за деца, најголемиот проблем е разболувањето, ама и тоа индивидуално од дете до дете.
Да знам дека е супер место за нив, затоа и решив да тргне сега. Иако имам услови да поработам уште некое време од дома, мислам дека му е време да почне. Таква некоја перцепција имам дека полесно се прилагодуваат кога почнуваат помалечки. И он јаде парчиња од 9 месеци, се надевам дека ќе се снајдат со него, претпоставувам не е единствено дете што јаде само. За разболувањето тоа е, ќе се справуваме. Мора да се помине и тој процес.
Како се градинките државни со пуштање цртани на деца? Дали имате инфо дали цел ден се пуштени? Какво е вашето искуство? Страшно ме иритира овој дел.. Верувам никаде по програма не стои: пуштање цртани на деца.
Дали одите во градинка претходно за да прашате што, како или директно првиот ден го носите детето па после ви кажуваат
Совет за адаптација- упорност. На почеток плаче и онака си плачеш и ти со него додека чекаш да поминат тие први 15мин или пола саат. Секој ден се зголемува времето ама плачењето е пак тука. Да бидам искрена мислам дека дури после неколку месеци не плачеше кога ја оставав, значи мора да се биде упорен, после е полесно. Друг совет е дека у градинка не сакаат воспитувачките едноделни алишта, во смисла шпикозни, ромпери и слично зошто им е потешко менувањето пелена. Пижами исто ставаме во ранче, резерва гардероба ако се накапе и пелени. Водичка во шише исто така. На почеток разболување е must, така да бидете спремни и на тоа. Со лесно на сите. Пс: и моето дете јадеше и јаде дома само ама таму го хранат воспитувачките и нема пребирање, така да ке се навикне. Јас мислев дека после нема да сака дома да јаде сама ама дома си продолживме по старо и се храни сама а таму ја хранат.