Децата и градинките

Дискусија во 'Дете' започната од coca, 23 декември 2009.

  1. Doktor F

    Doktor F Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2017
    Пораки:
    2.527
    Допаѓања:
    8.134
    Пол:
    Женски
    Моето дете ја знае бејби шарк иако дома никогаш не и е пуштено, така да сигурно нешто им се пушта, не знам дали музика или цртани ама се пушта.
    Исто така пред извесно време дознав дека имаат и телевизор иако го немам видено.
     
    На Anaroz1 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Doktor F

    Doktor F Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2017
    Пораки:
    2.527
    Допаѓања:
    8.134
    Пол:
    Женски
    Искрено, нема потреба.
    Мада и да отидете сигурно некој ке ви даде инфо.
    Јас прашував една од воспитувачките и она ме упати и плус од родители што веќе им одеа децата во градинка.
     
    На Minnie-e му/ѝ се допаѓа ова.
  3. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    6.432
    Допаѓања:
    32.185
    Пол:
    Женски
    Кај нас знам дека песни пуштаат на касетофони какви што имавме по Англиски ако ги памтиш во 2006та :D
    Тв немам видено во градинката
     
    На Sun&Moon му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.703
    Допаѓања:
    21.374
    Пол:
    Женски
    Планирам да бидам упорна, ќе видиме како ќе оди. Стварно не можам од сега да знам што да очекувам од него и полека почнува да ме фаќа возбуда помешана со страв. Ама како сите деца, така и он. Не знаев пижами дека треба да му праќам, ги пресоблекуваат ли кога спијат? Препорачајте ми топлинчиња од кои сте задоволни.
     
    На Лалина му/ѝ се допаѓа ова.
  5. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.792
    Допаѓања:
    145.347
    За пижамите зависи од учителките. Некои ги соблекуваат, некои не.
    За топлинки или цицибан или топлинки.мк. Српски и скоро исти како цицибан.
    Други немам користено . Не можам да направам разлика.
     
    На Mumoftwo30 и Bella_Stella им се допаѓа ова.
  6. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.621
    Допаѓања:
    7.491
    Пол:
    Женски
    Кај нас немаат побарано пижами, бар за во јасли, не.
    Во други градинки за поголеми деца од роднини знам дека барале.

    Топлинки на Цицибан носеше досега макар што и тоа ретко. Имав оставено таму, наутро јас и ставав, дали во текот на денот сама ги вадеше, дали воспитувачките, генерално на слики или кога ја земавме беше по чорапчиња.
     
    На Bella_Stella му/ѝ се допаѓа ова.
  7. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.290
    Допаѓања:
    28.040
    моето дете е 5години и ова лето кажа дека им пуштаат цртани на лап топ, Том и Џери. Не знам како само сите гледаат во лап топ. Преку година не кажал дека гледаат, а кажува се. Сега веројатно заради распуст и дека се поголеми.
    Не покажувај пред детето дека ти е тешко. Одиш насмеана, кажуваш чао, дека ќе го земеш и дека е убаво таму. Ќе плаче секако. Јас го слушав до паркинг како плаче, едвај се воздржував да не се вратам, а почна на 16месеци.. првите 30мин ми изгледаа вечност дур го земам.
    После татко му го носеше, не е дека него му беше лесно, ама издржа :) за околу 2 недели се адаптира. Ама треба многу зборење и да не покажеш сомнеж зошто оди, да се туфкаш...
    Пред некој ден го земав од градинка (сега е голема група) и учителката се смееше и баш ми кажа: еее ти текнува колку плачеше на почеток, а и кога не плачеше цел ден повторуваше мама, тато, дојде, мама, тато дојде.... после одеше и ден денес оди со трчање. Од пример за дете коа буквално цела градинка ја дигаше во вис.

    Having said that... малово почнува за 2 недели на нецела годинка во јасли. Мене ми се крши срцево и ме фаќа паника од истиов процес отпочеток :(
     
    На mal.ecka, Mother of 2boys, Sofi.ja и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. DaftyCrafty

    DaftyCrafty Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2020
    Пораки:
    439
    Допаѓања:
    389
    Пол:
    Женски
    Како ја уплаќате уплатницата за градинка? На име на детето или на ваше име, па во цел на дознака пишувате за кое дете се работи? Првпат треба да плаќам, а не ми назначија, урнекот е бланко.
     
  9. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.621
    Допаѓања:
    7.491
    Пол:
    Женски
    Кај нас даваат печатени. Во цел на дознака е пишано името на родителот плус името на детето.

    Пишува пример, Петре Петрески за дете Марко Петрески. Во цел на дознака тоа.

    А горе пишувам рачно податоци од тој што плаќа, најчесто јас или татко и.
     
    На DaftyCrafty му/ѝ се допаѓа ова.
  10. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    6.432
    Допаѓања:
    32.185
    Пол:
    Женски
    На наше име, во цел на дознака "За ХХ (името на детето) за ХХ месец"
     
    На Erika.greeneyes, DaftyCrafty и Anaroz1 им се допаѓа ова.
  11. Anaroz1

    Anaroz1 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    2.416
    Допаѓања:
    5.673
    кај нас кога одиме на родителска имам видено дека имаат телевизор во занималната, а и сигурно им пуштаат е сеа дали само песнички и/или и цртани не знам пошо мојата пее стела и сани и ги знае сите песни , а дома не гледа телевизија и кажува и сама дека ги знае од градинка. морам да напоменам дека мене лично не ми смета, бидејќи истовремено имам чувтсво дека работат со децата, ни праќаат слики, видеа од активности носи дома шо праеле/цртале, им свират клавир, е сеа тоа е, најверојатно некогаш им пуштаат и песни/цртани. моето дете дома не поминува ни 5 минути пред телевизор затоа што сама не сака, ние ја имаме научено цело време надвор да е, да се шета, песничките во градинка ќе потенцирам пак дека мене лично не ми сметаат
     
  12. DaftyCrafty

    DaftyCrafty Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2020
    Пораки:
    439
    Допаѓања:
    389
    Пол:
    Женски
  13. Anaroz1

    Anaroz1 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    2.416
    Допаѓања:
    5.673
    кај нас не даваат пижами да носиш, затоа што не ги пресоблекуваат, топлинки ти препорачувам од топлинки.мк презадоволна сум
     
    На Bella_Stella му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.938
    Допаѓања:
    14.650
    Пол:
    Женски
    Не знаевме дека воопшто има телевизор, песнички пушташе учителката на телефон. После некое време кога почнаа за телетабиси да зборуваат децата, се реагираше па одредено време не пуштаа. И кога пак почнаа да пуштаат, им пуштале Том и Џери (барем не беа телетабиси на 5годишни деца...). Јас лично не сум против ич да не им пуштаат, ама имавме проблем што едната учителка 80% од времето беше на боледување, па ни надвор не ги носеа, ни активности немаа, и нормално одма појачале на цртани. Мислам дека 90% од градинките имаат телевизори.

    Бев зошто сакав да поразговарам со некој одговорен како да пристапам зошто јас во принцип сум построга и поладна, и ми закажаа термин, ми одговорија се што треба. Ама и да не отидев немаше ништо посебно да смени зошто разговарав со координаторка, а сосема други учителки ја чуваа. Откако почна пак си зборев со учителките се што треба.

    Кога почна, ставав пижами, па ми рекоа не ставај. Помина една година, па ми рекоа сега ставај. Последниве 6 месеца само горна пижама им облакале, ќерка ми сама ми рече не ми ставај долни. Како ќе им текне, така прават.
     
    На Minnie-e и Bella_Stella им се допаѓа ова.
  15. mellow

    mellow Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 февруари 2020
    Пораки:
    141
    Допаѓања:
    70
    Пол:
    Женски
    Дали на некој се имаат јавено од Весели Цветови во Кисела Вода дека е примено бебе за од септември? И дали поднесувавте за упис онлајн или во управа. На нас ни кажаа дека можело само онлајн да се аплицира.
    Поминаа месеци,никој не се јави.Наводно ќе не барале.

    Првото со полиција буквално го упишав,изгледа и сега исто ќе биде...
     
  16. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.938
    Допаѓања:
    14.650
    Пол:
    Женски
    Може нешто смениле сега, ама пред короната кога аплицирав за јасли, поднесов документи во управата во мај, па отидов во текот на летото да ми потврдат дека е примена, и си беше на список од септември. Требаше да почне од март, ама почна короната и не отиде. После 2 години кога пак аплицирав, беше со врски дека требаше да влезе во веќе формирани групи, ама ми ја важеа апликацијата од претходно. Јас би ти рекла да одиш лично во управата кај Дуња.
    Имав ситуација каде иако имав најавено дека сепак нема да почне, заради пандемијата ми тврдеа дека должам одредена сума за неколку месеца чување место, многу работа имав тогаш и не можев да одам таму, па 3-4 пати на телефон се објаснувавме. На крај пак морав да отидам таму за да расчистиме дека немам потпишан договор иако била на список и дека не должам ништо. Само лично одење рано сабајле за да точно се информираш за се.
     
    На mellow му/ѝ се допаѓа ова.
  17. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.290
    Допаѓања:
    28.040
    Како ќе ја уплатиш од име на детето?

    Од која сметка? :D
     
    На Mumoftwo30 и LiquidLuna им се допаѓа ова.
  18. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.290
    Допаѓања:
    28.040
    На брат ми е примено, ќе почне во октомври. Ама со ептен дебели врски. Не ги чекај да ти се јават, оди директно, батали онлајн апликација.
     
    На mellow му/ѝ се допаѓа ова.
  19. DaftyCrafty

    DaftyCrafty Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2020
    Пораки:
    439
    Допаѓања:
    389
    Пол:
    Женски
    Ако плаќам физички во банка, можам да пишам име на дете. Најчесто по училиштата се бара уплата на име на детето затоа што во извод потребно им е да фигурира името на детето.
     
  20. Sun&Moon

    Sun&Moon Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2022
    Пораки:
    1.128
    Допаѓања:
    1.633
    Пол:
    Женски
    Претпоставувам дека можеби сега кога се споени групите па немаат што да им прават па пуштаат. Не би сакала да биде тоа постојано. Толку бев возбудена дека ќе оди во градинка, сакам да се социјализира, да учи од деца, да ствара навики, авторитети и слично, не сум мајка што детето го чува во стаклено звоно ама баш се разочарав ако е вака цело време.
    Фала ти на одговорот :)
     
    На Anaroz1 му/ѝ се допаѓа ова.