Тоа е,ќе отидам таму па ќе се објаснуваме. Ми се темни кога ќе ми текне колку пренамагање ме чека.. Наса ли е К. Вода ли е
Ептен го памтам одеше една песна: hokey, pokey, uuuuu Ова е ок, да слушаат детски песни, ама со телевизор и лап-топ во градинка некако не ми се свиѓа.
Пижами одма ни кажаа и јас ставам. Ги земаат во понеделник во петок ги враќаат за перење. Топлинки само од Кеги купувам, така се погодило и задоволна сум.
Најголема глупост. Имав добиено некои такви уплатници за списание и за танц, се побунивме, како може во 21 век при онлајн банкарство да треба да идам во банка да платам само за стои име на дете како плаќач, кога си има дознака каде можеш да го пишеш. Ајде рекоа добро. Плативме сите, после рекоа копии од уплатници да донесеме за доказ. Пак проблем, не прифаќаат од сајтот принт, треба од банка да донесам копија. Добро бе толку ли немаат увид на сметка кој им плаќа? Си го пишува името фино лепо во дознака, не морам ко пензионер да идам во банка физички да платам само за да биде дека детето платило.
Вчера баш ја распрашував ќерка, вика дека немаат тв ама од телефонот и пуштале песни. Претпоставувам касетофонот рикнал или еден имаат за цела градинка
претпоставувам дека е летово, затоа што откако почна летово интензивно почна да пее песни секако јули и август е хаос по градинките, нема пола персонал, измешани се групи, деца од различки градинки, немаат активности, ги гледам и воспитувачкиве дека се при крај со нервите
Во Сончоглед се сега. Се јавувале во јули за договори. Другото кој како ќе се снајде. Мене ме дриблаа дека нема проблем и дека ќе ми се јават па испадна нема место. Ама јака бев пред маж ми дека може и без врски. Сепак легендата вели дека некој некогаш успеал да запише дете без врски во градинка.
Дечки совет Малиов почна мн да мава, дома по сите, во градинка. Му збориме дека не смее, го кубнувам, мавам по раче веднаш.. Не знам што му стана овие денови а и од кај научил. молам за совет од некој со исто ислуствво, сега наполни 2 год и е доста интелегентен, а и сигурен се осеќа го гледам
немам лично искуство со тепање за да те посеветувам, ама од други работи со ќерка ми имам сфатено дека ако упорно секој ден и зборам смирено и објаснувам полека и влага во глава шо и да е. така да јас би пробала секој ден смирено да му објаснувам дека не е убаво да се удираат други деца, дека не треба така да прави, полека и смирено објаснувај му зошто не е убаво, многу се паметни само треба упорност со нив, устата пена да ти фати
И син ми имаше иста фаза . Сите по дома не маваше , и тоа силни шамари знаеше да ни мавне ,од нигде никаде . Но ,во градинка немал такви испади . Устата пена ми фати , зборев зборев , чат пат ќе се расплачев на божемски и ќе ги затворев очите а татко му ќе му објаснуваше дека мама многу ја болел шамарот и сега ќе спие долго . Мислам дека со оваа "финта " магично престана . Имаше и фаза кога многу касаше. Еднаш некако му ја наместив неговата рака да се касне самиот , изгледа бааѓи се апна и така и тоа помина . Зборувај мајка , Верувам дека зборувате де , ама фаза е , ќе помине
Мојот е ист, денес ко го земав ми кажаа дека сите ги пукал и им брцал во очи Устата пена ми фати од зборење, ама освен да им збориме не ни преостанува ништо друго
Пред да удри фати му ја раката и ќе му кажеш дека не е убаво да мава, дека те боли, прашај го зошто удира, да не е нешто лут, нека удри на перница некоја ако мора да удри. Кажи му следен пат кога ќе му дојде да удри прво да дојде и да ти каже па ако треба да исфрли пак нека удри на перница. Јас пример за тантрумите кога ќе и дојдат ја прашувам ти доаѓа тантрум и она вика да и тогаш се гушкаме и викаме оди си тантрумче. Нешто такво пробајте. Плескање и скубнување не мислам дека помага. И во принцип период било она помала од 2 години беше кога знаеше така да мавне ама помина, зборење, покажување што да прави наместо да удри и така.
Охх многу ми помогна што ве прочитав, денес лошо се осетив дека ми кажаа во градинка дека гризела мојата, а поголемите што зборуваат дури и ја кажувале со име. И кажувам секој ден дека не чини така, треба да си игра со децата да се дружи, да дели играчки, децата ги боли... си замислив како ја избегнуваат другиѕе деца и ми падна жал. А ми кажа и негователката дека им е фаза, и дека и другите деца гризат (и она често си доаѓа убаво изгризана), ама не знам зошто осеќам како некоја вина...
Денес по колку кг праски ви дадоа? Еднаш кај малото даваат 1 кг ,кај големото 2 кг, сега обратно. Не ми е за 1кг праски,и овие стојат не може да стигнеме да ги изедеме покрај другото овошје,но зошто мислам дека проектот беше по 2 кг на секои две недели?