Децата и градинките

Дискусија во 'Дете' започната од coca, 23 декември 2009.

  1. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    28.548
    И мене ми наплатија лани кога вадев.
     
  2. Manuela.

    Manuela. Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2015
    Пораки:
    292
    Допаѓања:
    3.384
    Пол:
    Женски
    За потврдата мене лани ми наплатија 100 денари.

    Друго сакав да кажам во врска со смените.Ние имаме 3 градинки и само во едната ке има 2 смена ако се соберат доволно деца.Значи кажаа дека треба да одредиме која смена сакаме да биде детето и таа да си оди,што значи ако сакаш втора ке мора да се префрли во другата градинка.Ќе има само една учителка и децата ке имаат ред исто како наутро,значи преспивање во 5 поручек.И после ти дома мисли си како ке ти спие навечер или па воопшто нема да сака да спие на градинка.А плус мора да се однесе детето во 14 и 30 и може да седи до 21 и 30.Организација нула
    Мојата останува 1 смена.
     
    На Elen4e_sonce, snegulkata и Vennera.aa им се допаѓа ова.
  3. Vennera.aa

    Vennera.aa Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2014
    Пораки:
    1.188
    Допаѓања:
    7.590
    Пол:
    Женски
    Втор ден денес полош од првиот луѓе губам полека надеж денес после еден час ми се јавиа да го земам, ми рекоа доволно е за денес хахаха да баш кога отидов таму цело лице отечено од плачење. Јас го испланирав одморот сега за да можам да сум дома и слободна овој период мм секако е слободен ама нема да ми е мирна главата а и само со мене се смирува . Вчера и денес е уште позален за мене да излезам од соба и плаче. Друго што ме изнервира вчера се запознав со воспитувачките кои ми беа и во досието запишани денес трета го прими четврта ми го даде мене ми се четири лица за два дена многу не па на дете како да свикне. Сега незнам ни која му е воспитувачка, не дадоа ни листа на оброци, не кажаа ни што да носам.
     
    На snegulkata му/ѝ се допаѓа ова.
  4. snegulkata

    snegulkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    2.872
    Допаѓања:
    28.580
    @Vennera.aa Е многу рано губиш надеж, та втор ден му е на детето. Сосема нормално дека ќе плаче, плус како што велиш само со тебе се смирува, што значи допрва ќе се учи дека и други се грижат за него (таткото, воспитувачките). АКо толку рано му попуштиш спреми се на плачењето како негова метода за манипулација. Сепак ако и после некој извесен период не се навикне и секојдневно многу плаче тогаш искрено и јас би си го зела детето. Само дај му шанса, неколку дена, паузирајте па од октомври пак прати го... биди упорна, на многумина им се испатил тој труд, за доборот на детето па и за тебе.

    Инаку во право си со тоа дека незгодно е кога нови лица гледаш како воспитувачки и мене тоа ме нервираше. Баш да не знаеш на која да ја праша како било, јадел ли, спиел ли... Мене најчесто кога ја земав така друга воспитувачка ми ја даваше која освен името на ќерка ми друго не знаеше ништо. Не ја ни прашував, само си земав детето и си одев. А секогаш сакав да знам како била, што работеле, дали спиела, што јадела! Оваа година за среќа преместени се во дел од градинката каде баш и ние родителите имаме пристап до занималните и воспитувачките па можам да си прашам се, па дури можам и да си го ѕирнам детето што прави. Не влегуваме внатре, ни ги дават на врата ама тоа ми е сосем во ред.

    Инаку сега се слушнав со улителката, мојата абер немала за спиење, расположена била за игра, главна и во дружба со новите деца кои секако нема да спијат денес. Се израдував дека е среќна таму, ама па нема да спие! Другарчињата и се погодија, ама криво ми е оти покрај нив и она нема да спие.
     
    На Bozica1980, Kitten и Vennera.aa им се допаѓа ова.
  5. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.923
    Допаѓања:
    203.178
    Пол:
    Женски
    Мораш да издржиш... големиов кога го носев во градинка на почетокот не плачеше првите денови, интересно му беше. Ама кога сфати дека треба секој ден да оди... е тогаш почнаа плачките... и плачеше скоро секое утро цела година... ама моево поголемо почна, на две и пол години. Нерви ќе ти требаат, челични. Ако видиш дека не оди, тогаш не форсирај, ама на почеток сите плачат, без исклучок, само што кај сите трае различно таа фаза. И важи правилото дека помали побрзо се навикнуваат.
     
    На Dust, PUPICA, azelea и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Manuela.

    Manuela. Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2015
    Пораки:
    292
    Допаѓања:
    3.384
    Пол:
    Женски
    @Vennera.aa Убаво ти пишаа сите,мора да издржиш.Јас малата на 8 месеци ја однесов,плачеше скоро 2 недели кога ја оставав.Прво по 2 часа,па по 4 и на крај почна и да преспива таму.
    Се беше потоа песна.Дури и сама одеше на врата да и отворат.Се е навика.
    Сега имаме проблем дека во друга група е и плаче пак.Ама ке издржиме и овде ке се навикне.
    Етапа што мора да ја поминеме.
    Полесно беше помала.
     
    На azelea, Vennera.aa и Sunshine_1979 им се допаѓа ова.
  7. augustd

    augustd Популарен член

    Се зачлени на:
    13 март 2017
    Пораки:
    1.175
    Допаѓања:
    11.296
    Пол:
    Женски
    И ние денес полошо од вчера, три часа таму со плачки. И јас викав готово, ја отпишувам, но решив да не попуштам.
     
    На PUPICA, chocolade и mariz им се допаѓа ова.
  8. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.730
    Допаѓања:
    77.020
    Пол:
    Женски
    Ке се навикне не се грижи. Во колку го носиш? И ваму се случува за приемот други да го преземат на врата, но истите две се после 8,9ч. Инаку не губи надеж.. мојов едно мин 10 дена така мнооогу плачеше, читај низ постовиве дека кај секој е иста приказна... Го зимав деформирам во фаца, отечен од плачење, скроз во други алишта пресоблечен и дури и топлинките во торба за перење (дека од напор и плачење се истурал и од повраќање, а тоа дома никогаш не се случило). Тек за оставање беше забавно... не беше решение да го влечат низ ходници, па јас влегував со него.. малку ке се заиграше и бегав, ама за брзо и таа тактика ја научи па кога ке влезевме ме држеше и ме влечеше низ занимална... После месец дена тек намали со плачки, за после некое време и сам да бара да оди :)
    Инаку тргна на 1год и 5м.
     
    На iki26, PUPICA, azelea и 2 други им се допаѓа ова.
  9. chocolade

    chocolade Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2014
    Пораки:
    2.215
    Допаѓања:
    6.882
    Пол:
    Женски
    Кога ве читам, си викам "леле што ме чека" |(
     
    На Oscar Lady и kankus им се допаѓа ова.
  10. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.260
    Допаѓања:
    67.820
    Пол:
    Женски
    Леле бе луѓе. Нема ли некое решение за ова? Како може да плачат до повраќање, па кој стрес е тоа за толку мало човече?
    Како може по другиве земји да одат со родител на адаптација, а кај нас вака нормално е да се плаче до повраќање?
    Сериозно прашувам.
     
    На cresa-jagoda, zuto и mamita83 им се допаѓа ова.
  11. augustd

    augustd Популарен член

    Се зачлени на:
    13 март 2017
    Пораки:
    1.175
    Допаѓања:
    11.296
    Пол:
    Женски
    Во нашата градинка можеш да стоиш во ходник, вратите од занимални се отворени, па можеш да влезеш ептен ако има потреба. Воспитувачките викаат подобро остави го и оди бидејќи ако ги слушаме кај што плачат, веднаш ќе ги земиме. Вистина е дека е стрес и за двете страни, еве денес кога бев да ја земам она плаче, две други лазат и плачат, липтаат... Страшно.
     
    На RainBow му/ѝ се допаѓа ова.
  12. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.730
    Допаѓања:
    77.020
    Пол:
    Женски
    Јас им викав јавувајте ми се бре луѓе, на две минути живеам и ке дојдам по него. Добивав одговор дека бетер ке сум направела така, подобро било да се исплаче (facepalm) инаку ке сум го навикнела така и бетер ке било после со плачењето... дали им е од искуство тоа незнам. Ме пуштаа да влегувам и да седам, но неколку дена и после пресекоа, мајка неможе вака, вака нема никогаш да се опушти сам. А во јасли е секогаш така... секој пат и на носење и на зимање во хор знаеле да плачат. Мојов престана да плаче, па кога одев да го зимам (дека во 12 одев) и искачаа по 3,4 дечиња по воспитувачката такви отечени од плачење :(
    А еве кога бев во прва мала група, ни едно не плачеше... Дали во јасли се расплакуваат и едно од друго, дека секогаш некое плаче...
     
    На azelea, RainBow и augustd им се допаѓа ова.
  13. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.923
    Допаѓања:
    203.178
    Пол:
    Женски
    Нема решение, за жал. Немаат ни многу избор, оти пред се, многу деца се, нема место за родителите. Во приватниве градинки ако е нешто подобра ситуацијата, ама немам искуство, па не можам да тврдам. Сите деца плачат, без исклучок, а со родител мислам дека би било потешко. Ако се почне така, адаптација со родител, детето може да мисли дека родителот постојано ќе биде со него, да се опушти брзо и да прифати, па да биде проблематично и со плачки кога ќе помине периодот на адаптација.
     
    На Bozica1980, iki26, PUPICA и 3 други им се допаѓа ова.
  14. mamita83

    mamita83 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2014
    Пораки:
    355
    Допаѓања:
    426
    Идеално е да влезеш со детето заедно во занималната, (и јас би вриштела некој да ме однесе на место кое прв пат го гледам со луѓе кои не ги познавам), и така да одиш две три недели да влезеш со детето и првата недела да седиш по еден час со него, следната недела да излагаш на 10 минути, па 20 минути, детето да го запознае просторот и воспитувачките, вие пак ќе имате можеби плачки но не на ист начин. А воспитувачките да се вољни да му објаснат на детето дека мама ќе дојде дека отишла на кратко, идеално е доколку воспитувачките сакаат ако детето почне да плаче со вриштење веднаш да излезат и да го однесат кај вас- да му кажат еве ја мајка ти, за кратко излезе. Ама најважниот дел се воспитувачките ако знаат со детето ќе биде лесно, ако отрпнале на детскиот плач и немаат желба да работат со деца џабе е. Јас така направив со втората ќерка сега преку летото во државна градинка, персоналот ќе те предомислува но за мене ова е најдобрата метода. По мене во државна градинка најдобо е доколку можеш ова да го направиш после 19 јануари, тогаш има најмалку деца во градинките, сите учителки се на број бидејки несмеат да користат одмор зимно време и задолжително убаво да се распрашате за воспитувачките.
     
    На cresa-jagoda и RainBow им се допаѓа ова.
  15. Vennera.aa

    Vennera.aa Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2014
    Пораки:
    1.188
    Допаѓања:
    7.590
    Пол:
    Женски
    @snegulkata ме погоди целата ситуација се осеќав безнадежно кога ме повикаа па уште и кога излезе тотално непозната особа која ништо не ми кажа и кога ја прашав како поминавте ми рече хах уште прашуваш и ме остави без текст, цел ден неможам да си опростам што не и кажав два три збора како прво беше девојче сега излезено од клупа со некои 22 ме гледаше од високо демек јас дете ќе ти гледам тоа рика плаче :@:@:@

    @Annath не се откажувам сега и инаает ме фаќа утре од сабајле само ако ми се појави друга на врата ќе одам на разговор со директорката па со деца работат бе со пена не е ова истрауматизирај дете до максимум

    @Manuela. сите ми викаат малечко е побрзо ќе се адаптира ама искрено во случајов не гледам соработка од воспитувачките како партал да е го земаат и враќаат ни збор да кажат добар или лош ни кога го земаат ни кога го враќаат, јас разбирам не им е лесно како моето уште 20 им рикаат ама па на крајот на краиштата тоа одбрале да работат

    @augustd господ да ни даде сила и нерви да истраеме нема друго освен да се наоружаме со трпение, кај нас ѕвониш на ѕвонче излегува воспитувачка го зема и зад таа врата неможе никој родител да влезе

    @mariz го носам во осум, утре ќе прашам зошто му се менуваат воспитувачките и малце ке настапам по дрско отчет има да барам колку молчел колку плачел, па не сум го нашла на улица детето кога го зедов денес вода неможеше да се донапие дете а вчера им кажав пие многу вода нудете му често
     
    На Annath, azelea, mariz и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.534
    Допаѓања:
    289.018
    Само што ве читам срце ми се крши :(.
    Душички.
    Да почне дури да повраќа едно детенце поради плачење....

    Кај нас е новоотворена група. 7 дечиња а 2 воспитачки. Наредната година ќе бидат 12 деца, меѓу кои и втората ќерка и 3 воспитачки.

    За да не им дојде многу напорно на воспитачките, ни дадоа на родителите план на носење на детето. Три дечиња не видов, две идат пола час пред нас, па пола час се поклопуваат со термините, а мојата и едно друго детенце кои иде во исти термин со неа остануваат уште половина час сами.

    Вака беше три дена, по еден час. Утре и другиден е 1.5 час, од кој после пола час треба да испаднам и да чекам во ходник. Потоа треба да ја оставам и да бидам телефонски достапна:(.
    Овие три дена си беше супер. Со коцките градеше кули, потиа си ги собра во кутија и ги врати од каде ги зела, после успиваше и ранеше кукли, па со едни дрвени кругови играше...и секако во детската кујна. Дома не раскрева играчките, барем не своеволно, а таму за чудо одма се си раскреваше.
    Со другите деца немаше некој контакт, секое само си играше. Освен што си гледаа што имаат во кутите за појадок и сакаа нешто да си "украдат".
    Тоа е делот што не ми се допаѓа. Мора појадок и ужина од дома да си носи. Не е работава само спремање, туку дека туѓото е секогаш послатко па ќе се гледаат кој што носи.
    Во дворот имаат и нови лулашки и игралиште за групата јасли, па сигурна сум ќе ужива.
    Загрижена сум што германскиот го разбира минимално, на македонски ни е дома комуникацијата, дека нема да ги разбира што ќе и зборуваат... ама им кажав и верувам не е прво двојазично дете. Единствено добив впечаток дека воспитачките не се заигруваа со децата, сеуште не остварија некој поблизок контакт со малата. Сама со себе си играше и ја запознаваше околината. Едвај да проговорија со неа... Ама па може и така треба, не знам.
    Се надевам дека ќе се пушти.
    Ќе видиме како ќе биде кога ќе треба да ја оставаме сама.:(
     
    Последна измена: 5 септември 2017
    На Dust, cresa-jagoda, Bozica1980 и 8 други им се допаѓа ова.
  17. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.282
    Допаѓања:
    226.789
    Пол:
    Женски
    I mene mi ja naplatija potvrdata i mi dadoa fiskalna. 250 den.
    I jas sum protiv toa da se isplache. Vo ponedelnik kje razgovaram so taa shto kje go chuva, ne deka go pravam moeto dete svileno no toj od plachenje znae da se gushi fala bogu shto do sega ednash samo se sluchilo...
     
    На Dadusicka му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Vennera.aa

    Vennera.aa Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2014
    Пораки:
    1.188
    Допаѓања:
    7.590
    Пол:
    Женски
    @danichap само што почнав да читам си реков ова не е во македонија сигурно
     
    На cresa-jagoda и danichap им се допаѓа ова.
  19. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.202
    Пол:
    Женски
    Еуфорична е, ќе и' помине :D
    Додека да и' стане секојдневие градинката, после ќе спие.

    @danichap ич немај гајле за двојазичноста, пријатели мои и двајцата македонци го оставија детето од 16 месеци во градинка, и им нагласија дома да не и' зборуваат германски. Детето супер си научи јазик од градинката.

    За останатите што читаат а не им одат уште децата во градинка би им рекла да не гледаат толку песимистички, не се сите деца исти, некои без плачки ја прифаќаат градинката и многу бргу се адаптираат.
     
    На Kaetana, chocolade, azelea и 3 други им се допаѓа ова.
  20. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.730
    Допаѓања:
    77.020
    Пол:
    Женски
    Море џабе или ке се прават наудрени или дрско ке ти вратат и они... Со водата иста ситуација, иако сум на 1,2 мин од градинката.. нема ни толку, на наредна улица што се вика ми е... одев да го зимам и со мене шише вода, зашто детево до дома неможеше да дочека и плачеше цел пат еднаш за вода. Прашав пие вода детево? даааа дааа и вода и сок пие, аха да... затоа кога ке го земев прво уште во двор во градинка ми викаше: сакам вода мамо и пиеше како да не видел... Исто е и тука, ѕвонам на ѕвонче и го зимаат они, они го облекуваат во топлинки и му соблекуваат јакна, дуксер и сл... јас ништо. Сум одела на пракса во многу поубави градинки и криво ми е што детево ми оди во ваква градинка, дива лига. Бар задоволна сум сега како изгледа просторијата во прва мала група...
     
    На Vennera.aa му/ѝ се допаѓа ова.