Дали носите потврди секогаш ко ќе се болни, оти малово се разболе, но му помина, не го однесов на доктор, може да ми бара потврда? Но не му кажавме дека е настинат.
Моја другарка кажува објаснување од типот на патување бевме, на ова бевме, на она, за неколку дена. Во градинката на нејзиното дете прифаќаат. Кај ќерка ми ден/два да отсуствува може и без потврда да се помине, за повеќе од тоа бараат. Така да јас носам. Ние додуша секако одиме на доктор заради што секоја настинка се комплицира после ама во секој случај за враќање бараат потврда освен ако немаш најавено одмор пример. Дека ради некое патување ќе е детето отсутно.
Три дена беше отсутен, утре почнува,ќе го однесам и ако праша ќе кажам малце ми беше ко настинат. немаме потврда не беше на доктор.
Кај нас воспитувачката за се наоѓаше "рачки" за дете да си чуваме дома, така да ако јас би рекла ми личеше настината ќе добиев одговор почувај ја дома уште некој ден. Буквално за сламка се фаќаа за да вратат дете. Се надевам не се кај вас такви. Едит: јас летово одам со "финти" бевме на патување, имавме гости од странство, сакаа да поминат време со неа. Имавме прослава и слично чуда, што не вклучуваат споменување настинки.
Резерва облека и шише со вода. Кај нас дозволуваат вода/чај во шише да се носи. Пелени и влажни носиме на почеток на месец.
Не те издава детето? Јас еднаш на чешлање најдов некое бубаче во косата на малата, одма испаничив леле вошки, ајде одма чешел вадам, полека ја проверувам цела. Следниот ден пак, викенд беше. Немаше ништо, валда некоја бубачка од надвор, џабе се замарав. И понеделникот ми вика малата: а јас смеам да идам во градинка дека имам вошки? 10 пати и реков немој да си рекла дека имаш вошки кога немаш. И попладнето се враќа и ми вика: јас не кажав дека имам вошки. И јас пак и објаснувам ама немаш вошки бре, јас згрешив, само така ми се чинеше. 2 недели после тоа на сите кажуваше како имала вошки, ама после немала.
@Spidy , во јасли ова. 1,5 година е сега. За после не сум размислувала дека може да кажува ама ќе имам во предвид.
Имај, јас кажав на викенд дека ќе ја носам а не ја однесов. И понеделник ја прашуваат "Како си помина" и она вика "Дома Софи беше"
Дали има некој да сподели искуство со градинка Пролет односно јасли групата Бумбарче. Малата ми е 9 месеци сакам да ја запишам таму. Фала ви
Во Досие на дете за упис треба да ја пополнам 6тата страна, меѓутоа е за стомалошки преглед; за градинка мора преглед на забар?
Следната е она инструмент за процена на степенот на достигање на стандардите 2-3 години, тоа треба јас да го потполнам?
Kakov e kalapot na toplinkite od chico? Gledam sega se namaleni no se dvoumam okolu velicinata, adidas primer patiki nosi 24, a skeckers 23