Децата и градинките

Дискусија во 'Дете' започната од coca, 23 декември 2009.

  1. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.188
    Допаѓања:
    40.552
    Пол:
    Женски
    Во објавата пишува сите деца си ги задржуваат групите и негувателките, само објектот ќе е друг.

    https://srnicka.com/и-з-в-е-с-т-у-в-а-њ-е-5/
     
    На снежана2023 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. cherry89

    cherry89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2020
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    390
    Пол:
    Женски
    Мајки дали некоја од вас има искуство со градинката Срничка во Аеродром?

    Од септември треба синко да почне таму, ама не знам апсолутно ништо ни за учителки ни за воспитувачки… Не знам ни каде да прашам, отидовме два пати таму ама не можеш да влезеш да се распрашаш, па ниту просторот да го видиш :worried:
     
  3. Трепетлика

    Трепетлика Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2015
    Пораки:
    479
    Допаѓања:
    273
    Пол:
    Женски
    Ве молам ако некој има свежо искуство од Колорес и Литл ми во Аеродром конкретно за предучилишна возраст да сподели искуство.
    Конкретно ме интересира дали ги мешаат групите со помали дечиња, дали навистина имаат некоја програма за подготовка во училиште, колку деца се во група и како сте задоволни генерално.
     
  4. farahfarah

    farahfarah Активен член

    Се зачлени на:
    28 април 2024
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    145
    Пол:
    Женски
    Lugje dali imam sansi sega da go zapisam vo gradinka Konkretno za Stip se raboti ete malku zakasnavme znam ama planovite se smeni ja I sega sakam da trgne dali postoe moznost da go primat ili mnogu e kasno sega
     
  5. Snowflake92

    Snowflake92 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    4.000
    Допаѓања:
    4.877
    Пол:
    Женски
    Па најдобро прашај си во градинката кај што планираш
     
  6. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.518
    Допаѓања:
    112.966
    Пол:
    Женски
    Во градинка можеш кога сакаш да го запишеш, не сите се раѓаат во декември за да тргнат во септември во градинка. Моето го запишав во февруари тргна пример.
     
  7. medena147

    medena147 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    1.273
    Допаѓања:
    1.903
    Пол:
    Женски
    Јас мојата ја запишав во ноември,а почна од 15 декември во градинка.
    Прашај си во градинката.
     
    На farahfarah му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Marijanz&

    Marijanz& Активен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2024
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    13
    Пол:
    Женски
    Добро утро мајки, ме интересира дали некоја од вас има искуство со градинката во Кисела вода - Расадник "8-ми март"? Дали сте задоволни со грижата и вниманието за децата?
    Тргнувам на работа од септември, немам избор, а бебето ми е 9 месеци.
    Прашав за исхраната таму и малку ме зачуди што даваат иста храна на бебиња и на деца до 2 години. Гледам даваат кравјо млеко, сок, тортици (благо) ...
    Знам бебе не смее тоа да јаде до година.
    Ме фаќа паника, си цицаме, се немаме разделувано до сега и баш се напнувам :?:
     
  9. Maca Macka

    Maca Macka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2022
    Пораки:
    1.262
    Допаѓања:
    2.932
    Пол:
    Женски
    Јас колку што знам секаде е така, иста храна е за деца до 2 години, иако сок и тортици не ми се ни за 2 годишно дете.
    И во нашата градинка имаше тортици и сок.

    Сок не мора да му даваат на бебе од 9м. Ти носиш шише твое со вода и тоа го користи. Ужината обично нас ни ја ставаа во ранец, кога не беше овошје. Прашај кај воспитувачката која би го чувала за таква опција.

    Е појадокот е скоро секогаш со кравјо млеко, урда така нешто. Секаде е така.
    Ручекот е тој истиот за сите само пласиран и тој би требало да е ок.

    И мојата почна на 9м како скоро сите, цицаше до година и пол и многу брзо се адаптира. Нека не те фаќа паника ќе си се навикни. Воведи само кравјо млеко и тоа е.
     
    На Anaroz1 и Marijanz& им се допаѓа ова.
  10. Marijanz&

    Marijanz& Активен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2024
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    13
    Пол:
    Женски
    Фала ти за одговорот и охрабрувањето. :$ Она си јаде се до сега што и имам дадено, нема алергии никакви. Ама стварно внимавам дома на нејзината исхрана и сега не ми штима баш да знам дека ќе и даваат шеќери. Јас сок воопшто не планирав да и давам ни понатаму кога ке потпорасне. Многу сака водичка да пие и чајче, па би се држела до тоа колку можам. Останатиот дел од исхраната во градинка е ок, немам против, само ова некако ми беше чудно.
     
  11. Mama97

    Mama97 Активен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2023
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски
    Мајки, од градинка ми рекоа да му ги потпишувам алиштенцата, влажните, кремата и сѐ што ќе носи во ранче. Е сега, како правите вие, дали може да ја ставам облеката за пресоблекување во потпишана зип ќесичка? Кремата, влажните ќе ги потпишам, ама пример чорапчињата како? :wasntme:
     
  12. Sun&Moon

    Sun&Moon Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2022
    Пораки:
    1.175
    Допаѓања:
    1.709
    Пол:
    Женски
    Сега се јавив во градинка, ми рекоа да прими трета доза дитепер, па после 4та доза. Нели 3 дози беа?
    Ми рекоа дека сега нешто смениле, се давало на 18 месеци ама после пандемијата порано. Ние сме скоро 16 месеци. Дали така се вакцинирани вашите деца? Со вакциниве во глава ми е хаос.
     
  13. Mama97

    Mama97 Активен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2023
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски
    Да мајка, и ние сме 16 месеци ја примивме во петокот, а требаше на 18 месеци.
     
    На Sun&Moon му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Sun&Moon

    Sun&Moon Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2022
    Пораки:
    1.175
    Допаѓања:
    1.709
    Пол:
    Женски
    А 4та доза кога? И зошто? Нели беа 3? Имавте реакции?
    Фала мама :)
     
  15. Mama97

    Mama97 Активен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2023
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски
    Следна ми рекоа во прво одделение, искрено не се координирани ни доктори, ни воспитувачки, едните викаат на 18 месеци, другиве викаат препорака од министерство е после 6 месеци да се ревакцинира а не после година, инаку немало да ги примаат во градинка. Хаос.
    Инаку, само го болеше рачето и затоа беше кенкав, следниот ден имаше црвенило на рачето, други симптоми немаше :)
     
    На Sun&Moon му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Sun&Moon

    Sun&Moon Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2022
    Пораки:
    1.175
    Допаѓања:
    1.709
    Пол:
    Женски
    Па тоа ми е, не ми се става се живо и диво што ќе кажат како да се експериментални глувци со услов да одат во градинка. Не сум антиваксер во ниту еден случај ама сепак новитетиве не ги сакам особено кога ни тие сами не знаат како и што.
     
    На Mama97 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.518
    Допаѓања:
    112.966
    Пол:
    Женски
    Имаш да си нарачаш на али како печат. Иначе мене ова глупост ми е, најискрено, не сакам да си ги уништувам алиштата.
     
  18. Mandela

    Mandela Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2022
    Пораки:
    1.414
    Допаѓања:
    2.219
    Пол:
    Женски
    4 дози се - на 2 месеци, 4 месеци, 6 месеци и ревакцина на 18 месеци.
     
    На Sun&Moon и Mama97 им се допаѓа ова.
  19. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    4.388
    Допаѓања:
    13.549
    Пол:
    Женски
    Ревакцина не е исто со 3 дози дтп, 3 дози се, и една ревакцина на 18м.

    Не ставајте порано од наведеното вакцини.
     
    На Sun&Moon и Mandela им се допаѓа ова.
  20. Mama97

    Mama97 Активен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2023
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски
    Здраво, дали може да ми кажеш од која причина?
    Бидејќи консултирав неколку лица и не добив конкретен одговор.:)