Јас кога бев за ММР, во вакцинален ми рекоа дека треба да ја прими порано ревакцината за ДТП. Ми беше сомнително и го прашав педијатарот, ми рече една година од примена прва доза. Сепак и тоа ми се виде како да е заради епидемијата усилено и ја прими на 17 месеци.
Значи ако ги има примено 3-те дози, ревакцината доаѓа на 18 месеци. Ако нема примено трета доза, сега да ја вакцинирам, така?
Се пријавуваш онлајн на страната на градинката, ве викаат, одите на разговор и после чекаш список или повик дали сте примени и тогаш носиш документи, тоа што ќе ви побараат. Најчесто е потврда од матичен, извод на родени, лични карти од мајка и татко и во некои бараат брисеви.
Најчесто да поради тоа дали има место,прво тие што работат 2та па ако има место кај што раб 1... А и зависи од градинката
https://a.aliexpress.com/_EJQGNjX Вакви имам нарачувано најпрактични ми се. Ем си е се обележано ем не се оштетува ништо од облека.
Дали во градинка децата ви се како постегнати, позатворени, не онака како шо се кога се дома, многу е мирен, затворен, не бара ништо таму, не реагира кога нешто се случува, пример не искажува исто лутина таму како и дома, попушта на децата, нема некои барања од учителките за да добие внимание, тивок е и задоволен од тоа шо го добива. Како да се отвори повеќе, со децата повеќе да комуницира , да ги прифати, да не мисли дека секој го задева кога на некои таква му е играта, како да се прилагодиме?
Внук ми е жив ѓавол што се смееме. Во градинка, а и школо сега е најмирното дете таму. А дома е да полудиш од него. Мислам дека дома си ја имаат таа слобода , за да прават се и дозволено е се. А во градинка се под контрола.
А ти се има отворено детето да ти каже дали има конкретно некој проблем или? Зашто ако има проблем би требало со учителките заедно да го решите. Прашањето е дали детето е задоволно во градинка?
Ист е ко мене и мм потполно во карактер како шо бевме ние мали, но сакам да е ослободен , да не се стега, дека е во ред и нешто да згреши, не да биди најмирен и се да слуша, многу сака правила, и постојано размислува зошто ова вака треба, зошто мора, многу размислува и за последиците а јас сакам само да е дете. Таму не бара ништо, си ќути му велам дека исто треба и таму да ги прашува учителките ако нешто не му е јасно, ако не може да се снајде, сега го знаат колку е послушен и мирен и почнуваат пак на другите шомси бараат повеќе внимание да му посветуваат. Ако не бараш никој нема да те види...
Секогаш вели дека му е убаво во градинка, дека сака да оди. Не се жали за ништо ни пред мене, ако има нешто, не кажува..
Ќе се опушти. Друг внук беше така, се сам седеше , па сега неможат да го смират. Скоро е почнат или иде подолго?
Јас искрено не гледам проблем, едноставно таков карактер е, не му треба екстра внимание, супер си се снаоѓа во различна средина од дома. Зошто би сакала да е поинаку? Ако е задоволен и сака да оди не барај проблем.
Оти кога го земам јас од градинка, гледам дека тогаш почнува да се опушта, и со нас ќе постави милион прашања како да ќутел и се стегал цел ден во градинка, ко да не е доволно изигран. Оти дома пример знам каков е кога има некоја задача пример некоја активност што не му е јасно како , ќе те прашува дури не го направи, а таму на активностите не бара помош и некогаш гледам не може да се снајде, но поминува задачата и не е задоволен од шо има трема да праша како да ја направи.