Децата и градинките

Дискусија во 'Дете' започната од coca, 23 декември 2009.

  1. Lisandra

    Lisandra Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2015
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    3.472
    Пол:
    Женски
    Иде подолго.
     
  2. ija

    ija Популарен член

    Се зачлени на:
    21 март 2013
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    809
    Некоја мајка што е од Охрид да ми одговори, во Септември ќе ја пуштам во градинка ќе има 20м уште носи пелени дали ќе биде во јасли со бебињата или во некоја друга група и ме интересира дали благо и сокови им даваат на толкава возраст.
     
  3. doubleinfinity

    doubleinfinity Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2012
    Пораки:
    2.446
    Допаѓања:
    5.216
    Пол:
    Женски
    Ако носи пелени во јасли ќе биде, не префрлаат во поголема група дури не ги тргните пелените, благо даваат и сок исто, моето одеше многу малку во јасли и искрено не се сеќавам меѓутоа внук ми е во јасли некогаш дома со тортици тие од винчини го праќаат, имаш мени закачено на вратата од секоја градинка
     
    На ija му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Bebetoo

    Bebetoo Популарен член

    Се зачлени на:
    7 мај 2020
    Пораки:
    1.346
    Допаѓања:
    3.081
    Пол:
    Женски
    Син ми е 2 години. Исто како што го опиша твојот. Во градинка е најмирен, секој ден пофални зборови имам кога го земам, никогаш нема правено бељи, во смисла да зима играчки од деца, да удри, или да плачи за безвеза. Многу е послушен, прави работи што дома нема шанси да послуша од нас. Исто гледам на сликите и видеата, кога некој нешто му зема се повлекува и сл.. Таму спие без цуцла, дома ела заспиј го без.. има омилено ќебе само тоа му го праќам, го земал сам и си заспивал без проблем (дома живи не јади дур заспие)
    Учителката ми вели дека бил највоспитан, али јас мислам тоа е карактер. Дома со нас е жив ѓавол. И јас сум таква, на друго место сум ангел, прашај го мм за дома што жена има:devil:
     
    На Лалина и Lisandra им се допаѓа ова.
  5. Ena05

    Ena05 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2019
    Пораки:
    920
    Допаѓања:
    1.002
    Пол:
    Женски
    Најдов мени за во градинката кај што ќе биде син ми и малку сум изненадена. Грав, вариво, брусница, вишни на бебиња?
    Еве го менито, и дали ова значи дека јас треба до 8 месеци бидејќи тогаш ќе тргне по малку за да се навикне, да воведам се ова од менито?
    Messenger_creation_552E3359-04B8-4372-B2F0-680340438BA4.jpeg
     
  6. Marijanz&

    Marijanz& Активен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2024
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    13
    Пол:
    Женски
    Искрено, ова мени е одлично, доста богато и нутритивно. Можете слободно да му дадете на вашето бебе да проба пасирана вишна, само внимавајте на лушпата. Од гравот можете да направите блендирана паста и да го понудите така, не мора во големи количини бидејќи е доста тежок за варење. Останатото исто така е дозволено. Мене повеќе ме загрижува што нудат шеќери во мени за бебиња и деца до 2 години.
     
    На Ena05 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Ena05

    Ena05 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2019
    Пораки:
    920
    Допаѓања:
    1.002
    Пол:
    Женски
    Тоа со шеќерите е плус. Правев сега се домашно сок, компот без шеќер со овошки ни прскани ни ништо за него и си викам зошто се мачев кога во градинка пак ќе го научат на благо.
    Во врска со јадењево ме буни бидејќи матичниот ни рече да се водиме според ова ама изгледа ќе мора порано да почнеме :worried:
    RR-MK_KALENDAR_NA_ISHRANA.jpg
     
  8. Marijanz&

    Marijanz& Активен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2024
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    13
    Пол:
    Женски
    Те разбирам тотално. Моето е 9 месеци и сега во септември почнуваме. И јас се револтирам со ова сознание дека даваат сокови, тортици и плус кравјо млеко кое не е дозволено до година. Не знам по која логика идат, ама не прифатливо е да е исто мени за бебе и дете од 1 или 2 години. Си има граници што се јаде а што не на одредена возраст. Искрено, јас не се сложувам со оваа листа. Има многу застарени мислења и книги. Симни си ја оваа апликација, https://solidstarts.com/
    Многу е информативна и помага при воведување на било која храна.
    Слободно разгледај, информирај се и според своја логика и чувство, понуди му храна на своето дете. Внимавајте на алергените само.
    Поздрав и пријатно и слатко да ви е ручкањето :inlove:
     
    На Ena05 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Ena05

    Ena05 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2019
    Пораки:
    920
    Допаѓања:
    1.002
    Пол:
    Женски
    И адаптираното значи ќе треба да го замениме со кравјо..
    Зошто не се согласуваш со листата? Сметаш дека нешто треба порано/ покасно да се воведе или..? Како почна ти и до каде сте со вкусовиве?
    Еден куп прашања ти поставив ама прво дете и си собирам вака искуства и мислења што од блиски што го поминале ова у скоро време што од форум па на крај ќе испадне веројатно нешто :lol:
    Моето за недела ипол полни 5 месеци и има пробано само јаболко, круша и банана и веќе еден оброк му е заменет со кашичка и сега натаму не знам со што и како да продолжам, ни дали да почнам да му нудам после кашичката вода или сокче... :?:
     
  10. PollyPocket

    PollyPocket Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2023
    Пораки:
    1.367
    Допаѓања:
    6.246
    Пол:
    Женски
    Од 9 м е во градинка уште пие ад. Не сменив, дома не давам кравјо, таму конзумира. Нема потреба да менуваш. И доека цицаше, си одев по овој ред.
    Инаку давај вода после кашичка, немаш потреба од сокче.
     
    На Anaroz1 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Marijanz&

    Marijanz& Активен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2024
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    13
    Пол:
    Женски
    Не, во никој случај. Ке си продолжиш со адаптирано доколку не доиш, до година барем. Кравјото млеко е претешко за варење за нивното стомаче, затоа и се избегнува до 1 година. Јас ја дојам и цицавме ексклузивно до 6 месеци а потоа почнавме со дохрана плус. Нуди му водичка обавезно после јадење, нека си стекне навика за вода, сок нема потреба.
    За листата, сметам дека е многу уназадена, глупава дури. Можеш голем спектар на овошје и зеленчук да понудиш слободно, печено/варено. Алергените се воведуваат сега порано, од 6ти месец па нагоре, имаш зелено светло, за да се превентира појава на самите подоцна во животот. Слободно можеш од 6ти месец да дадеш житарици, само внимавај на пченицата, алерген е. Не мораш само овошје да му даваш за да не се навикне на сладок вкус, воведи му повеќе неутрални вкусови за да не биде пребирлив после.
     
    На Ena05 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Marijanz&

    Marijanz& Активен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2024
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    13
    Пол:
    Женски
    Кажи ми, дали можеме да се буниме во однос на кравјо млеко и шеќери или едноставно треба да прифатам дека тоа е тоа?
     
  13. Ena05

    Ena05 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2019
    Пораки:
    920
    Допаѓања:
    1.002
    Пол:
    Женски
    Да ама нели треба да пробам прво дома кравјо и се друго што ќе им даваат во градинка заради алергии?
    За сокче, поточно компот мислев дома направен. Во тегла пример слива и вода само ништо друго и сварено. Имам таков од повеќе овошја за да не му давам купечки со шеќери.
     
  14. Ena05

    Ena05 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2019
    Пораки:
    920
    Допаѓања:
    1.002
    Пол:
    Женски
    Не го дојам, од почеток е на адаптирано. Сега мислев да почнам со брокула, морков, батат, ориз, пченка. Си викам штом има готови кашички на хип од 4+ месеци со тие состојки вајда во ред е...
     
  15. Marijanz&

    Marijanz& Активен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2024
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    13
    Пол:
    Женски
    Јас скоро сите алергени ги поминав, а во врска со кравјото млеко еве и мене ме советуваат така пред тргнување во градинка да измешам со вода 50:50 и да понудам. (wtf)

    Да, најпаметно е да понудиш алергени дома, со голем надзор и внимание за да реагираш на појава на реакција, доколку има.
    Секако ке даваш многу мала количина, на прст да лизне само и ќе чекаш 10, 15 мин, макар и половина час, па ке понудиш после пак доколку нема реакција никаква.
    * Слободно можеш да понудиш се што ми напиша погоре :)
     
  16. Ena05

    Ena05 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2019
    Пораки:
    920
    Допаѓања:
    1.002
    Пол:
    Женски
    Ќе пробам така со кравјо таму негде 7+ кога ќе биде а со другово ќе одам по логика, чувство како што викаш и со по некој совет од други :)
    И уште нешто вода, сок по колку да му нудам и во што?
    Screenshot_20240829_114628_Facebook.jpg
    Овие чашки добри ли се?
     
  17. Marijanz&

    Marijanz& Активен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2024
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    13
    Пол:
    Женски
    Можеш во флашичка слободно, ако сакаш пробај и учете се со чашкиве, немам користено. Ние пиеме водичка од шише а и од чаша обична, сама изрази желба да пие од чаша гледајќи не нас и добро се снаоѓа :D
    Јас обично ставам 60 до 100 милилитри, но не ја пие целата вода одеднаш.
     
    На Ena05 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. PollyPocket

    PollyPocket Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2023
    Пораки:
    1.367
    Допаѓања:
    6.246
    Пол:
    Женски
    Воведи во каша, со гриз со нешто, не да пие. Побитно е да го навикнеш вода да пие, сок секако одма прифаќаат.
     
    На Ena05 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. misli_si

    misli_si Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 август 2020
    Пораки:
    527
    Допаѓања:
    401
    Пол:
    Женски
    Здраво мајки сакам да прашам дали сте имале проблем за примање дете во градинка, т.е. да не е примен/а. Како е процедурата потоа има ли нешто што може да се направи за да биде примено детето. Немаме врски, тоа се знае а немам ни кој да ми го чува 10 м е навреме пријавено упте во јануари, но не е примено. Фала ви
     
  20. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    5.173
    Допаѓања:
    10.605
    Пол:
    Женски
    Супер е мениво, слично како нашето во Карпош. По помаливе градови мајки пишуваат дека еурокрем и тортици има даваат во јасли.
    За во градинка дај да проба кравјо млеко, јајце најбитно да видиш да не има реакција. Друго горе доле секако ќе ти е воведено до 9 мес.
    Јас некои работи од типот на чоколино и немав дадено на ќерката, таму и воведоа.
     
    На Ena05 и Anaroz1 им се допаѓа ова.