треба да прифатиш, дома терај си друга политика, таму како сите, така и твоето, ја кравјо дома не и ни воведов, таму и воведоа, на неполни 9 месеци тргна, првиот ден на адаптација ја најале со гравче до 2 години пиеше ад дома, не е нишо страшно, не им даваат да пијат им прават чоколино обично и каши
Дали и во други државни градинки ви ги менуваат учителките? Денес дознав дека на ќерка ми и ги смениле двете и многу се разочарав. Многу ги сака и сега ќе биди ептен разочарана и таа.
За кравјото млеко таму негде 7 месец ќе направам некоја каша да проба само. А за некои други работи како пример грав и зелка вариво не планирав да му дадам уште од 8 месец пошто ќе тргне тогаш ама сеа тоа е што е, како за сите така и за моето. Баба ми прв пат ме чувала кога сум имала 4 месеци па ме наранила грав и еве жива сум
Твое е млеко да воведеш и јајце пред да почне. И мојава на 8 месеци тргна, таму ќе проба останатото. Сок обично во јасли не им носат, вода им даваат или чај без разлика што пишува сок. Не се секирај се ќе научи да јаде. Појма немам ккао се прави чоколино, фрутолино ден денес. Таму јадеше и не е трагедија. Дома ќе си тераш по свое. Мојава има 3,5 години никогаш дома чаша млеко не сум и дала. На АД беше до 2 години. Воведов млеко во кашичка, нема алергија и тоа беше со млеко дома. Тоа што сметаат дека не е за нив не им го ни даваат, ќе заменат со нешто. Вишни тоа е компот обично и ќе им дадат само сокче малку од компотот. Еве ја се јаде дома и во градинка. По благото ич не е, за разлика од мама. Менито е сосема ОК, им блендираат, пасираат, не се од вчера, не е прво твоето ниту последно што тргнало на 8 месеци. Не се грижи.
Јас баш и сакам се да јаде само мислев дека е прерано грав и вариво на 8 месеци ама како што пишав веќе и како што викаш како за сите така и за моето. Ми беше нејасно само дали се треба да воведам од менито пред да тргне ама гледам горе доле исти мислења имате повеќето членки, фала ви
Кај нас пракса е една од јасли да прејде во прва мала со децата. Баш ќе видам како ќе биде сега кога ќе ги прераспределат од понеделник, ама се наслушна баш ова и кај нас. Една оди во пензија, една во прва мала, една останува јасли со две нови.
Како да реагираш на нешто што е протокол со години? Факт е дека децата се приврзуваат со учителките многу, ама па и еден ден во прво ќе тргнат и скроз ново ќе е се таму.
Кај нас останаа истите. Јас баш мислев нови дека ќе има. Пред некој ден кога прашав ми рекоа дека ќе бидат истите само во друга просторија ќе се префрлат.
Ви ги читам маките кои ги тргате за упис. Моето сега заврши со градинка, прваче е. Ама за сите беше смешно за мене реалност кога наполни 6 месеци ја запишав во градинка за место да чуваат. Плаќав цели 3 месеци кревет од 280 ден. месечно. Не дека беше проблем тогаш за место , јас чисто за да сум сигурна дека е запишана. Ем мајка ми работи таму ама пак јас не верувам дека одма ко ќе сакам јас ќе има место Прашај те си некој од врабтените ако имате познаник дали може оваа опција.
Здраво, ве молам за искуства од Бамби Аеродром, за група 2-3г. Како им е испланиран денот, дали се трудат да ги нахранат, ги изнесуваат ли надвор? Дали спијат по 2 деца во креветче? Малата е 2г но е одвикната од пелени, покрај се друго, малку ме мисли како би и влијаело да ги гледа врсниците кои не се одвикнати сеуште ...
Па и треба да се истите...таман се научиле на карактери на деца на родители, таман стекнале некои навики сега пак Јово на ново со новите. Па деца се кои и имаат чувства се а не предмети. Цела група родители сме револтирани.
Дали добро сфатив што прашуваш? Како може да и влијае тоа што другите мочаат во пелена прашуваш сериозно? @MikicaBt Тоа е пракса скоро секаде, една негователка преоѓа во прва мала и постепено се одвива тоа. Зависи и од градинката ама еве второ дете веќе носам од јасли во прва мала и немаше проблем дури и пресреќни биле за новите играчки, не знаеле со што попрво да си играат.
Па на пример има реагирано за други работи да сака да ги правам јас иако може сама да ги направи или да се однесува побебешки кога ќе види бебе. Не знам што е толку чудно прашањето