Моето коа почна беше 2г и едиснтвено одвикнато од пелени па немавме проблем да ти кажам исто и само он збореше со реченици убаво и јасно и имаше малку лигавње зборење без сврзници од типот сакам јадам наместо сакам да јадам и слично ама со зборење прекина да прави така . Еве го 4г е веќе и уште имаат у група деца со пелени само ги кажува и толку.
Не ги носат надвор од 2 до 3. После 3г ги вадат. Секако дека ги хранат зошто гладно дете е нервозно, а нервозни деца никој не сака. Не знам како мислиш дека ќе и влијае тоа што други деца носат пелени. Во група од 2 до 3г нема да биде само тоа дете без пелени, а и секако сите ќе откажат пелени скоро.
Во јасли не праќам ништо засега, по чорапчиња, са залади ќе пратам топлинки обични, најобични на Елефант се моите.
Јас од старт и оставив за во јасли топлинки. На почеток и ги облекував секое утро, па макар и за седење во креветче. Не одеше тогаш. Еден период сама ги соблекуваше топлинките и чорапите. Многу пати само по чорапи ни ја даваа надвор, на земање тоа. Тек мислам последниот месец се навикна да носи. Исто планирам и за следнава година т.е од следна недела, да и ставам топлинки секој ден. На Цицибан имаме ние.
Ваков модел сличен носи, летен демек Со затворени прсти само за летово, тенок материјал и остатокот отворен. Кај нас често ги вадат надвор, имаат како "паркче" пред училница и затоа сакам да е облечена.
Кај нас со истите беа, не се замараа до толку, само за во креветче боси, без обувки тоа. За во јасли ова, немаат посебни простории за занимална, спиење посебно и не знам што има во други групи поголеми. Тука сето беше во едно.
Од она што го гледам на слики кога ќе ни пратат од активности, значи не сум таму јас, надвор во тој дел за играње има и деца во топлинки, и деца во патики пример. Претпоставувам дека ако некое не носи, ќе му стават други обувки ама дека на сите 15+ деца ги менуваат, тоа не.
Кај нас од старт кога тргна бараат топлинки. За пролет лето купувам платнени тенки за зима малку подебелки
Кај нас до 2г максимум се дозволени пелени, после тоа вадат пелена и ако сакаш да си носи ти велат ќе си биди во јасли дур не се одвикни па макар и 4г да е...
Како бе така... не е дали јас сакам или не. Нормален развој на дете вика дека пелени се вадат од 18 до 3 години. Свашта
Јас пробав летово да ја научам, прашав во градинка, ми рекоа ако е спремна сама ќе ќаже. Пробај. Ама од прва мала полесно ќе се научи дека сите ги седнуваме на нокшир. Се гледаат едно од друго и учат побрзо. Кај не прават проблем за пелени. Прв пат го слушам правилово.
Јас на 2г кога пробав да ја одвикнам ќерка тоа беше жив хаос Сигурно некои деца може да се спремни, ама не оти градинката така налага па да ги форсираат.. И дете од 3 години шо носи пелени, си седи со бебиња? Какво идиотско правило