И јас од овие им давам, по 8 капки, супер се, освен тоа капалката што ме нервираше и слабо капеше, па ја дупнав со игла.
Крш е капалката, многу нервира. Маж ми дава ја да ставам немал време да чека да капе....ова можда е за во темата искукајте се од маж
Мамички ќерка ја запишав во градинка па кај и да е ќе тргне. 2 ипол години е , дома јаде се на сила. Ако ме имате читано во др теми знаете дека се раниме на улица,во парк...Сеа како да правам од лпа ќе тргне ,дали од дома на почетокот да и давам по малку да јаде пред градинка? И како оди адаптацијата? Плус уште носи памперс..не можам никако да ја одвикнам..а таму не им стават памперс ептен на зорт..
Прв пат ги гледам овие. Ама ваљда ги нема во Зегин па затоа. Јас така купувам онлајн на Зегин и си бирам од око
Јас не сум давала пред градинка да јадат. Знам полно дечиња што дома не јадат, а таму во група си ручкаат убаво. На почеток секако ќе седите пократко па ќе ти кажат учителките како оди со јадењето. Адаптацијата зависи од детето. Во принцип првите неколку дена се на кратко, па им накачуваат. А зошто не им ставаат памперс? Кај син ми во група има куп дечиња со памперс на таа возраст.
Моето си јаде секаде, така да не е храната проблем. Пред градинка не давам ради фактот што кај нас воспитувачките препорачуваат да се носат гладни за таму да јаделе. Дали тоа е причината или се силат и јадат, бар ни кажуваат дека нема дете што не јаде. За памперси никој не побарал да се одвикнати на 2,5 години.
има ли мајки од калинка - аеродром, да кажете како сте задоволни со исхрана/грижа на бебе во јасли? многу ми е страв за адаптација,исхрана, фактот дека се 35 деца во група на две негувателки...
И мојвава, не одеше 2 месеца зошто имаме бебе дома, после два дена она мрсули полна..уште дознавам мајкиве на болните деца/настинатите се расправале и оправдувале дека се е тоа од растење на заби. Разбирам проблеми на работа и слично, ама секој пат страдаат над 15 деца кога ќе се донесе некок вирус или бактерија. Ние нареден петок ревакцинација на петовалентна ќе правиме (ако оздраве), мрп не сме ја примиле. Уште не ни бараат валцинален картон во градинка. Ако ја прими ревакцината, имаме оправдување 6м за мрп или не важи тоа?
Искрено ме чуди со вакциниве во другите градинки. Во мојов град дете беше вратено затоа што нема примено петовалентна, а на картонот пишано да се прими октомври 2024. Во случајот дете од 2,5 години. Родителите каснат со вакцинација. Демек не смееме да примаме, имаме инспекции и толку. Исто и кај мене на прв ден, прво картонот го прегледаа, па после ќерка да влези внатре. И тоа продолжува во градинка, не е ново дете.
Здраво мајки. Да прашам дали за да се запише дете во градинка од општина Карпош потребно е двата родители да се во таа општина ?
Се селевме во друга населба.од приватна во дежавна го префрлив и не гледам некоја преголема разлика дури државнава повеќе ми се свиѓа