@mariz и мене ми е на две минути со количка го носам и ја оставам во ходникот и бидејќи не ми го примија шишето со клунче(а дома му го оставам на дофат и си го зема си пие преку 500мл во ден) остана во количката па кога го зедов така уплакан му ја понудив почна да се дави од што лакомо пиеше. Вчера па прегладнет незнаеше како лапка дома тие мислат плаче само за дома а може е гладно жедно не им текнува да проверат да му понудат храна или вода. Детево е бубаче дома и по час се заигрува само, потоа ќе седнам до него уште толку ќе играме, па ќе го однесам горе кај дедо му колку да смени средина и со него ќе се заигра, а тек со дечиња само се мази и ги гушка сите по ред кога одиме по родендени и игротеки па неможам да го замислам како седи сат ипол и плаче едноставно не е таков.
Во градинка не им даваат вода за да не мочкаат децата. Јас затоа на глас еднаш размислував дека не е лошо да се предложи да се стави камера во занимална и лајв стрим да си гледаш детето што прави додека не е со тебе,при што шифра за лајв стрим ќе имаат само родителите од таа група и нормално ќе чини некоја си сума како претплата. Па нека ги оставаат пак да плачат до повраќање...кога ќе се свесни дека родителот гледа,да видам дали ќе се однесуваат така. Незнам..можеби сум крута,ама тие учеле школо за таа професија и треба да се водич во воспитување и одгледување во отсуство на родител,а не на толку мали дечиња со такви методи да им покажуваат ред и авторитет
@referentka да се покрене иницијатива и ова да се спроведе друга песна ќе се свири, па нека седи подобро плус саат непреслечено со пополн памперс него душата за вода да му гори значи не се нормални на кого тоа деца оставаме
Еднаш овде на форумов спомнав,ама некој ми рече дека е недозволено. Правници имаме овде,нека испитаат дали смее или несмее.
Вo еднa привaтнa грaдинкa кaде oдеa децa нa врaбoтени oд еднa фирмa, oвaa идејa беше oтфрленa сo брзинa нa светлинaтa иaкo ги имaa сите услoви зa тoa. Кoгa тaму не успеa, вo држaвниве тешкo пa никaкo. А би билo и те кaкo дoбрo.
Nie 3 dena dosega, I se samo po 15min. Decava nagolemuvaat po pola saat / saat dnevno nie namaluvame. Place li place. Pa otkako ke izleze nadvor, a vidi drugo dete odma glavata ja vrti. Kako sto kazav sveki samo celi 3 dena mi se najde vo ovaa situacija, I od cetv natamu nemam koj. Resiv plus zena da najdam duri detevo se adaptira, a i za ponatamu ako mi zatreba. Na saat da ja plakam plus prevoz. Znaci za zena I gradinka ke rabotam, i koga ke vidis podobro sedi si doma i cuvaj si go deteto. Ama ajde...... Ne znam kako ke bide pa I toa, kaj gradinkava nova sredina, kaj tamu neguvatelkite pa uste i zenava mu fali. Ama nemam izbor, toa e koga nemas nikoj za pomos
Јас за услови не можам да се пожалам. Од дома носам вода, сокче и ад во случај ако не јаде да и направат. Воспитувачката достапна во секое време на моб., денес три пати и се јавив и ми рече дека плаче, плус и ми ја даде да чујам дека плаче. Цело време ја држеше во рака, лежеше до неа, пробуваше да ја заигра, но ете без успех. Само што ја однесов, тие пробуваа да и дадат доручек, ми ја вратија пресоблечена. Немам збор, но решила мојава да плаче и тоа е. Некогаш ни воспитувачките не се криви, еве во мојот случај барем.
Значи секаде е проблемот со водата, не им даваат . Овде разликата е таа што мене ми кажаа дека не им даваат многу вода, само после оброците. Сокови ни под разно не даваат. И мојот кога ќе дојде од градинка вода пие како со денови да не видел Овде адаптацијата почнува со родител заедно. Првиот ден околу еден саат бевме заедно додека си играа надвор децата. Другиот ден за ручек бев со малиот (демек да го прифати процесот на јадење полесно), после веќе само го оставав и го земав на врата. Само временски се зголемуваше останувањето по пола саат на секои 2-3 дена. Мислам 2 недели поминаа додека не дојде време за преспивање. Во моментов во градинката на малиот има 2 нови дечиња, едното има 1 година, другото 2 години. Кога го оставав вчера лазеше тоа од една година (не оди уште), помалите деца стојат околу него и го гледаат Навикната била во раце да ја држат дома, па затоа плачело, така рекоа. Многу жално беше Сите поминуваат низ процесот на плачење само што кај некои трае подолго процесот. Внук ми плачеше до последниот ден сите години (до забавиште) ама само додека влезе во занимална. После тоа бил највеселото дете Поминува периодот, само бидете силни, мајки
Сепак заспала! Морав да се пофалам! И претходно кога одеше во градинка спиеше, ама само едно дете да не спие она е втора. Е денес учителката ги разделила со другарчето за спиење па и двете деца заспале. Подобро така, нека ги делат на спиење инаку ем тие нема да спијат, ем ќе сметат на другите деца! Ова за (не)давање вода во нашата градинка не е случај, напротив им даваат често а децата дека се поголемки по 3 до 4 ипол годинки сами одат во тоалет. Можеби затоа не им ограничуват вода. Јас досега дете испотено, мокро не сум зела, секогаш е пресоблечена, понудено и е да јаде и воглавном јаде, обрнато и е внимание, дочекана и испратена со насмевка... Кога не јаде (зелка манџа, леќа) и нудат супа и ми пренесуваат дека не е јадена. Познати ми се учителките од претходно, но искрено спрема сите деца се такви барем јас колку што гледам и слушам од родителите. Можеби затоа имаат најбројна група (25 деца).
Ова за водава беше исто кај нас, во градинката кај што одеше големово. Не можам да разберам да не им даваат вода, детето дури и само ми кажуваше дека не им даваат секогаш кога ќе побараат, а веќе големи беа. И јас не би сакала да се исплаче до крај, ама нема градинка кај нас која ќе дозволи родителот да биде присутен на адаптација, макар и немало многу деца. Зборам за државни градинки, за приватниве навистина не знам. Моево почна во октомври за да се избегнат колективните плачки, ама секако во неговата група воопшто немаше плачење, бидејќи тие деца беа веќе со стаж во градинката. А синко си плачеше. Со малово уште од сега ме фаќа страв како ќе биде, а планирам од септември/октомври наредна година здравје да оди.
Да чукнам у дрво три дена одиме и само наголемуваме, денес 2 саата и 15мин седеше. Не плаче, не ме бара, си игра цело време, најмирен им е таму. Утре ќе го оставам и си одам дома, не чекам таму, два саата да не губам безвезе. Дали е почетна еуфорија, дали ќе почне да плаче ќе видиме. Има дечиња кои многу плачат, моето не плаче. Јас сум презадоволна, ма мал е тој збор, ептен сум задоволна и негователката е срце жена. Вака ако продолжиме следна недела ќе инсистирам до ручек да е таму а неделата по тоа и спиење. Би сакала да им посочам на мајките нешто, а можеби ќе бидам и лошо сфатена. Мајки, имајте доверба во негоателките на децата, пристапете со доверба и без стрес. Вчера бев сведок на една ситуација каде мајка се расправше со негователка и тоа многу лошо изгледаше, верувам за цел живот односот им е нарушен на мајката и негователката. Посочете им, детето сака вода да пие и давајте му вода, секое зимање прашувајте дали пиел доволно вода, бидете упорни ама се со доза на култура. Факт е, кај нас кадар недостасува, нејќе и таа негователка да одговара за толку деца ама сите од мака сме ги однеле децата таму, иначе на 25 деца треба да кажат стоп па да се мислиме што ќе не снајде. Мора да има комуникација взаемна, иначе никаде не одиме со караници и докажување. Да не ми фалат мене пари, ич не го носам, дома ќе седам и ќе го чувам, ама мора да се работи и затоа мора да се има разбирање обострано. Се надевам ме разбравте.
И јас денес првпат во градинка со детето. Седеше дури 15 мин. и ми го носи детето вика си играше, ама јас од 10 сум на пауза па и реков ајде кај мама и дојде. Ми вика утре од 9 и пол до 10. И што да речам, може детето и повеќе ќе седи, ама нив не им одговара очигледно. Не знам што да речам. Инаку и ние ко родители сме безобразни и ко да не знаеме каква е реалноста. Носат дете од година дена, ги прашува учителката дали вовеле жолчка, мед... Им вика ставаме мед во чајот, воведувајте полека. И родителиве, прашуваат за млеко, учителкава им вика кравјо даваме. И овие ааааа нас педијатарот ни рече до две години кравјо млеко не. И и викаат знаете, да носиме ние млеко, учителкава вика ама знаете тоа да не се расипе, па поголема беља да направиме. И татково, ама ние во термос ќе носиме вода и тоа знаете како прашак е и се меша само. Учителкава цело време насмеана до 6 ки им вика да видиме докторката што ќе каже, дали може. Значи алооооо, јас да бев ќе ги удрев од земја. Па нели знаат какви се условите, редот, па кај можат да тераат ќефови на сите. Па нели се информирани родителиве. Еј не ми се верува, значи. Може и ја претерувам, ама мислев ако не плаче ќе ја остават подолго. На другарка ми детето у центар, уште прв ден два саати си седело. Не знам. Немам памет. Ај со лесно на сите и што помалку болештииии, е од тоа ми е мн страв.
Јас денес ја отпишав. Требаше кај една воспитувачка, денеска нова. Го оставила детето три саати да плаче без престан и го хранела додека плаче. Ми се јави да ја земам дека не сака да спие и без никаков однос се дере на мое дете тишина ќе ги разбудиш другите. Притоа и дрска дека моето дете е разгалено и го оставила три часа во креветче, од плачење ништо немало да и биде, само ќе ги развие белите дробови. Молам???? Таков однос не толерирам. Ќе ја чувам јас. Утре ќе одам и кај директорката, па ќе видиме дали и со други деца ќе ја има таа среќа да се дери. Дебил.
Право на родителот е да одлучи како ќе го храни детето, да се разбереме. И кај нас има ужина со лешник па замолив да му дадат друго и нема проблем. Кравјо млеко не пиел и моето, во кашички разредувам полапола. Мед не е препорачливо до 3 години. Малку треба да се повнимава на менито, не е најсјајно, грав со пилешко месо, кисело млеко и зеленчуци, тоа не го јадам јас а камоли дете, одвратно, а денес тоа имаа на мени за ручек. Но сум рекла, како за сите така и за моето, не се мешам се додека не се работи за алерген како мед и јатки. Малку претеруваме како родители кога имаме специјални барања само за нашето дете а не земаме во обзир каква е ситуацијата, тука си во право.
Полека мајче. Доколку има можност да се разговара и интервенира, а со тоа и да се влијае на понатамошниот тек и престој во градинката... пробај. Те сфаќам, афектна ситуација, те здоболело и си реагирала како мајка. Види утре разговорот што ќе донесе. Се надевам на позитивна разврска.
Детево денес не сака вратата да ја види од градинка, пробав два пати да ја внесам, веднаш плаче. Плачеше цел пат до дома. Исплашена е. Мислам три саати плачење без престан, без да пробаш тоа дете да го смириш...само сликата кога ја замислувам е страшна, и тоа на едногодишно детенце.
Баш. Уште имаше храна во устата од ручекот. Цело беше флекосано и отечено од плачење, буквално се тресеше. Не се осудувам и утре да ја носам. Не ги носиме за да ги малтретираат. Но, тоа е Мк. Секој може да е воспитувач, за жал.