Во понеделник ќе го вакцинираат со трета доза Пнеумокок. Дали е ок одма да тргне на градинка или да почекаме некое време и колку?
Мене само за Мрп ми рекоа да е 10тина дена дома, ради што подоцна јавува реакција, т.е може да јави. Од искуство на воспитувачките викаат се случува денес да се вакцинира, утре веќе да е во градинка. Кој како има можност. Инаку ако си во опција може и цела недела да е дома и да тргне од 16ти пример.
Да можам да почекам затоа и прашав. Реакцијата од оваа вакцина е одма, ако воопшто ја има ама дека нели паѓа имунитет, затоа ми беше. Ќе прашам и во пунк, да видам баш што ќе кажат.
Цела недела истеравме без болести И затоа утре или задутре очекувам: или темп, или мрсули, или кашлање
Да ама за сите да важи ова. А не едни те исти се болни и ги заразуваат сите, и тие деца ги вардат цел ден пошто се "некои" во градов, а некои како моето дете што се никој и ништо на таквите нон стоп рачка им бараат дома да седат. Ми скисна од ваквиот однос искрено. Ако лани бев будала да ја држам дома и кога треба и не треба. Годинава не попуштам. Одма почна годинава и одма се фатија нос и течел, е за нос течење не планирам више да држам дома, уште велат брис. Аха трчам да еве, а тие што нон стоп болни ги чуваат и ги заразуваат сите, некој нив да ги пратеше на брисеви или дома да ги задржеа. А не јас здраво дете ме праќаат по прегледи, нема никаков симптом дека е болна па за такво нешто.
Мене ми побараа лк од тој родител што се води на карпош. Мислам не мора да се двајцата, ама сепак прашајте во градинката.
Родители имам едно прашање... Денес добив информација дека со една иста лажица ги ранеле децата што биле во јасли. Вистина е тоа или некоја дезинформација?
Кој да знае точно дали е така, јас не верувам, ама ете можно е. Доста видеа ми праќаа од децава кога беа во јасли, вклучувајќи и додека им даваа да јадат.
Не се плаши . Она дава веднаш реакција, ако ја има. Ќе ти каже и докторката на ваквинација. Искрено и за мрп се измислици од новото време. Точно дека не дава веднаш реакција. Ама нема ни секој услови да седи дома со детево со недели. И не е ништо ни страшно ако веднаш продолжи со градинка. И најбитно , не се плаши од градинката. На децата освен нас им требаат и деца. Ако го прашаш мојот батко он најубави спомени носи од таму. Во школо учителката ги натерала да нацртат нешто што им значи и тој нацртал цртеж со него и другарчето кое продолжи во друго школо како играат во градинката. А сме имале периоди на плачки, молби, негодувања ама се било до врата. Дома секогаш доаѓаше среќен и раскажуваше како си поминал. Со разболувањата првата година не беше лесно ама едноставно си ставив во глава дека е период и мора да мине. Дека се детски болести кои за среќа лесно минат. Ќе ти објасни и матичната дека на почеток во просек се болни по 8 пати во зимските месеци. Односно секој месец по 2 пати. И е нормален дел од растењето. Со среќа на сите дечиња! Уживајте во можностите на градинката. Не покажувајте одбивност, не зборувајте лошо за улителките. Тие се резонираат и помнат.
Не се замарај со такви работи , све исти муабетиве з асекоја градинка. Не им даваат од иста лажица, зошто тоа би го правеле? Знам за мојава поголема лажица специјално носеа заш многу уста отварала. Друго детенце со лажичка за кафе му даваа затоа што малку отварал уста. И тоа вода дека не им даваат е исто будалаштина мислам. Мојава секое искачање од градинка пола литар вода пие. Ја прашувам бараш ти вода во градинка, ми вели не, само кога ќе ни дадат, зошто не бараш, па никој не бара ми вели. И реков барај ќе ти дадат. Ете ја почна да бара вода, а пие како камила и еве ја кога искача не бара од нас. Не е секогаш до вработените, и до децата е.
За вода мене ми кажаа дека им давале на секое, е сеа тоа колку е точно не знам. По што големово не збори уште, за да каже дали му дале вода или не. Јас му давам од коа ќе излезе, а за малецкава деновиве маиците жива вода и беа, е сеа или е од вода шо и давале во чаша или пак од тоа што си плукала
Па право да ти кажам. Мојве сега почнаа во јасли. Големово си сака деца, не е раздвоен од малава. Ама од градинка ги земам и двајцата расплакани, дури веќе секаков филм ми проаѓа низ глава.....
Дали некој има искуство со градинката Буба Мара во Ново Лисиче, сакам ќерката да ја запишам ама не можам да најдам конкретен одговор за каква е ситуацијата сега. Пред неколку години знам дека се прошири и не знам дали е растеретена. Ќерка ми има 14 месеци и ми спомнаа доколку ја запишам сега ќе биде во група на деца од 18 до 24 месеци. Дали е тоа во ред?
Јас го запишав лани на 14 мес и исто до сега беше во таа јасли групата 18-24. Дури сега на 2 год и 2 месеци е во поголемата група. Септември ги прават групите и така тераат цела година.
Небитно каде ќе оди, фазата на прилагодување, негодување, ред солзи и мрсули, мора да се мине. Голем е, веќе е навикнат на една рутина со тебе, вас, само он е секаде прв и центар на светот, нормално е да дава отпор на нешто непознато. Првин ти смени став, "ако е вака не мора", во ред е да оди за него, во ред е да биде со своите врсници и треба. Второ, повеќе никогаш не влегувај внатре со него. На толку почна и мојот, сакаа со мене да го адаптираат, но по три дена немаше никаков напредок и преминавме на следно. Бришев мрсулите и солзите пред врата и во раце и го предавав на девојката, со тегнење и све. Нема вртење, не е лесно, ама знаев дека е за негово добро. Можев да го чувам до пред школо, ама не сакав! Месец дена на идење рикаше, 20минути ми викаше на уво дури го возев, но ниту во еден момент не попуштив. По буквално пет минути ми праќаа слика, видео од него среќен, насмеан, во елемент на игра или што и да прават. Он сам си кажуваше дека му е интересно, ама не сакал да иде, си сакал дома со мама, домашарче. Никогаш не престана ни да мрчи, почна и во школо и за тоа не престанува да мрчи, не престануваат прашањата "зошто морам да одам". Фазата на јадење сув леб траеше долго, нека, минува и тоа. Последната година сменивме и градинка, немаше потреба од адаптација, воодушевен и полн со импресии си беше, ама пак не престана да мрчи. За адаптацијата многу се битни и девојките, првин одеше во приватна и имаше само 7дечиња, време на Ковид, па едната баш се имаше заложено да го адаптира и сеуште сум и бескрајно благодарна за вложениот напор. Продолжи во државна, прекрасни девојки, ама 20тина деца беа и да сакаат не ќе можеа да постигнат да посветат внимание колку се заложија во првата. Со лесно, ќе се навикне, нема дете што не се навикнало, ама има дете што не престанало да мрчи Убаво им е верувај, поубаво од дома, па каде сакаш шетај го и што сакаш правете, во друштво е поинтересно. Кога порасна и твојот батко, 3,5годинки аиии Инаку јас као ќе читав тема за школарци, како стигнав тука не знам