Како се снајде со повозрасните деца? Како се снаоѓаат вработените бидејќи таа се уште не оди и и треба помош за јадење? Инаку, колкава била групата?
Па кај нас беше случајот додека не почне само да дава знаци дека е спремно за да јаде само они ги хранат. За одење не знам зошто моево беше проодено кога тргна ама сигурно имаат начини дека одат и деца од 8-9 месеци што не се проодени. Муабетот ми е дека нема да ти заостане детето зошто е со помали, они си следат развој и си прилагодуваат. Инаку лани беа околу 30тина деца, оваа година мислам дека се помалку во јасли.
После сто години, влезе сам во градинка вчера, без да пушти ни една солза! Се израдував искрено, си играл повеќе со дечињата сега, а нејќеше, ми викаше дека се срами, ама се опуштил. Малото е во голема група веќе, ама со урлање и пиштење оди се уште, ама ќе се научи и тој за 2 год. Таму се смирува. Исто не сме болни цела оваа недела, иначе на секои 3 дена беа болни од градинка, да земам да запишам негде и тоа. Затишје пред бура.
Мојот тргна отприлика како твоето (на 14 месеци). Се адаптираше за една недела. Јадеше од прв ден и солза нема пуштено еве веќе пола година. Расположен оди, расположен го зимаме. И он не одеше (дури сега заодува). Точно во почетокот повеќе го оставаа во креветче (за да не во повредат другите што одат), ама кога почна да се буни ни кажаа, бара доле го оставаме доле. За јадење ги ранат без гајле.
@emkaemka фала ти многу на одговорот, ме охрабри. Ќе пробуваме месецов, се надевам ќе се прилагоди. За тоа да не влегувам внатре се согласувам. Вчера стоев пред врата и уште полошо беше. На секоја секунда викаше мамааа и отвараше да провери дали го гледам. Ги вознемирува другите внатре. Знам дека сите деца плачат, ама луѓе ова моево... не знам што е ова, дали си носи некоја анксиозност, ова стварно не ми изгледа ко од сите деца. Е ова, ова не знам дали ќе го дочекам. Абе овој кога плаче плаче, и во состојба е со сати да липа. Немам самодоверба со градинкава, не знам дали ќе не' биде. А знам дека мора. Морам и да работам, и да го средам домот, и најмногу од се' да се средам себеси. Со двајца залепени за мене 24/7, мене лудница не ми бега ама најсериозно. А најважно од се' е што е за негово добро, зашто му требаат другарчиња.
Се ќе дочекаш. Нема пробувате, ќе се навикнете! Сите околу ми викаа нема шанси да се адаптира, не ти е жал што волку плаче итн итн. Толку беше лепенка за мене, што и со татко му не седеше сам, ако се бањав со мене беше, абе за мочање со мене идеше. Ич ич не беше оставен за ништо, каде јас, таму он, ако не е за него, не одев. Да знаеш и дека ќе ти биде лут, но јас не оставав простор да дискутираме, имам голем авторитет врз него, мораш да одиш и крај. Да верглав цело време за градинка и околу градинка, не. И да, поткуп, колку и да не сум за тоа, го поткупував. Време Ковид, не шеташе по продавници и имаше да многу играчки ама сите поминати, тек тогаш убаво отвараа продавници, па на секаква ситница се радуваше, се му беше ново, од смоки со форми, до мали млекциња, кинетички, слајм, вртени цефки.. На дете, деца му требаат, друштво, мора да се дружи, во најголем пик на Ковид го пуштив поради друштво и сега во дневен престој оди пак заради друштво. И да знаеш пресреќен е со другарчиња. Еве во дневен сакав до 14ч да оди, ама одеше до 16.30, за оваа година сам најави дека ќе седи дури седи наставничката Биди упорна, мора да имаш време за себе и за негово добро е мајка му да има време само за неа
@LivingGlam такво ти е детето, исто ко моево Во градинка со пкачкини легнување на земја, прваче лани ок , годинава ја почнавме лошо Јас не попуштав и го оставав. Плачеше со саати , воспитачката велеше без глас ќе остане. Лани прваче супер. Сега и јас немам памет што. Матичната ми препорача сируп некој калма Б да му ја намали анксиозноста , но не знам .... Почекај ти, имате време. Повеќето од дечињата плачат (знам дека не е утеха)
Јас па мислам од мојава потерсене нема. Една година оди, сабајле уште плаче кога ја оставам. Многу е поврзана со мене.
Многу од другарчињата на мојава, плачеа секој ден во јасли, сега како не префрлија во прва мала, трчкаат накај градинка.
Барам утеха! 3 дена градинка со вриштење, липтање и тресење. Кога е со мене не се одвојува и се мисли дека пак ќе ја оставам, а мене срце ми се кине поради тоа. Вчера бевме на лекар, само што виде непознат лик почна да вришти. Ми е страв да не се истрауматизира детево и стварно се чувствувам деновиве како лоша мајка што на сила нешто прави. Згора на се и се разболе. Ужас! Многу жално. Кажете ми дали е нормално и дали ќе помине? Веќе сум на мисла да не ја мачам и носам, а знам дека сите минувате низ истото на почеток.
Нормално е. Сите истото си го мислиме дека ќе има трауми едно друго ама на крај се средува. Нормален тек на процесот
Син ми воопшто не се расплка, на вториот ден се адаптира јас си чекав надвор велеја ако не оди еве го си седи, заминав и чекав да се јават, другиот ден сам влегуваше насмеан, па и немам видено друго детенце да плаче, реткост е некое да се погоди децава сите насмеани и учителките се топ, само бебенца шо некогаш плачат но многу од нив уште на влегување пуштаат раце кон негователките.
Дете нејадач тргна во градинка (оди до кај 11 и пол) Дали да му давам да јаде нешто од дома и да го земам за ручек дома. Или да не давам јадење? Со надеж дека ќе пројаде нешто повеќе. Совет ќе ве молам.
Мајка синко е нејадач, односно пребирлив јадач. И јас бев со надеж дека ќе пројаде градинка ама извини што ќе те разочарам, синко не пројаде седи цел ден и е само на леб и ужинка ако е нешто пудинг или тортица. Доручекот го јаде бидејки е лебче со нешто мачкано па тоа ќе го изеде. Овошје ако има не јаде. Ручек ништо само леб, некогаш ни леб. Така што јас од дома пред да оди му давам да јаде нешто зошто може ништо да не јаде таму и да е цел ден гладен. Имаше период кога не сакаше ни леб да јаде беше цел ден во градинка на бисквити само. Така што ќе си видиш по детето пробај и така и така.
Еве втора недела ни е, го праќам гладен, го зимам во 11 и пол, поминува: доручек, ужина и ручек. (со консултација на учителката). Со надеж дека ќе пројаде.
Дај боже да пројаде, мајка од срце ти посакувам да пројаде, јас живци искинав 5 јадења ги вртиме само година дена е на иста килажа.
Дечки, да ве прашам нешто околу градинкиве со распоред со цврста храна и АД. 13 месеци ми е девојчето, има 3 цврсти оброци и ужинки, нели како што е ред во градинка, и млеко пие навечер пред спиење 210мл и ноќеска скоро сабајле околу 5-6 180мл. Дали треба да го скратам тоа утринското млеко, длаи вие со деца на таа возраст давате млеко? *Не знма во која група точно да се обратам...
Мало е уште, рано е да го скратиш, давај. Јас некаде на 2 год го скратив тоа утринското, со тоа што намалував, на крај пиеше околу 60 мл. Кај 8 и 30 доручкуваат во градинка така да таман е до доручек.