Не е измама, одлични се, ама поголем им е калапот а мене ми беше незгодно да ги вратам зошто еден дедо ги донесе со точак од Кисела вода до Ѓорче и беше малку нападен, ме замараше со негова роба да влезе да продава кај мене на работа, не сакав да дојде пак. Иначе многу убав квалитет се, али да, поголем калап е и ако носи дете 24ка, земи баш 24ча, не ко мене да се зезнеш со 1 број поголеми јер нели зима и дебели чорапи. Среќа имаме резерва обувки и меѓу друго топлинки додека му станат овие точни.
Благодарам многу, приметив дека се поголем калап по табелата на димензиите што ми ги испратија, ми олесна малку, реков да не си ги дадам 2000ден за двата пара па да стигне нешто сосем трето... Фала ти
Не не, српски се, не се кинески, многу убава изработка, ама ти викам, договори се да ти ги прати поарно по карго оти ти викам, многу е напорен човекот. Мене греота ми беше веслал точак од Кисела вода до Ѓорче и му дадов 100ден ко за карго малтене. Кога го прашав колку треба за достава ми рече колку сакаш, ако сакаш да дадеш нешто, многу ми падна незгодно, а девојката на фб рече бесплатна е доставата.
Јас еднаш нарачав и не ми побараа за достава. и тоа две бројчиња ми донесе ради проба и ме чекаше дечкото за да и ги пробам за да видам што ќе и одговара.
Што читав по групи изгледа кога разносува татко и само си бара, маж и не барал. Маж и жена си го работеле ова, ама работеле и друго и затоа не разносувале они, татко и на жената ми ги донесе.
Дали топлинки од Досс од Мат Стар се добри случајно дан мирисаат овие од топлинки мк треба да ги порачам незнам дал ќе ги погодам вака од Досс ќе и ги пробам мислам дека и на Досс се српски не се кинески па би требало да се убави.
Ми побараа топлинки од градинка, во претходната на џорапи беа па немам искуство. Тука има најразлични модели и не знам какви да гледам. Што е најбитно во купување топлинки? Што велат ортопедите за нив знаете? Дали такви како чорапи со гума одоздоле или такви потешки како кондурчиња? На лепенки или такви високи? Стварно не знам по кои критериуми да одберам
Јас земам платнени да не се од оние како плишани, да не се до глужд, да може нога да дише, пекол е во градинкиве. И гумени да се доле во вц зашто одат.
Најслични со Цицибан се Милами од топлинки.мк Српско производство со ѓон со многу убав мирис. Сите години во градинка ги поминавме со нив и цицибанките. Скоро и да немаат разлика.
И јас треба да земам, лани купив од една страна на фејзбук одма се одлепија не перени, од носењето, а беа поскапи, така да барам да се поквалитетни и по нормална цена.
Gizzer океј се? Купив прееска, ама имаа такво доле, како перниче, и го извадив, ептен надуено некако.. Среќа одма се извади..
да се надоврзам на предходните мислења, пробај од топлинки.мк , ја сум многу задоволна, гледам и другите, а иначе да, поголем калап се
Мамички,конечно и ќерка тргнува на градинка од понеделник.Прв пат. Јас повозбудена од сите хаха Јас сакам да и нарачам топлинки за во градинка, каде се најдобри? Иначе 95% обувките и се од Кеги и сум презадоволна. Имам и уште едно прашање,ќерка е 2022 фебруар,ќе ја стават во група со 2021 , а она сеуште носи пелени.Ќе прават ли проблем ,слушнав од други мајки дека не им ставале пелена..
А цицибан зошто не купувате? Мене тие ми се најсигурен избор. Еднаш се сполажав со комшиката и земав едни налик добри ама тешки беа и одма се разобличија