Моето тргна лани во октомври во јасли, пак летово со измешани групи и нови учителки, пак се бунеше. Сега е во нова група со скроз нови учителки, првата недела се бунеше, втората без проблем си оди, се гушка со нив. Така да не знам дали има врска периодот на тргнување. Во групата на ќерка, за летово имаше 2 деца ( едното тргнато лани во септември, другото годинава од април) со мешани групи, нови учителки и деца не сакаа да стапнат во училница. Така да мислам нема правило.
Во поглед на адаптација супер период е. Има доволно време да се навикне до лето кога ги спојуваат групите и се менуваат учителките. Во поглед на "помалку" вируси како што се надевав јас, не. Нон стоп си врти нешто, додека не ги помине сите работи нема крај. Првата година е најтешка во однос на болести кога и да почне.
Тргна во март, 9м. Немавме некоа мака, ни со вируси, ни па летото со мешање. Ларингит фати, ама лесно помина, само со инхалација. После летото некое слабо стомачно и толку. Други почесто фаќаа,што сум слушала. Така да нема врска, зависи до детето.
Плачеше многу на почеток? Ме интересира бидејќи и мојата фати сега, 3 дена во градинка се извришти, па не знам дали тоа има врска со ларингитот..
Ништо посебно. Ама и она не плачеше многу, општо. За тоа сега.. Оф. Вајда има врска, не знам.. Веќе како магла ми е тој период.
Врска нема. Тебе кога ти одговара тогаш пуштај. Баш септември мислам дека е полошо бидејќи едно чудо деца се адаптираат тогаш. Повеќе внимание ќе посветат на твоето во март.
Баш ова ми требаше, да слушнам од лично искуство дека некое детенце тргнало од март и дека поминал ок. Фала ви на сите.
Двете ми тргнаа март ,супер пројдовме,па и тоа менување не е толку трагично според мене децата се навикнуваат на се многу брзо.
Da ve prasam Dali moze da se zapise dete vo gradinka vo bilo koj period od godinata ili ima odreden period za upis?
Пријава ќе си поднесеш порано. Јас поднесов кога бебе беше 3 месеци и во пријавата напишав од кога треба да почне (во нашиот случај на 14 месеци).
Дечки мојава кога ја земам од градинка само што ми ја предаваат буквално не излезена од врата ми вика гладна сум, ни здраво, ни гушка, а некогаш и во 2 ипол одма после спиење ја земам. Таму јаде ми викаат (пошто на тие што не јаделе имам слушнато рекле дека не јаделе). И некои денови да не речам почесто, јас со мене морам да носам јадење за она да не плаче цел пат до дома. Дали добро правам или да не и правам лоша навика, да не очекува дека ќе дојдам со храна па да не јаде во градинка дента? Зарем е можно да се толку ненајадени? Ај ако имаме од бивши или моментални воспитувачки нека ми каже некоја колку и како им даваат на децава за јадење? И дали деновиве им облекувате и на кратки за во градинка или само по долги ги праќате? Пошто мојата жива вода се прави во спиење, а по долги ја оставаат.