Здраво, ми треба совет. Бебето ми е 8 месеци и некој ден, јаде се, има пробано се од јајце до млечни производи освен млеко. Уште е на адаптирано ама пие само навечер. Сеа треба да трга во градинка од 9 месеци а се распрашав што имаат на дневно мени и ми кажаа дека секој ден сабајле имаат млеко со бисквити а ручек исто што имаат и поголемите што не се во јасли само пасирано со вилушка. Прашањето ми е според вас (да сте вие на мое место) кога би му го исфрлиле АД млекото и дали ми е паметно да го исфрлам или да продолжам а секако ќе јаде и кравјо млеко во градинка. Баш сум у збунка ХЕЛП мамички на рано тргнати деца во градинка.
Од 9 месеци е во градинка, 2 е сега уште пие ад. Дома освен за кафе, млеко не користиме. Се што конзумира од млеко е во градинка.
Не е секој ден млеко со бисквити, не е точно. Друго што би ти рекла е да не исфрлаш ад зошто они таму не пијат млеко, а штом пие само навечер ок сте си.
Ај просветлете ме. Есенски деца дали ви тргале во градинка на 1ипол кон 2години и во каква група биле, на која возраст биле другите другарчиња (2ра јасли или 1ва мала)?
Син ми во декември ќе полни 3 год . Сеуште пред спиење пие адд, околу 150-180 мл.,некогаш и помалку ,ама пие. Дома не давам друго млеко , мислам на тетрапак . Во градинка кај нас не им даваат млеко да пијат , освен пудинзи сутлијаш или тортиња што прават нели. Според мене нека си пие дома адд , ама воведи му го и кравјото колку да ти е воведено.
Во градинката каде што одеа моите деца, имаше две групи јасли, од 9-18 месеци и од 18-36 месеци. Од 3-4 години беа мала група, од 4-5 средна, од 5-6 голема група.
Сега во октомври ќе полни моето 2год, во прва мала е. Мислам дека родени 2022 се прва мала, 2023 во јасли.
Јас од Просветно дело порачувам и за моето и за подароци. На Ананас.мк мислам гледав исто интересни. Е сега фенси, зависи што е желбата. Нашето е од S-cool, така некако се викаше, издржа цела година во градинка и втората ќе го носи, перење во машина, влечкање насекаде со нас.
Многу им се мали порциите. Мојот е секогаш гладен кога го земам и секогаш носам нешто да јаде по пат инаку мене ќе ме изеде. И дома после си јаде стандардна порција ручек. Еднаш начекав ручек кога им носеа, мојот јаде 3 пати поголема порција дома. Доручек имаат лепче со нешто намачкано и чај, а дома за доручек јаде кришка ипол намачкана со крем сир, скоро две јајца и плус јогурт/кисело млеко. Ужинка имаат пола банана, а дома јаде цела банана, крекери, путер од кикирики и уште нешто ако си најде ќе си изеде. Затоа не се сомневам кога ми викаат дека јадел, а излегува гладен. Јаде се таму навистина, ама малку му е.
и мојата е гладна, ние живееме и подалеку, па знае и гужва во кола додека се возиме да не фати, јас ја научив опремена со храна да ја зимам и сега искача од врата и вика што купила мама денес? јаде цел пат до дома и после дома седнува да руча, а исто ми викаат дека се си јаде. мислам дека порциите им се мали
Малава што обично не јаде многу, кога ќе ми речат цел тањир изела, само превртувам очи, ко божем којзнае колку изела. Вака од око ќе речам околу 100-150г им е едно чиниче. Што за неа си е таман дека секако не јаде повеќе. Ама еве бебево јаде повеќе од тоа на 6мес. Кога ќе му дојде ред да иде во градинка, гарантирам дека ќе му е малку. Не знам зошто не им даваат втор тањир на тие што стварно убаво си јадат. Секако повеќето се како ќерката, што ни пола нема да изедат.
Мојов уште е на адаптација, некој ден не сакал ништо, следниот му дале една бисквита. Една. За од 8 до 12 да чека ручек. После ваљда пошто сметале дека нема да јаде на сите деца лепче со некој намаз на него суво. И после ми викаат јадеше од манџата. Нормално ќе јаде кога прегладнел. А ужинки вика дека немаат. Сериозно ли ова? Некако не ми е нормално . Еве и поголемиот во школо се жали дека не може да издржи од појадок до ручек без ужинка.
Кај нас во градинка даваат дупло на тие деца што си јадат, баш пред некој ден ми каќа учителкава дека мојот им викач уштеее и му давале.
Може малце јаде, а тие немаат време сите да ги најадат и така, дали самата јаде или и даваат, и мојот така вика јадев јас, но дома пак му давам да јаде оти си бара, знам дека малце има јадено. Само не му давам ништо по пат, му кажувам дома има јадење, ако излегуваме носам банана и нешто ќе му купам. По долги му пуштив и пижами долги.
Давај си АД до две години подобро е. Мене ме загрижува шо секој ден бисквити со млеко само му дават, а камо јајце, јогурт?