Ќе и носам овошје решив, ако е толку гладна ќе го јаде, од тоа нема зијан. Иначе сама јаде, претпоставувам ако треба и помагаат. Само што стигнавме денес изеде исто колку нас за ручек
Јас не сум во Мк ама ситуацијата е иста. Денес дури и воспитувачката ме праша, као загрижена, абе ми вика многу јаде, му давате дома доручек? Сакав да и кажам не е проблемот до нас, туку до вас со минијатурните порции. На 5 деца делат две банани. Денес побарал репете 4 пати од ручекот, значи 4. А дома јадеше кајгана и кришка леб со крем сир за доручек. И пак мртов гладен кога го земав.
За школо на внук ми во ранче ужинки му праќаат кроасанче некое нешто за до ручек. А за градинкава не ми е нормално види го менито мора да пишува ужинка.
Мајки дали во градинка може да ми го вратат детето ако истиот ден сабајле примил вакцина? Мора да прими последна доза ревакцина ,требаше мината недела ама имаше температура баш тогаш и сега веќе нема да ми го примат во градинка без неа. Е сега имам друг проблем немам кој да ми го чува имам здравствена ситуација фамилијарна ,нема да можам ни јас да бидам дома и морам од вакцина да го пуштам градинка па се прашував да не има такво правило некое
Ај пофали се кој го зеде. И јас треба да купувам. Се надевам. Уште не знам дали ќе ја примат во градинка, важно јас си го врзав во крпче дека од октомври ќе здивнам
Јас за поклон зимав сестре Мојата од Локо Кроко еден од пред 2 години уште го мкне секаде Ама имаат еден со Мини маус преубав во Просветно дело
Mom&babe, мене тие на трикси ми се најфенси,плус имаат комплети од иста колекција шише, чадор итн…има и во просветно дело, адидас имаа некои детски убави, офис плус.
Ne,jas mojata ja nosev posle primena vakcina mislam 2 pati otkako trgna vo gradinka. Im rekov ako kaci temp barajte me ama ne kaci nemase maka
Ќе видам после баш што пишува ако имаат ново истакнато. Во старото, пред да почне пишуваше најчесто сезонско овошје ама он вика само дента кога им даваат овошје за дома им дале одма после појадок (меки сливи и никој не јадел). Ќе ги прашам и учителките, сега дека други маки па ај оставив за друг ден За во школо идам сега да пишам во другата група. Инаку не било дозволено од дома, таков одговор добив од наставничката
Нормално дека не е дозволено од дома, ниту во градинка, ниту во школо. Сите јадат исто тој ден што има на мени. Што би било ако секој носи кроасанче, мафинче и сл., а другите деца го гледаат....Таа е причината поради тоа што не е дозволено. Порциите секаде се соодветно на возраста. Секако може и репете.
Па мене не ми е нормално да немаат никаква ужинка и воопшто овошје. Ни во градинка ниту училиште. Сакаш да кажеш дека и кај вас појадуваат во 8 и после ручаат во 12, измеѓу ништо?
На менито стои дека има ужинка, сезонско овошје (за градинка зборам), и секако дека им даваат. Во школо немаат. Појадуваат во 8, ручаат во 12. После имаат уште една ужинка крај 14.00 часот. Мислам дека е сосема во ред за таа возраст. Години наназат така функционира и ќе функционира. Сите живи и здрави.
Кај нас во 8 им е доручек после накај 9 ипол имаат овошје обавезно,во 11 ипол ручат манџа па спијат и пред да си одат во 2 ипол им даваат пудинг,банана, кроасанче итн.
Секаде е исто, во цела Македонија. Тоа е принципот на кој се функционира и мислам дека е сосема во ред.
Мене ми е океј,секако кога ја зимам од градинка дома си јаде ручек или и правам смути . Инаку воспитачката ни кажа дека може да носиме плазма, бисквитки,овошје..да се договараме родителите и да има за сите деца.Пример денес јас ке однесам кутија плазма ,друг ден нешто друго. Мене не ми е ок да пуштам само за ќерка ми кроасан или јадење а другите да гледаат. Ако носам непто,носам за сите деца.Нормално,со дозвола од воспитувачката.
Ама немаат. Тоа кажувам. Јадел суво лепче за појадок и тек за ручек. И да е со некој намаз сеедно. Мали се за без ужинка, без овошје па никако не ми е сфатливо. Настрана за во школо, се префрлив во соодветната тема за тоа
Во градинка имаат ужинка помеѓу доручек и ручек. Овошје некое, ама некои денови е само чај или сокче. Потоа имаат ручек и после ручек уште една ужинка. Овошје имаат обично за првата ужинка и еднаш неделно и втората ужинка е банана. Е сега рачунај дека овошјето се дели на повеќе деца, По пола банана од дете или ако е јаболко се лупи и се сече на парчиња и секое дете зема колку што сака. Ако не јаде не јаде и тоа е. Во градинката кај син ми менито за цел месец им беше истакнато на влезна врата. Плус ни го прати воспитувачката на Вибер. Во школо има доручек, ручек па ужинка. Ужинката им ја делат заедно со ручекот најчесто (како десерт им доаѓа). Измеѓу доручек и ручек на школо нема ништо зашто тоа веројатно би ја реметело наставата. Во школо менито го добивме во Вибер групата.