Немаат објавено за септември а во старите стои сезонско овошје. Ќе прашам после, да не биде недоразбирање. Иако голем е, се раскажува и повеќе пати ми рече во оваа градинка не даваат овошје,немаме ужинка
Во нашата градинка во поголемите групи има 2 ужинки овошје а кога беше во помалата јасли една ужинка им беше чај а едната кашичка. Вака некако изгледа менито, сеа дали се придржуваат 100% неам појма.
Во школо немаат ужинка меѓу оброците и тоа е ок, во школо се, не е нормално да се јаде постојано. Мене сега ми се допаѓа менито на децава во школо, 3 пати имаат овошје, 2 пати нешто благичко, следната недела обратно.
Еве го кашла ама лошо, ко пушач, седи дома. Крена малку и температура и седи дома. Сега нема тт, ама не ми е ок да оди таков. Големиот имаше некој вирус 3м кашлање, одеше. Ќе појдам до матичен после да видам што ќе рече, ако е последица од вирусот што го имаше ќе оди, ако не е заразен, зошто ни рекоа ќе кашла подолго.
Mozi neznam, sin mi trgna na 1g do 2g bese vo jasli posle 2g vo prva mala, kerkami trgna na 18m direkno vo prva mala...
Од матичен педијатар на детето барем во нашата градинка 8доручек околу 10ужинка 12 ручек накај 2ипол мислам уште една ужинка... така што се што се за земање после 14ч нормално е да им се јаде Моето уште пие само навечер ад
Почна да кашла не го пуштив еве два дена, само да се мачи, се преморува кога ќе се раскашла, а и намален му е апетитот така да барем ќе му давам за јадење повеќе нешто да касни. Кај нас знаат да кажат ако многу кашла од градинка, ќе речат пример не можи да спие кашла ептен. А и така е не можи да заспие од кашлица, друго е дома.
Здраво мајки,веќе 6 дена оди на градинка без проблем,3 дена ја оставам и на спиење . Си иди од градинка ,плаче се треска од земја првите 15 минути ,дрхти.И од кога тргна на градинка цела вечер плаче во сон,со солзи и се заликнува.Што може да е ? Плус кога ја земав вчера од градинка ми вика Мамо мене тепат во динката. Не верувам бидејки дете е ,сега ќе се служи со лаги а и мала е 2 ипол години. Што мислите вие ?
Дали со 2 дози дтп примаат во градинка, моето сега го примија во градинка, сега ке прими 2ра доза ДТП вакцина а трета после мин 6 месеци ке треба да ја прими.КАсними со вакцини од други причини, има 2 години.
Ќе испиташ подобро. Мојот секој стрес го рефлектира ноќе со врискање во сон. Дека ја удрило дете па дури и воспитувачка воопшто не ми е чудно. Види подобро што се случува. Јас сакам да прашам дали децата дома не кажуваат дека учителките им се дерат, ги кубат, влечат за уво... или за родителите тоа е нормално па не реагираат. #прашањакоимемачат
Зависи која возраст ти е детето. Ако е веќе од 4 години нагоре тоа е големо дете и знае да каже точно што и како било. Искрено и јас сум педагог па од секогас сум против на ударање на деца, но за жал во нашата група имавме негователка која пола група ја имаше удрено. Потоа ја преместија. Имаше деца кои сами си кажуваа, и моето исто беше од таа група шо си кажаа додека, имаше неколку деца кои беа исплашени да кажат. Искрено се надевам дека тие „методи“ нема никој веќе да ги користи затоа што децата таму треба да се згрижени, а не тепани,кубени за коса, штипени и сл.
Ама кога ја прашувам Кој те тепа ,децата ли? Вика не,тете ме тепа. После некое време ќе ја прашам пак исто и ќе рече Никој не ме тепа. Не знам стварно,не сум паметна... Знам дека децата најчесто на оваа возраст се учат да лажат,манипулираат ама оваа рипање,плачење,дрхтење во сон од коа тргна во градинка ме заплашува.
Мојов откако тргна во градинка на 2,5г се кажува во детали. Кажува и за него и за другите. Само тоа не не ми е јасно како не се превзема ништо против тоа. Инаку него го немаат удрено (да не се деси, не знам што би било) само една од друга група му се дерела Заќути, заќути додека плачел. Уште следниот ден кажав да не го носат таму веќе и сега засега немало проблем. Ама истата таа ја видов надвор со групата, се дереше премногу, ечеше цела населба од нејзе и едно дете пред мои очи го повлече за уво. А си кажува малиов дека гледа кубење посебно кога прават бељи.
Промените во сонот може да се резултат на адаптацијата. Свесно може да не покажува тага и слично, ама у спиење да. За тепањето не знам што да ти кажам, мене ми кажува до детал како се шлакаат со децата таму, така што ништо чудно и за дечињата да ти збори. @Minnie-e јас секогаш кога ја прашувам за негувателките, а си ја препрашувам од време на време, ми кажува дека ја гушкаат, бацуваат, ми покажува како ја скокоткале и слично.
Малку ми фалеше искрено. Од подалеку бев и они се движеа во спротивен правец ама цревата ми се превртеа. Се шокирав во моментот. Замисли како си дозволува да го направи тоа во јавност (а со нив заедно одеа и родители) што се случува внатре. Баш зашто беа присутни и родители го поставив прашањето дали реагираат.