Дете на 4г е големо и свесно за постапките. Разговарајте дека со сила повраќање нема да реши ништо, дека треба да оди во градинка зошто мама/тато мора на работа, секој има обврски во денот. На 4 години треба да разбере дека не може сакам/не сакам. Тоа е ако и вие сте доследни дека треба да оди.
Истакнат член Da sekako deka ne popushtame,ne ja zemav ona koga sakashe dojdov u vreme u koe e planirano ..mn e povrzana so mene za ovie 4 godini ne sme se odvoile .. prvo e dolgo ochekuvano i sega napravivme problem.. probuva da me ubeduva deka saka doma da sede ,ubavo i e tamu ama ona misle deka koga i da kaze jas ke dojdam da ja zemam. Se e ok koga razgovarame na se se soglasuva a tamu drugi raboti pravi i kazuva.
Ќе се навикне. Држете се само до тоа што сте кажале и ќе биде добро Децата се прилагодуваат, плус на 4г им е супер интересно во градинка, имаат активности, се дружат. Таман и ќе се навикне за школо. Земајте ја кога сте договорени, не порано и ќе види дека мора да седи. Син ми е скоро 5г. обожава да оди во градинка, па пак има денови кога ми вика ај да седам дома, не ми се оди. Му кажувам и мене не ми се оди на работа, ама морам и така си го сфаќа тоа како негова одговорност.
Нема да му даваат оброци со млеко, а тоа р скоро секој доручек. Ќе треба да праќаш јадење или ќе си јаде лепче.
Нормално е градинките да се бедни со играчки? И простор? И материјали? Просторот минијатурна соба. Играчки минимално, една кутија со коцки, една со неколку топки, една со колички и една со малечки разни. Ме фати такво бедно чувство, планирам секој месец да купувам и носам по нешто. Уште па на малава не и' верувавме на почетокот кога викаше нема играчки, мислевме се лигави.
Не знам каде сте. Кај ќерка ми е буквално 20кв просторија. И масички каде седат, јадат. И еден кружен тепих на кој си играат со играчки. Покрај ѕид, кујна, колички за пазарење, кукли нешто, кутија со коцки. Дали настрана има плус простор како складиште не знам, ова од врата што можам да видам. Генерално на малку ми личи. 1ва мала група.
И јас мислев така дека е, ама имаат уште една соба, бааш вчера вадеа нешто од таму. Кутии некои. Вајда исто е и кај вас
Јас прв пат влегов во новава занимална сега на родителска, 3 пати поголема им е од лани, огромна, играчки еден куп, дури и мини куклен театар имаат, а имаат во ходник поголем кога ги собираат повеќе групи, боље од игротека, јас да сум нема да сакам да излезам од таму, ама она пак не сака да оди, не и е до играчките . Мислам дека не играат толку со играчките, бар кај нас цело време има некоја активност ко што кажуваат, нешто ми викаше дека морала да праша пред да земе некоја играчка, пошто сигурно сака, е сега дали и дале или не не знам, сигурно не и дале ако правеле нешто друго. Пример во петок имаат музичко тогаш ги носат во друга просторија, имаат и некои дополнителни активности (ако ги пријавиш) балет, танц и сл. и тие им се во други простории, така што не ни остануваат на едно место. Сега е втора мала 3-4г.
Мојата е 3-4 група, тек и 3та недела, рано е да кажам за активностите, ама ептен бедно сопчето, најмала просторија била во целата градинка, наменета за 15 деца, а има 28. Мојава прво викаше нема играчки, сега вика не даваат децата играчки. Вчера сè ми стана јасно, кутрите се тепаат за играчка сигурно од што нема.
Имавте родителска, ако не сте имале, таму ќе ви кажат како им поминува ден. Лани имаше нешто како „отворен ден“ еднаш месечно и можеш да влезеш во занимална, да прашаш подетално за активности, за детето, онака дури и да поседиш да си направиш муабет. Нашата стара занимална исто беше малечка, е имавме среќа не одеа сите деца, баш така околу 25-6 пријавени, 15-16 одеа, ама пак беше убава да речам. Јас па некако мислам дека играчкиве најмал проблем им се, дома им е поубаво затоа не сакаат таму.
Имавме вчера, затоа сум малце шокирана. Во принцип пратат програма по закон, океј ми звучеше како им оди денот.
Кај моето дете минатата година кога бевме на родителска кажаа дека немаат многу играчки и ако сакаме можеме да донесеме. Оваа година ни кажаа дека имаат многу играчки што и се гледаше стварно. Ако сакате да носите прво прашајте ги учителките какви играчки би прифатиле. Сега исто така се собираат пари за помагала за оваа година,така да може и ќе набават.
Јас секоја година носам книги и играчки, иако во Аеродом имаат многу играчки и материјали за учење. Ама секако премногу играчки имаме дома, вака барем ќе ги користат повеќе деца. Учителката ептен се радува кога носам, посебно книги.
И јас кога завршивме во јасли однесов се, соодветно за возраста. Страв ме фати да не си познае нешто, за тоа чекав да заврши со таа занимална.
Мајки, после 4 дена адаптација, болен. Утре крвна слика ќе прсвам, нема ТТ, но растечен нос. Што давате за превентива? Инхалација, солен раствор и бејбивит капки дадов. дете е весело, освен што повеќе му се спие
Не би праела кс само за растечен нос, џабе малтретиранње на дете. Солен раствор,диво оригано или ацидосалус и зависи колкаво е за другото, ако е поголемко оперил септоназал, витамини можеш на било која возраст..
Колкаво е детенцето? Од што е болен, што му е? За растечен нос крвна слика? Не се малтретирај, нека си оди во градинка. Најважно е редовно да чистиш. Влечам со носко, прскам солен раствор, синомарин, лани сум ставала и диво оригано и ацидосалус некои мајки овде многу позитивни ефекти имаат од нив. Сум лепела лепенки навечер, ако не може да дише сум почнувала септаназал, сум мачкала под носе или во носе нешто локално. Повеќе течности, плус витамин ц сум давала, покрај редовните витамини. И инхалации кога беше помала и правев или со физиолошки или синомарин.