Прва мала ова? 2-3 години? Додуша ќерка нема ни две полни. Пак ќе речам, не сум прашала, ќе разговарам деновиве. Ама немаат пак ни споменато нешто такво да прават.
Ги ставаат на нокшир, да, мене многу ми помогнаа со одвикнување, додуша моево во јасли беше првата година, а тргна на две години во градинка. Со полни три беше во прва мала, и веќе беше одвикнат од пелени. Со големиот ми беше потешко, оти дома сама го одвикнував, а одеше директно во прва мала, со поголеми од него една година, немаше место со врсниците.
2 год и 2 месеци тргна во прва мала, мојот тогаш негде почна да кака на нокшир, после пак му ставав пелена, е кај нас па обратно, нејќеа да го слекуваат, ко имаше 2год и 5, 6 месеци почнав да му ваѓам пелена и за мочање и в градинка му кажав дека се одвикнува, и ми рекоја, а чекај тој мал е првото овие со полни 3 да ги одвикниме, па направив пауза јули и дома се одвикна, нејќев да го враќам назад, а тргнат процесот. Па така август продолжи без пелени во градинка. Различен пристап. Дури беше тие 4 месеци со пелени се случуваше какан да го земаме. 7 дена во градинка, денес дома, полн мрсули е, настинат е, среќа нема др симптоми, нема тт ама денес е неподнослив, само в раце сака и нон стоп течат мрсулите.
Мојата е 2 години и 2 месеци. Во јасли 2 мислам дека е. Така ми рекоа. Лани беше со тие до 2 години. А сега се во друга просторија мислам дека се само тие 2022 што се родени. Едните си останаа кај бебињата (2023). Тоа ваљда не е прва мала нели?
Не е. Има две групи јасли, од 9-18 месеци и од 18-24 (или 36) месеци, зависно од градинката. Кај што одеа моите деца , мала група беа сите деца со полни три или што ќе полнат три години. После беше средна 4-5 години, и голема 5 години.
Кај нас јасли е до 2 години, првата мала 2-3 години. Веројатно секоја градинка или во секој град различно. Во јасли се поголем дел од времето во креветчиња, во поголемава група пред спиење местат како монтажни, ниски креветчиња, остатокот е времето просторијата е за игри и активности.
Кај нас ова е прва мала, па има втора мала. Па после валда средна, голема или прва/втора голема . Ама јасли не е. Мојата е 2021 и лани беше во прва мала, не беше во јасли.
Сте имале ли искуство со дете кое не кажува во градинка за идење по вц? Дома нема проблем, излезени надвор исто ќе каже, кај и да сме, ќе стиска додека стигне до вц, како и да е, али во градинка не кажувал. Порано ги носеа почесто во вц, сега само пред заспивање, а он до тогаш мора барем 2-3 пати да се измочка и ќе си заврши работа во гаќички. Одамна е одвикнат, веќе 6 месеци, ниту еднаш не кажал таму дека му се иде во вц. Зборувам дома, џабе. Јас кога ќе го однесам во градинка ќе си отиде прво во вц, ќе се измочка, ќе се среди, па после влегува во соба. Можда со цел да издржи подолг период таму... Што знам веќе. Се отепав од зборење, нема ефект. Ова се случува цели 2 месеци.
Дали децава од градинка носат нови зборови, некни ни вика глуп еден, денес будала, некое дете зборувало, демек на друго дете ама не ми кажува за точно дали него така некој му вели, дали да реагирам, му реков глупости се то ништо не значи...
Да, секакви глупости среден прст од таму научи да ми покажува, па почна да кара/пцуе и такви сл работи секако дека ќе му велиш не вака, не така ама џабе, се се периоди, се поминува. Кај ќе реагираш, сите деца исто зборуваат, а и ние на нивна возраст такви сме биле, ако речиш нешто ,,срамно" леле како којзнае што си рекол Јас дежурна, малово прва настинка од градинка, вирусно било, со покачени леукоцити, грло црвено и го боли, се фаќа со рачињата на вратот, па ќе следиме, не даде ништо матичната, ама еве го почнува да кашла ларингитично
Не кажуваше ни мојот, па ги замолив воспитачките да му кажуваат да оди, исто беше и лани во школо, не сакаше, па со наставничката. Брзо се среди. Зборувај со нив, нека го однесат или нека му кажат да оди, доколку оди сам во вц, па ако само се прошетал го враќаа или му стоеја на глава за да заврши работа. Ставрно мојов ниту една пцовка или среден прст не научи во градинка, ниту некое вау однесување повторувал од друго дете. Јас и те како би реагирала, не не е нормално така да зборува дете во предшколска установа.
Очигледно да, зошто мојава од кога тргна пред неполн месец, од старт почна да вика "ти си глупава", и еве уште се објаснуваме така да не вика. А претходно никогаш тоа го нема кажано. А да не зборам и за други работи, скроз и' сменето однесувањето, многу е збесната, постојано квичи и се лигави. Знам дека се адаптира и процесира работи, ама некако малце почнав да се каам што почнавме да ја носиме.
Од градинка е се. Нас дома не смеј ништо да ни речи, еднаш му се опулив со свиткани веѓи и толку, моево е такво, мирен е, никогаш не било бесно дете, па со збор се разбира, едно од ретките е околу мене што така се разбира. Никогаш не е удрен ама строга бев секогаш. А глупава такви работи не зборувал никогаш, само пцовки, пи*ка едно време, среден прст и тоа. Што мене ми беше смешно од него такво нешто. Јакото беше (3 год имаше) иди и ми прај со показалецот хахаха, шо е то му велам, Глупости ми рече видел нешто не довидел, после научи дека со среден прст се прај Ама се поминува. По 2 недели толку.
Големото никогаш нема кажано нешто лошо од градинка, и сега во школо ако разбере нешто прво прашува дома. Ама ваљда е до детето и до тоа дека ние дома не употребуваме такви зборови.
Исто. Лани во дневен од поголемо детенце чул пцовка, па ја прашал наставничката што значи, ама сватил дека не е нешто убаво и нели правило е кој зборува глупости се кажува на наставничка да го казни
Мојов појма нема шо значи само ги повторува, пред ова викаше пи*Ку матер, тоа го снема некое време, сега друго, вика едно дете го кажува со име кое и не го сака многу зашто го тепал еднаш и ми покажа како го удрил, ако повторува насекое мојов дома ќе реагирам засега не му давам значење за да не се створи навика така да зборува па ќе видиме.
Кај нас на првава родителска минатата недела, воспитивачката отворено кажа, има деца што пцујат, обрнете внимание дома околу тоа. Така да, и тоа очекувам да чујам.