Децата и градинките

Дискусија во 'Дете' започната од coca, 23 декември 2009.

  1. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    7.243
    Допаѓања:
    24.695
    Пол:
    Женски
    Некој не знај што значи :D што е то пи*ка му велам? Незнам ми велеше, глупости се.
    Секоја недела ново имаше, ама среќа брзо му поминуваше. Прваче е сега веќе 2 год ништо не зборува така.
     
    На Erika.greeneyes му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Minnie-e

    Minnie-e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2011
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    7.642
    Пол:
    Женски
    Мојов пред некој ден го видов како му шепка на брат му дека ја видел д***ата на некое девојче од помалите.
    Одма го искарав дека не смее ни да кажува ни да гледа. Цел збунет ми вика ама јас се облекував а она седна да моча и јас ја видов. И нели ми викаш се да ти кажувам :tmi:
    Следно го искарав што барал во женско веце па ми рече дека заедничко било.
    Некако ми затвори уста, друг пат не гледај и не збори му реков (а што друго :drunk:).
    Во претходната градинка посебни беа вецињата па до сега не сме имале проблем.
     
  3. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.230
    Допаѓања:
    13.243
    Пол:
    Женски
    Ма нејќат, изговор ѝ е: јас 25 деца не можам да ги водам во вц. А до вчера ги водеше сите по 3 пати, сеа однеможе госпожата за едно дете да се позамара кога гледа дека си има проблем. Од тоа стискање сега си направи здравствени проблеми детето. Ќе правиме малку пауза, па здравје кога ќе го пуштам има да сржам оти веќе ми попуштија нервите од таа градинка.
    Скоро прашав дали гледаат да има некој проблем кај него, зашто дома и во градинка како да е различно дете, тие ќутат, збор не ми одговорија. Не ми е логично дете што дома знае да пее, да црта, да бои, кажува приказни и сл, во градинка на секоја активност неговиот цртеж стои празен. Тие никогаш не се кажале дека не сака да соработува. Скоро пратија видео сите деца играат, тој седи на столче. Реагирам, немало зошто да реагирам, тие не ги присилувале децата ако сами одбиваат да учествуваат. :^)
    Него секој ден го прашувам за градинка што работат, што учелеи сл, ќе каже само: Х ги кара децата, децата не се умни. Не ми е возможно ништо да не му остава впечаток. Како да ми е истрауматизирано детето или јас си праам филмови, не знам веќе.
     
    На lackygirl и MissChievous им се допаѓа ова.
  4. MikicaBt

    MikicaBt Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2019
    Пораки:
    1.344
    Допаѓања:
    1.469
    Пол:
    Женски
    Денес во градинката кај ќерка ми се појавило импетиго ..заразна болест, јас прв пат слушам за неа, некој искусрвонда не има?
     
  5. Lena0903

    Lena0903 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2023
    Пораки:
    132
    Допаѓања:
    452
    Пол:
    Женски
    Здраво мајки, минатата пролет го запишав детето во градинка, прво беше на адаптација, во ред беше сè, па ајде по 2-3 часа таму исто беше во ред. Болестите што го фаќаа само по два дена од одење во градинка, тој период го поминавме, два дена оди, две недели болен после, ама и тоа е донекаде вообичаено. Последниов месец како што оди во градинка, станува со плачење, прва помисла му е дека не сака да оди, плаче, ама се гледа дека не плаче од инает, туку такво тажно и панично плачење (не знам како точно да објаснам). Е, сега решив да го игнорирам плачењето и да му покажеме дека треба да оди и дека нема отстапување, мислејќи дека можеби му е и инает и разгалување. Но, денес јас на работа, ми ѕвонат за да ме известат дека се истурил од повраќање и дека му течело крв од носето, на база на стрес. И јас и сопругот на работа, сопругот не може баш туку-така да излезе без процедури од известувања, јас можам ама додека стигнам ќе поминеше многу време. Фала Богу, моја другарка што живее во наша близина отиде го зеде за да го однесе кај мајка ми. Детево уште еднаш дома повратило, стресено дека било во градинка. Вака не ни кажуваат дека нешто таму посебно се случува, во игрите учествува, зборува, се дружи, едукативните игри одлично ги сработува. Станува збор за 3,5 годишно дете. Ако јас, маж ми или мајка ми го прашаме за градинка, за тоа не му се зборува, и си кажува дека за тоа не сака да зборува. А, за други теми да зборува, уста не затвора. Ми се чини како траума да има од таа градинка. Му спомнав на маж ми да одиме на детски психолог, се мислиме да не е премногу мал (3,5), некој постручен во таа област може ќе успее да извлече некоја информација од него. Е, сега и детето е со изразена чувствителност. Па, би била благодарна за совет или насочување, или од искуство како сте го решиле тој проблем. Сепак, има денови кога мора да оди во градинка.
     
  6. Lisandra

    Lisandra Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2015
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    3.472
    Пол:
    Женски
    Во која градинка го носиш, од бт си? И шо значи тоа импетиго прв пат слушам.
     
  7. Lisandra

    Lisandra Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2015
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    3.472
    Пол:
    Женски
    Оти насила му даваат да јади ете затоа и иди до повраќање, јас би му кажала да јади колку шо сака тој и не набрзина туку полека да си јади, или види да не има некој вирус стомачен, па после следи со другово, јас би го оставила дома една недела и кога ќе види дека во градинка е интересно и таму ќе се дружи ќе посака сам да оди.
     
    На Lena0903 и Snowflake92 им се допаѓа ова.
  8. Lena0903

    Lena0903 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2023
    Пораки:
    132
    Допаѓања:
    452
    Пол:
    Женски
    Не е стомачен вирус, еве го дома весел, среќен, ништо нема.
     
    На Lisandra му/ѝ се допаѓа ова.
  9. unearthlysarah

    unearthlysarah Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2021
    Пораки:
    1.330
    Допаѓања:
    5.456
    Пол:
    Женски
    Внук ми имаше пред месец дена, по цело тело и на главата му се направија меури кои пукнаа и се направија ранички. Бактериска инфекција е иначе, ептен заразна. Знам пиеше антибиотик 10 дена, го мачкаа и прскаа со нешто и му ги покриваа раничките со гази. И татко му префати од него ама само две красти имаше.
     
    На MikicaBt му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Cherry79

    Cherry79 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 март 2021
    Пораки:
    1.224
    Допаѓања:
    1.745
    Пол:
    Женски
    Импетиго го предизвикува бактерија Staphylococcus aureus. Се појавуваат рани по тело. Се лечи со антибиотици орално и креми.
     
    На MikicaBt му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    5.208
    Допаѓања:
    10.660
    Пол:
    Женски
    Има ли промена на учителки, група откако се случува ова? Пред тоа без проблем одеше? Одеднаш створи одбивност?
    Ако е така јас не би го игнорирала ова, прво би пристапила до стручните служби во градинка, да се уврди дали има реален проблем. Не може дете пдеднаш да направи таков пресврт без причина
     
    На Lena0903 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    2.649
    Допаѓања:
    2.476
    Колку време е нормално да почне да јаде во градинка? Одбива да јаде, веќе 1 месец оди.
     
  13. Snowflake92

    Snowflake92 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    3.994
    Допаѓања:
    4.873
    Пол:
    Женски
    Една ипол година оди јаде само ако е таму една од учителките ,неа ако ја нема не јаде
     
    На velesanka му/ѝ се допаѓа ова.
  14. снежана2023

    снежана2023 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 мај 2023
    Пораки:
    1.945
    Допаѓања:
    1.560
    Пол:
    Женски
    Vo ovoj del nema drzavna gradinka?:wasntme:
     

    Прикачени фајлови:

    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. rarepearl

    rarepearl Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2022
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    117
    Пол:
    Женски
    кај bakery.. што пишува тука е срничка кллон калинка ржавна градинка, одма поззади тобако 2, или позади порта новата зграда кај тинекс, кис ми пекарата, спирит кафичот...
     
    На снежана2023 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    3.044
    Допаѓања:
    4.903
    Да ми каже некој како се одвива мочкање какање во градинка? Кога прашав разбрав како сите по ред во исто време да ги носат. Имаат тоалети баш спроти занималната ама не ги видов убаво. Во нокшири или на шољи ги ставаат? Откако тргна сега во септември се после градинка и се моча, еднаш по пат ја измочкав ама мн блиску живееме и обично трпи до дома. Е денес ми се измоча во лифт, цупкаше, цупкаше и не додржа, ама кога ја соблеков имаше и какано, беа како суви брбушки, ја прашувам вика сега се искакав, не во лифтот. Не знам може во моментот и се пуштило. Ама таму заради нешто не моча или не кажува не знам. Ќе ги прашам утре, ама ме интересира како се вообичаено организирани.
     
  17. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    6.499
    Допаѓања:
    32.834
    Пол:
    Женски
    Ќерка кажува кога и се моча и ја носат, на мали шољи мочкаат.
    И пред спиење сите ги носат, ама обично е со кажување на кој кога му се оди.
    Месец дена е во градинка без пелени, се нема вратено неизбришана до сега.
     
    На Mucika му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    3.044
    Допаѓања:
    4.903
    Значи сигурно не кажува, може само тогаш еднаш да моча и толку |( Ништо не ни кажува за градинка, уште ни е лута изгледа и појма немам што се дешава.
     
    На LiquidLuna му/ѝ се допаѓа ова.
  19. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    7.243
    Допаѓања:
    24.695
    Пол:
    Женски
    Мојот замина прваче и никогаш не кажа што правел таму.
    Иначе кај нас за мочање сите ги слекуваат и чекаат во ред :D имаат мали шолји и нокшири. Синко мој стегаше за какање таму, дома секој ден ко ќе си дојдеше прво какаше.
     
    На Mucika му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    3.044
    Допаѓања:
    4.903
    Како за се уста не затвара, а за таму е нема, не ми е јасно. И ај некако нешто ќе каже и после ќе смени мислење обратно ќе го каже. (facepalm)
     
    На lackygirl му/ѝ се допаѓа ова.